3Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“
МакедонијаТошковски: Најдобрите студенти треба да влезат во безбедносните институцииНие имаме многу добра соработка меѓу МВР и Факултетот, и таа е една од клучните соработки кои ги имаме со високообразовни институции.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави можност за потпишување меморандум за соработка на МВР со Факултетот за безбедност, но и останати факултети како Правниот, Економскиот...кои имаат допирни точки со областа на безбедноста, со цел на најдобрите студенти да им се овозможи влез во државните институции чиј делокруг на работа е безбедноста, кои, како што рече треба да бидат темел на една држава. -Ние имаме многу добра соработка меѓу МВР и Факултетот, и таа е една од клучните соработки кои ги имаме со високообразовни институции. Можам да најавам дека согласно новиот Закон за внатрешни работи ќе имаме можност со сите восокообразовни институции кои таргетираат во областа на безбедноста, а особено со Факултетот за безбедност Скопје да склучиме Меморандум за соработка со кој што најкавитетните кадри кои ќе произлезат оттаму, да влезат во рамки на безбедносните институции, таму каде им е местото, рече министерот Тошковски во воведното обраќање на 16-та меѓународна научна конференција на тема „Системска корупција - најголемата безбедносна закана: Безбедносно-стратешки пристапи за решавање на сложените предизвици“ што се одржува во Скопје. Тој изрази надеж дека оваа идеја ќе ја поддржат и останатите високообразовни институции како Правниот, Економскиот и други факултети кои ќе овозможат најквалитетните кадри да влезат во безбедносните институции. -На ваков начин ќе има можност најквалитетните студенти, оние кои дале максимум од себе во рамки на своето високо образование, доколку сакаат имаат желба да ги вклучиме во рамки на МВР, за почеток. Се надевам дека во иднина и останатите институции, кои имаат во својот домен одредени прашања оврзани со безбедноста, како АНБ, Царината... ќе го следат овој пример и ќе им дадат дополнителен мотив на студентите, особено најдобрите да бидат дел од овие институции, кои навистина би требало да преставуваат темел на една современа демократска и европска држава, истакна министерот Тошковски во обраќањето. Тој додаде дека оваа година, темата на конференцијата е многу актуелна и интересна во секое едно општество во особено на Балканот и истакна дека со дискусиите експертите ќе придонесат во можноста за справување со актуелните предизвици. Освен министерот Тошковски, предвиени се поздравни обраќања на проф. д-р Игор Неделковски, ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, и проф. д-р Јонче Ивановски, декан на Факултетот за безбедност - Скопје. На свеченото отворање излагање ќе имаат и експертите од областа - проф. д-р Миодраг Лабовиќ од Факултетот за безбедност - Скопје, проф. д-р Углеша Звекиќ, Глобална иницијатива против транснационалниот организиран криминал и проф. д-р Филип Ејдус од Факултет за политички науки - Белград. Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“Во пресрет на Светскиот ден на животните, во паркот „Македонија“ се одржа голема едукативно-забавна манифестација под мотото „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“, организирана од Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „Лајка“.Ова дружење привлече голем број граѓани со своите миленици, а главниот фокус беше ставен на подигнување на свеста за одговорното сопствеништво и хуманиот однос кон животните. Присутните имаа можност да добијат корисни совети од професионалци за тоа што значи вдомување и долгорочна грижа за едно животно, со акцент на соодветната здравствена нега, исхрана и условите неопходни за нивниот среќен живот. Едукативниот дел резултираше и со конкретен интерес кај граѓаните за вдомување на бездомни кучиња од стационарот. Во рамките на предвидените активности, свој уметнички придонес даде и истакнатиот сликар Живко Поповски - Цветин, кој инспириран од природата и животните сликаше пред присутните. -Љубовта кон животните е огледало на нашата хуманост и совест како општество. Со ова дружење сакавме да испратиме порака дека милениците не се само момент на радост, туку долгорочна обврска која бара посветеност и време. Ме радува фактот што сè повеќе граѓани покажуваат интерес за одговорно сопствеништво и за вдомување наместо купување. Општина Кисела Вода и понатаму останува посветена на хуманиот третман на животните и на подигнување на јавната свест преку вакви едукативни собири-истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска. Општина Кисела Вода упатува огромна благодарност до сите учесници и поддржувачи кои несебично помогнаа во успешната реализација: ветеринарната станица „Вет Тим“, груминг салоните „Grooming Twins“, „Shepa grooming“ и „Мое милениче“, како и пет-шоповите „Аба“ и „Пет Експерт“. Програмата продолжува и во вечерните часови. Со почеток од 19:00 часот, пред Домот на културата „Билјана Беличанец“ (кино “Киноверзум”), граѓаните и нивните миленици се поканети на бесплатна проекција на отворено на македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“, во соработка со Кино Балкан ДистрибуцијаТагови: Општина Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter