Судење за 13 полицаијци за „Пулс“: Влезната врата на дискотеката била целосно блокирана од заглавени лица
2Судење за 13 полицаијци за „Пулс“: Влезната врата на дискотеката била целосно блокирана од заглавени лица
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
МакедонијаТошковски на средба со генералниот директор за јавна безбедност на Австрија Франц РуфПродлабочување на полициската соработка во борбата против организираниот криминал и илегалната миграција.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со генералниот директор за јавна безбедност на Република Австрија, Франц Руф, на која беше потврдена одличната билатерална соработка и заедничката определба за нејзино натамошно унапредување, особено во справувањето со современите безбедносни предизвици. На средбата се разговараше за борбата против организираниот и прекуграничниот криминал, илегалната миграција, криумчарењето мигранти, трговијата со луѓе, тероризмот и сајбер-криминалот, со посебен акцент на навремената размена на оперативни информации, координираното постапување и зајакнувањето на капацитетите на полициските служби. Министерот Тошковски ја истакна важноста на партнерството со Австрија, како значаен и доверлив партнер на Македонија во справувањето со безбедносните предизвици кои ги надминуваат националните граници. Притоа, беше нагласена потребата од натамошно продлабочување на соработката преку конкретни активности, размена на искуства и унапредување на оперативните капацитети на македонската полиција. Соговорниците се осврнаа и на досегашната соработка во рамки на заедничките европски иницијативи и проекти, насочени кон јакнење на владеењето на правото, унапредување на истражните капацитети, борбата против организираниот криминал и корупцијата, како и подобрување на институционалните механизми за управување со миграцијата и граничната безбедност. Беше нагласено и значењето на заедничките обуки, експертската поддршка и размената на добри полициски практики. На крајот од средбата беше изразено заемно задоволство од досегашното партнерство и подготвеност за продолжување на интензивната соработка меѓу двете земји, со заедничка цел – поефикасно справување со безбедносните закани и поголема сигурност за граѓаните.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
МакедонијаПеттемина кандидати за шеф на ОЈО ГОКК ги претставија кандидатурите Петмина кандидати за едно од најважните обвинителски места во државата – челната позиција во ОЈО ГОКК. Сите најавуваат поефикасна борба против организираниот криминал и корупцијата, но со различни приоритети – од реорганизација на обвинителството и зајакнување на истрагите, до конфискација на незаконски стекнатиот имот и поголема одговорност за резултатите. На Фатон Азизи кој во моментов е обвинител во ова обвинителство во фокус му се истражниот центар, проактивно вклучување во предметите кои се наоѓаат на т.н црна листа и перењето пари во градежниот бизнис. ВЈО Трајче Пеливанов вели дека има јасна визија за обвинителство кое ќе постапува навремено, одговорно, професионално и независно. Обвинителката од скопското обвинителство Лидија Раичевиќ иако не презентираше конкретна програма пред членовите на Советото на јавни обвинители, рече дека ги нуди својата стручност и квалитет. Таа најавува проактивен пристап и бескомпромисна борба против криминалот. И обвинителката од ОЈО ГОКК Искра Хаџи Василева предлага промени во четири клучни области – поголема ефикасност, финансиски истраги и конфискација на имот, зајакнување на капацитетите и поголема транспарентност. Последен кандидат на листата е обвинителот од ВЈО Скопје Јован Цветановски акцентот го става на ефикасноста и завршницата на предметите. Според него, целта не е само да се отвораат истраги, туку тие да резултираат со правосилни пресуди и одземање на незаконски стекнатиот имот. Изборот на новиот шеф на ОЈО ГОКК кој ќе го наследи Ислам Абази ќе се спроведе на 28 октомври, со тајно и непосредно гласање. Право на глас имаат 188 јавни обвинители а Советот на јавните обвинители треба да го именува кандидатот што ќе добие најмногу гласови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСудење за 13 полицаијци за „Пулс“: Влезната врата на дискотеката била целосно блокирана од заглавени лицаПаунов, на судењето на 13 полициски службеници, обвинети за непостапување согласно акцискиот план во дискотеката „Пулс“, истакна дека дојавата за пожарот била примена во 2:35 часот од дежурниот на врски.Влезната врата на дискотеката „Пулс“ била целосно блокирана од заглавени лица, а за извлекување на едно лице во дел од случаите биле потребни најмалку две или три лица, вака сведочеше денеска пред судот пожарникарот Благојчо Паунов, кој бил дежурен во територијалната противпожарна единица Кочани ноќта на трагичниот пожар. Паунов, на судењето на 13 полициски службеници, обвинети за непостапување согласно акцискиот план во дискотеката „Пулс“, истакна дека дојавата за пожарот била примена во 2:35 часот од дежурниот на врски, по што првото противпожарно возило пристигнало пред објектот за околу пет минути. Тој објасни дека заедно со колегата веднаш започнале да извлекуваат луѓе, но уште при првиот обид сфатиле дека процесот ќе биде многу тежок и бавен и дека побарал помош од полициските службеници и од присутните цивили. По формирањето на мешани тимови составени од пожарникари, полицајци, обезбедување и цивили, започнало организирано извлекување на заглавените лица. – Од тој момент извлекувавме заедно. Некогаш со полицаец, некогаш со обезбедување, некогаш со цивилно лице. Рече Паунов. Родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ побараа ефикасна судска постапка, а одбраната да не ја одолговлекува постапката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГруби излегува од домашен притвор — се чека одлука за враќање на пасошотПоранешниот вицепремиер Артан Груби денеска излегува од домашен притвор, откако истече мерката што му ја одреди судот, а која најмногу може да трае до 60 дена согласно законот од нејзиното определување. Тој речиси осум месеци беше во домашен притвор, а од денеска движењето во државата повеќе не му е ограничено. Сè уште нема одлука за неговото барање за враќање на пасошот за кој понуди гаранција од околу 336.000 евра во недвижен имот. Адвокатот на Груби за Канал 5 кратко изјави дека го очекуваат решението од Кривичен за укинување на притворот во текот на денот. -Согласно последното решение за продолжување на куќен притвор истиот трае до 13.10. Подразбира дека од 13.10 притворот се смета за укинат. Очекуваме секако решение од судот во текот на денешниот ден – изјави адвокатот Ристески. Од Кривичен, минатата недела рекоа дека обвинителниот предлог по кој им се суди на Груби и на уште седуммина обвинети во предметот „Државна лотарија“ е поднесен на 13 август оваа година. Согласно членот 470 од Законот за кривична постапка, притворот што му е определен на ексвицепремиерот во конкретниот случај може да трае најдолго 60 дена од поднесувањето на обвинителниот предлог. По однос на понудената гаранција за мерката за претпазливост, од Кривичен рекоа дека е оформен предмет, кој е доставен на мислење до надлежното јавно обвинителство, а по добивањето на мислењето, Кривичниот совет ќе постапува по предлогот и ќе ја извести јавноста. Артан Груби е обвинет заедно со уште седум лица, меѓу кои и поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, за злоупотреба на службената положба во врска со набавката на ВЛТ-апарати за потребите на Лотарија. За ова дело е предвидена казна од една до пет години затвор. Поранешниниот вицепремиер, по повеќе од една година недостапност за органите на прогонот, во февруари годинава се врати во земјава и беше приведен на граничниот премин „Блаце“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook