Тошковски: Најважно од сѐ е да се покаже одговорност преку дејствување - Канал 5

Тошковски: Најважно од сѐ е да се покаже одговорност преку дејствување

 Министерството за внатрешни работи (МВР) во соработка со надлежното Јавно обвинителство ја заврши првата фаза од истрагата за пожарот кој ја зафати дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Тошковски: Најважно од сѐ е да се покаже одговорност преку дејствување

Против 34 физички лица и три правни субјекти се поднесени кривични пријави за предизвикување општа опасност, додека едно лице е осомничено за примање поткуп, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

На денешната прес-конференција во МВР, Тошковски изјави дека оваа трагедија повикала на целосна мобилизација на институциите.

-Оваа трагедија повика на целосна мобилизација на сите институции. МВР ги активираше своите капацитети, од обезбедување на местото, евакуација на повредените, регулирање на сообраќај па сѐ до логистичка поддршка за нивниот транспорт и лекување. Над 250 беа брзо и безбедно транспортирани до болниците, а над сто надвор од државата. Веднаш беа изработени итни патни документи за повредените и за најблиските, рече тој.

Изрази благодарност до сите институции и сите оние кои учествуваа во овие напори и порача: „Македонија мора да победи во битката со системската корупција која одзеде 59 млади животи“.

-Кога се случи сето ова со болка во душата ветивме дека нема да има компромиси со правдата и ќе има брза и праведна истрага. Свесен сум и за сомнежот кој постои кај вас, знам дека досегашните искуства беа болни и загрижувачки и го оправдувам вашиот сомнеж, но нагласувам дека таа загриженост е непотребна и докажуваме преку нашите постапки дека има разлика и дека сме одлучни таа разлика да ја покажеме одговорно и посветено и свесни сме дека не смееме да ве разочараме, рече Тошковски.

Нагласи во овие моменти најважно од сѐ е да се покаже одговорност преку дејствување.

-Јас ја чувствувам мојата морална одговорност длабоко и искрено, но верувам дека во овие моменти е најважно да се покаже одговорност со дејствување. Затоа, останувам тука со истата решителност и посветеност, да ја водам оваа битка, ама до крај. И иднина кога ќе дојде денот мојата политичка кариера да заврши како и што почна, со љубов и лојалност кон државата, кон граѓаните и кон овие млади невини животи, со пример, доблест и чесност и верувам дека тоа ќе се препознае низ делата кои ќе ги оставиме зад себе, нагласи Тошковски.

Претходно денеска државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека со завршување на истрагата ќе се разјаснат сите околности и факти за причината за пожарот, кој го предизвикал, начинот на предизвикување и со кое пиротехничко средство.

Тој ова го посочи, одговарајќи на новинарски прашања денеска на прес-конференција на која објави дека за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани е отворена истражна постапка против 27 физички и три правни лица. Со ова, за пожарот во кој животот го загубија 59 лица, меѓу кои шест деца, вкупниот број на осомничени е 34 физички лица, откако вчера ОЈО отвори истражна постапка против седум полициски службеници од СВР Штип и ПСОН Кочани.

Тошковски најави измени во легислативата со забрана на употреба на пиротехнички средства во затворен простор

Владата има намера целосно да забрани употреба на пиротехнички средства во затворен простор. Службите во рамки на МВР се задолжени да изготват документација со која би се направиле измени на легислативата што го уредува тоа прашање. Тоа денеска пред медиумите го посочи министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Одговарајќи на прашања на новинарите, Тошковски истакна дека веднаш со почетокот на истрагата во врска со несреќата во дискотеката во Кочани службите во рамки на Министерството биле задолжени да изнајдат начин за забрана за употреба на такви пиротехнички средства во затворен простор.

Според она што го рече тој, посточеката легислатива што го уредува тоа прашање датира некаде од 60-те години на минатиот век така што, како што посочи, ќе се оди на донесување целосно нов закон.

Поради потребата од итност во уредувањето на тоа прашање, тој рече дека до донесувањето нов закон решение ќе се бара со измени на членови од постоечката легислатива.

- Во иднина ќе следи обновување со нов закон. Целокупниот законски текст поврзан со предметниот закон е при крај, но сега поради потребата од итност ќе се оди на директни измени на одредени членови на постоечкиот закон, дали ќе оди тоа праку Влада или преку некој пратеник во Собранието. Службите работат на предлог-законските измени и истите најбрзо што е можно ќе бидат ставени во процедсра. Интенција е на Владата да не се дозволи никогаш повеќе такви пиротехнички средства да бидат употребувани во затворен простор, рече Тошовски.

Фото: Сопруги на српски фудбалери го истакнаа деколтето?!

Поубавите половини на српските фудбалски ѕвезди,  Предраг Рајковиќ, Александар Митровиќ и на Зоран Бамби Тошиќ го „запалија“ интернетот!

Фото: Сопруги на српски фудбалери го истакнаа деколтето?!

Девојките и сопругите на скапоплатените фудбалери отсекогаш важеле за вистински убавици кои предизвикуваат воздишките меѓу мажите каде и да се појават.

Така е и со сопругите на српските спортисти кои речиси секојдневно ја креваат температурата на социјалните мрежи.

Деновиве на Инстаграм особено се активни поубавата половина на голманот на новиот шампион на Саудиска Арабија, Ал Итихад, Предраг Рајковиќ - Ана, сопругата на најдобриот стрелец во дресот на Србија, Александар Митровиќ - Кристина и избраничката на Зоран Бамби Тошиќ - Јована Гајиќ.

Во преден план на фотографиите се бујните гради и облини на овие убавици.

Кристијано Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот

Светската фудбалска ведета, Португалецот Кристијано Роналдо повторно е најплатениот светски спортист. 

Кристијано Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот

Португалскиот ас трета година по ред, а петти во кариерата е најплатениот спортист во светот со годишна плата од 275 милиони долари, објави магазинот Форбс.

На второ место на листата на најплатени спортисти на Планетата е американскиот кошаркар Стеф Кари од Голден Стејт Вориорс со 156 милиони долари, а трет е британскиот боксер Тајсон Фјури со 146 милиони долари.

Четвртото место го зазема НФЛ ѕвездата Дак Прескот со 137 милиони, додека аргентинскиот фудбалер Лионел Меси од третото падна на петтото со заработка од 135 милиони.

Најкорисниот кошаркар во НБА лигата, Србинот Никола Јокиќ е 41-ви со заработка од 57,6 милиони долари.

Фото: Сексапилна пејачка блеска во бикини!

Кој би рекол дека светската музичка ѕвезда Никол Шерцингер има 46 години.

Фото: Сексапилна пејачка блеска во бикини!

Најсексапилната пејачка во светот според нејзините милиони фанови, со нови фотки иако е длабоко влезена во петтата деценија од животот повторно покажа како блеска во бикини.

Никол уште еднаш ги почести своите фанови со атрактивен изглед во бикини.

По нејзиниот деби настап на овогодинешната Мет Гала, убавата Никол Шерцингер е на заслужен одмор.

Пејачката неодамна на Инстаграм објави жешки фотографии од уште пожешка плажа, а судејќи по објавата, таа ужива „за сите пари“.

притисни ентер