Паника среде лет: Се заканувал со бомба, па се обидел да влезе во пилотската кабина, авионот итно приземјен (ВИДЕО)
1Паника среде лет: Се заканувал со бомба, па се обидел да влезе во пилотската кабина, авионот итно приземјен (ВИДЕО)
2Жена е прегазена за време на кражба на автомобил- разбојникот ја остави во критична состојба (ВИДЕО)
МакедонијаТошковски: МВР успешно го заокружи проектот со ОБСЕ за хибридно образованиеПолициски службеници од цела Македонија ќе имаат можност да ги користат придобивките од побрза, пофлексибилна и висококвалитетна обука по комплетирањето на новиот Систем за хибридно образование во рамките на МВР, со поддршка од Мисијата на ОБСЕ. Министерството за внатрешни работи денеска официјално го одбележа завршувањето на проектот „Градење на хибриден образовен систем во Министерството за внатрешни работи на Македонија“, со кој се поставуваат темелите на современ, одржлив и технолошки напреден систем за полициска обука, информираат од МВР. Проектот, реализиран во партнерство со Мисијата на ОБСЕ во Скопје и со финансиска поддршка од Сојузна Република Германија, Кралството Норвешка и дополнителни придонеси од Финска, во изминатите години овозможи суштинска трансформација на начинот на стручно усовршување и професионален развој во рамки на Министерството. Во рамки на проектот беше воспоставен модерен хибриден модел на образование кој комбинира дигитални алатки, современи дидактички методи и долгорочен пристап „обука на обучувачи“. Развиена е програма за хибридна обука, селектирани и обучени се национални обучувачи со високи дигитални и педагошки компетенции, воспоставен е Мултимедијален центар за обука во Тренинг центарот во Идризово, како и Систем за управување со учење (LMS) кој овозможува флексибилна и квалитетна едукација. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, обраќајќи се на завршниот настан, истакна дека овие резултати претставуваат јасен показател за институционална зрелост и определба за континуирано вложување во знаење и професионализација на полициската служба. Тој нагласи дека воспоставените капацитети отвораат можности за понатамошна соработка со меѓународните партнери и за активно вклучување во регионалните образовни мрежи, вклучително и Регионалната асоцијација на полициски академии и центри за обука од Југоисточна Европа. Министерството за внатрешни работи упати благодарност до Мисијата на ОБСЕ во Скопје, како и до меѓународните партнери за континуираната поддршка, нагласувајќи дека со овој проект не се става крај, туку се отвора ново поглавје во кое хибридното образование станува составен дел од секојдневното функционирање на Министерството и важна алатка за подготовка на полицијата за идните безбедносни предизвици. Како што соопштија од ОБСЕ во центарот на иницијативата е новиот Мултимедијален центар за обука при Центарот за обука Идризово како и онлајн-платформа за учење, која е лесна за користење, кои се целосно интегрирани во и управувани од страна на Министерството. Дополнително, 18 домашно обучени инструктори сега се опремени со знаење да дизајнираат и држат хибридни курсеви на долгорочна основа, водејќи сметка системот да продолжи да се развива одвнатре во самата институција. Во неговото обраќање на завршниот настан, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, ја истакна важноста на постојаната професионална едукација за градење модерна и професионална полициска служба. -Преку оваа соработка беше поставена основа за модерен и одржлив хибриден образовен систем: развиена е програма за хибридна обука, селектирани и обучени се обучувачи со високи дигитални компетенции, воспоставен е Мултимедијален центар за обука во Идризово, во вредност од околу 350 илјади евра, како и Систем за управување со учење (LMS) кој овозможува квалитетна и флексибилна едукација“, истакнал министерот Тошковски. Амбасадорот Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ја нагласи директната релевантност на проектот за граѓаните: „За ОБСЕ, овој проект отсекогаш бил инвестиција во луѓе. Подобра обука значи подобра служба. Преку инвестирање во национална експертиза и модерни алатки за учење, овој проект помага да се изградат сигурни полициски службеници, посилна доверба на јавноста и побезбедни заедници“, изјави амбасадорот Вал. Амбасадорката на Сојузна Република Германија во Северна Македонија, Петра Дрекслер, ја подвлече вредноста на силните партнерства при испорачувањето практични резултати кои носат придобивки и за институциите и за граѓаните. „Со водење сметка за безбедноста на јавноста, спроведувањето на законите и заштитата на основните права на сите граѓани, полиција која добро функционира ја зајакнува довербата во владеењето на правото и државата. Модерна и најнова обука е од суштинско значење за да се постигне ова. Сигурна сум дека нашата германска финансиска поддршка е вредна инвестиција благодарение на силно партнерство“, изјави амбасадорката Дрекслер. Покрај влијанието на национално ниво, проектот исто така ја поврзува Северна Македонија со регионалните мрежи за полициска обука, вклучително и здружението на полициски академии од Југоисточна Европа поддржано од ОБСЕ, со што се овозможува споделување искуства и кревање на професионалните стандарди во регионот. Мисијата на ОБСЕ во Скопје тесно работи со домашните и меѓународните партнери со цел да се зајакне полициското работење преку сеопфатен пристап. Покрај проектот за хибридна обука поддржан од Германија и Норвешка, Финска придонесе за подобрување на полициските простории во Битола и Струмица преку создавање побезбедни простори за интервјуа на жртви на насилство, вклучително и лица кои доживеале семејно и родово базирано насилство. Заедно, овие иницијативи покажуваат како силните партнерства може да испорачаат практични резултати кои ги зајакнуваат институциите и подобро им служат на граѓаните. Мисијата ќе продолжи да го поддржува Министерството во зајакнувањето на професионалните стандарди за полициско работење, придонесувајќи за побезбедни заедници и поподготвено полициско работење по мерка на граѓаните.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаЧетири мечки до смрт растргнале мајка и ќерка – со ДНК анализа е утврден ужасот на нападот Трагично пешачење во канадската покраина Британска Колумбија заврши со смртта на мајка и нејзината ќерка, кои беа нападнати од четири гризли мечки. Истражителите користеа ДНК анализа за да потврдат кои животни стојат зад ужасниот напад, а експертите се сомневаат дека жените биле плен, што го прави овој случај особено редок, објави Би-Би-Си. Џенифер Балкарас (48) и нејзината 20-годишна ќерка, Села Рид, отидоа на кратко попладневно пешачење на почетокот на ноември во областа Вајт Касл во западна Канада. Кога не се вратија дома, нивното семејство пријави дека се исчезнати. Потрагата заврши трагично. Телата, или поточно останките, на двете жени беа пронајдени во близина на планинарска патека, на околу 150 метри оддалеченост. По нападот, истражителите зедоа примероци од ДНК од животните за кои се сомневаше дека учествувале во трагедијата. Резултатите потврдија дека четири гризли мечки - возрасна женка и нејзините три младенчиња, стари околу една година, се одговорни за смртта на мајката и ќерката. Сите четири мечки подоцна беа еутанизирани за да се заштити јавноста, соопшти Службата за заштита на Британска Колумбија (BCCOS). Истрагата, исто така, откри особено вознемирувачка можност - дека нападот не бил резултат на изненадувачка средба или одбранбена реакција од страна на животните, туку дека мечките ги сметале жените за плен. „Нашата истрага, исто така, покажа дека ова веројатно бил предаторски напад, за кој можам да ви кажам дека е многу редок“, изјави инспекторот на BCCOS, Џеф Тајр, за АП. Експертите велат дека ваквите напади се исклучително невообичаени, бидејќи мечките генерално не напаѓаат луѓе за да ги јадат. Според проценките на Министерството за животна средина, земјиште и паркови на Британска Колумбија, во канадската покраина живеат помеѓу 10.000 и 13.000 гризли мечки. Видот е наведен како загрозен во покраината. Средбите меѓу луѓето и гризли мечките што завршуваат со напади се релативно ретки, но ризикот се зголемува кога луѓето го изненадуваат животното или кога тоа ги брани своите младенчиња или извор на храна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
СветПаника среде лет: Се заканувал со бомба, па се обидел да влезе во пилотската кабина, авионот итно приземјен (ВИДЕО)Дражавјанинот на Хондурас, Рони Александар Гомез-Алберто, кој двапати бил депортиран од Соединетите Американски Држави, бил уапсен откако наводно се обидел да влезе во пилотската кабина на авион на „Јунајтед ерлајнс“ и тврдел дека има бомба. Инцидентот се случил во понеделник вечерта за време на летот од Њуарк до Њу Орлеанс, а неговото однесување ги натерало пилотите да издадат предупредување за киднапирање, објави „Фокс њуз“. Летот 2174 безбедно слета на меѓународниот аеродром „Луис Армстронг“ во Њу Орлеанс, каде што го пречекала полицијата. Гомез-Алберто подоцна бил уапсен, а Министерството за внатрешна безбедност на САД потврдило дека е обвинет за обид за влегување во пилотската кабина. Според одделот, Службата за имиграција и царинска контрола (ICE) поднела барање за негово притворање по неговото апсење. „На 10 ноември 2026 година, ICE поднела барање за притворање на Рони Александар Гомез-Алберто, државјанин на Хондурас кој нелегално е присутен во Соединетите Американски Држави, откако се обидел да влезе во пилотската кабина за време на летот“, изјавил портпарол на Министерството за внатрешна безбедност за „Фокс њуз“. Според американските власти, Гомез-Алберто првпат бил уапсен во септември 2011 година откако нелегално ја преминал границата во близина на Ел Индио, Тексас. Тој бил повторно уапсен во октомври 2014 година, во близина на Колумбус, Ново Мексико. По двете апсења, тој бил депортиран од Соединетите Американски Држави. TERRIFYING MIDAIR SCARE: A twice-deported illegal immigrant allegedly claimed to have a bomb and tried to storm the cockpit of United Flight from Newark to New Orleans, triggering an in-flight hijacking alert. Authorities say Honduran national Rony Alexander Gomez-Alberto—previously deported in 2011 and 2014, then released by an immigration judge in 2020—was arrested upon landing and faces terrorizing and false arson charges. ICE has placed a detainer as federal investigators weigh additional charges. — FOX & Friends (@foxandfriends) November 11, 2026 Тој повторно бил уапсен од страна на Граничната патрола во 2019 година откако се обидел нелегално да влезе во земјата во близина на Сан Исидро, Калифорнија. Сепак, тој бил ослободен од притвор во јануари 2020 година откако судија за имиграција наредил негово ослободување во исчекување на постапката за депортација. Локалните медиуми, повикувајќи се на Канцеларијата на шерифот на округот Џеферсон, објавија дека осомничениот е обвинет и за пренесување лажни информации за планирано палење и терористичка закана, како и за нарушување на јавниот ред. Министерството за внатрешна безбедност конкретно изјави дека тој упатил закана со бомба за време на летот, што предизвикало тревога кај екипажот и патниците. Јунајтед ерлајнс потврди дека авионот слета безбедно и дека полициските сили го пречекале авионот по пристигнувањето. „Летот 2174 на „Јунајтед“ од Њуарк до Њу Орлеанс слета безбедно по инцидент во кој беше вклучен еден патник. Полицијата го пречека авионот по пристигнувањето“, соопшти компанијата. Авионот „Боинг 737 MAX 9“ превезуваше 46 патници и шест члена на екипажот. Портпаролот на Министерството за внатрешна безбедност изјави дека властите ќе продолжат да преземаат мерки против лицата кои се нелегално во Соединетите Држави и кои вршат кривични дела.Тагови: авион Бомба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЖена е прегазена за време на кражба на автомобил- разбојникот ја остави во критична состојба (ВИДЕО)Неидентификувана жена е сериозно повредена кога разбојник ја прегазил за време на кражба на автомобил во вторник наутро (10 ноември) во населбата Бара Фунда, во западниот дел на Сао Паоло. Таа претрпела тешка трауматска повреда на мозокот, морала да биде интубирана и била однесена во болницата Санта Каса. Безбедносна камера го снимила моментот кога осомничениот разбојник се приближил до жртвата, ја презел контролата врз автомобилот и ја прегазил додека бегал, објави „Глобо“. Злосторството се случило на улицата Хозе Крис, во близина на плоштадот Паскоал Мартинс и авенијата Маркес де Сао Висенте. Воената полиција била повикана околу 6:35 часот наутро. Видеото го прикажува разбојникот како се приближува до жената, која штотуку излегла од аптека и влегувала во својот автомобил. Mulher é atropelada por criminoso durante roubo de carro na Barra Funda, em SP; vítima está em estado grave https://t.co/1YgWxOzUul #g1 https://t.co/u3s3bC5oFw — g1 (@g1) November 10, 2026 Осомничениот ја преминува улицата и се крие зад дрвја, чекајќи жената да влезе во возилото. Потоа ѝ се приближува и седнува на задното седиште. Кога го забележува нападот, жената излегува од возилото. Разбојникот потоа седнува на возачкото седиште, но жртвата се обидува да го спречи грабежот. Следува физичка пресметка, при што мажот ја турка. Таа паѓа и ја удира со главата на земја. Потоа крадецот го става автомобилот во рикверц и ја удира со својот автомобил. Луѓето на блискиот паркинг се обидуваат да го спречат да избега, викајќи му да застане, но осомничениот успева да избега со автомобилот. Вработен на паркингот, кој бил сведок на инцидентот, рекол дека жената се обидела да ја зграби вратата од автомобилот за да го спречи крадецот да избега. „Таа се обидела да ја повлече вратата, но тој успеал да се врати во рикверц токму кога таа ја зграбила. Потоа била фрлена назад со сета сила, ја удрила главата и ја изгубила свеста“, рекол сведокот. Според него, луѓето на местото на настанот истрчале за да го спречат возачот да ја прегази жената. „Трчавме за да не ја прегази. Малку забавил, потоа малку забрзал и скршнал, но и покрај тоа, гумата сепак ја зафатила главата. Потоа продолжил да вози“, рекол сведокот. Жената била однесена во болница со тешка трауматска повреда на мозокот и крварење од увото. Таа мораше да биде интубирана пред да биде префрлена во болницата Санта Каса во Сао Паоло. До последното ажурирање, немаше информации за тоа каде се наоѓа крадецот и украдениот автомобил.Тагови: автомобил разбојник Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook