МакедонијаТошковски: МВР дејствува неселективно еднакво кон сите етникуми и навивачки групиСо прашања упатени до владините функционери, денеска во законодавниот дом се одржа 86. пленарна седница со единствена точка на дневен ред - поставување пратенички прашања. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во одговор на прашање од пратеничката на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Дијана Тоска, поврзано со националистичките навреди на навивачките групи за време на спортските натпревари, оцени дека доколку изминатите години било постапувано неселективно од страна на сите институции што имаат надлежност да констатираат и да реагираат соодветно на ваков тип предизвици, денеска немаше да сведочиме на повици за меѓуетничка омраза и насилство. - Гадно е чувството кога гледате спортски натпревар и една навивачка група кога навредува некој етникум во Македонија и обратно, кога друга навивачка група навредува, колне, пцуе, плука и така натаму, но, навистина, многу ми е криво што изминативе 20 и повеќе години додека сте партиципирале во власта, не сте сториле апсолутно ништо за денеска повторно да го имаме она што не сакаме да го гледаме, ниту слушаме, а се случува - рече Тошковски. Пратеничката од редовите на ДУИ, Тоска, се обрати до министерот Тошковски во врска со, како што рече, повикувањето на омраза и насилството на фудбалските натпревари посочувајќи на неодамнешен инцидент помеѓу навивачките групи на ФК „Вардар“ и ФК „Башкими“, каде што, според неа, биле упатувани антиалбански повици, а Федерацијата изрекла казна за ФК „Вардар“ - играње натпревар без публика. Според пратеничката од ДУИ, насилството и повикувањето на омраза на фудбалските натпревари станало пракса во државата и албанската заедница и нејзините клубови биле постојано навредувани, затоа побара од Тошковски да преземе конкретни мерки против националистичките навреди на стадионите. Тошковски, пак, во одговорот нагласи дека МВР дејствувало неселективно еднакво кон сите етникуми и навивачки групи и дека кривична постапка е поведувана против секого за кого биле обезбедени докази. Тој ја повика пратеничката од ДУИ да зазема еднаков став кон сите етникуми и навивачки групи, а не, како што рече, да биде само во одбрана на Албанците. - Доколку во минатото на провокации, незаконски дејства, фрлање и палење знамиња, дали се тоа македонски, албански, српски и така натаму, било одговорено од страна на институциите како што одговоривме ние минатата година, неселективно, и доколку истото ова го сторевте кога имаше натпревар, каде што други навивачки групи навредуваат некој етникум во Македонија, и го поставевте прашањето пред сите овде, и се боревте и за нив, и за Македонците, и за Србите, и за Ромите, и за Власите, и за Бошњаците, како што се борите за Албанците, верувајте ми дека денес немаше да сме оваа држава што сме. Не се гледа искреност во вашиот пристап - нагласи Тошковски. Пратеничката на ДУИ, Тоска, постави прашање и до министерот за правда Игор Филков во врска со петицијата на студентите на правните факултети, кои бараат правосудниот испит да може да го полагаат на албански јазик. Тоска оцени дека одбивањето да се дозволи полагање на испитот на албански јазик претставува повреда на Уставот и Законот за употреба на јазиците од 2018 година и дека тоа е „постојана тенденција за минимизирање на употребата на албанскиот јазик во институциите“. Во одговор на пратеничкото прашање министерот за правда Филков посочи дека правосудниот испит е стручен испит, а не управна постапка, поради што во моментот не постои можност за негово полагање на друг јазик, освен на македонски. Филков потенцира дека Венециската комисија дала негативно мислење на Законот за употреба на јазиците и дека до Уставниот суд се поднесени 13 иницијативи за оценување на уставноста и законитоста. - Во моментот можност за полагање на друг јазик, освен на македонски, не постои, затоа што правосудниот испит е стручен испит, не е управна постапка, а тоа вам ви е многу добро познато. Впрочем, и Венециската комисија има дадено негативно мислење на Законот за употреба на јазиците, а во моментот до Уставниот суд се поднесени 13 иницијативи за оценување на уставноста и законитоста - истакна Филков. Од собраниската говорница Филков покажа двојазично уверение потпишано од него, со кое демонстрира дека Министерството за правда издава двојазични документи на секој што тоа ќе го побара нагласувајќи дека „времето на националромантизам е завршено". - Требаше некое време да сфатам на што се должи оваа хистерија, која во изминатиот период беше продуцирана од страна на одредени политички партии, но по онаа епизода „Артан се враќа дома“ - нештата се многу појасни. Дали некој е националист или не говори ова уверение, кое е двојазично и потпишано од мене, овде лево долу - рече Филков.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 9. ноември 2026 година Дневен хороскоп за понеделник, 9. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Би можеле да се најдете на малечка вага меѓу чувствата и должностите. За среќа, набргу ќе го препознаете вистинскиот пат. Кариера Денеска не влегувајте во расправии, а доколку може, ниту разговарајте со шефовите , зашто тие ќе мислат едно , а вие сосема друго. Здравје и совет Обидете се да бидете полежерни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Некои денеска ќе ја покажат својата сентиментална нишка, а тоа малку ќе ја збуни личноста која ве сака. Таа ќе очекува да бидете поцврсти. Кариера Според вашите идеи би можело да се покрене еден проект , но во сето тоа има и доста заблуди. Здравје и совет Разделете ја реалноста од фантазијата. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Повторно ќе станете онаа позната заводлива личност , која предизвикува внимание каде и да се појави. Ќе проивлечете доста внимание на забавите што се пред вас. Кариера Ќе решавате мали финансиски проблеми и ќе најдете решение. Во нив ќе има и тактика и претприемништво во исто време. Здравје и совет Внимавајте на грлото. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Зближувањето со саканата личност дава резултати , па денеска ќе дадете се од себе така да остане. Кариера Малкумина ќе се решат да вложат средства во вашите напредни идеи , поради што се чувствувате по малку осамени. Здравје и совет Честопати сте пред своето време. Искористете ја предноста. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Колку ќе имате потреба за нежност, толку ќе имате и за грубости. Ќе бидете во подвоена состојба. Кариера Повеќето од работите што ќе ги преземете , ќе вродат со плод , а вие ќе имате многу причини за задоволство. Здравје и совет Бидете трпеливи во љубовта. Овен 21.3-20.4. Љубов Поради празнината што ја чувствувате , ќе се трудите да бидете што пољубезни , но ќе се препознае дека тоа не е природно. Кариера Во договорите и преговорите ќе бидете склони на другите да им го препуштите главниот збор , дури и тогаш кога ќе бидете во право. Здравје и совет Искреноста е доблест. Бик 21.4- 20.5. Љубов Тешко денеска ќе го разберете партнерот зашто кон вас ќе се однесува на моменти мирно , а на моменти налутено. Подгответе се за тоа. Кариера Она што сте го замислиле нема да се развива според планот. Потребно е поголемо разбирање за другите и почеток на сериозна соработка. Здравје и совет Бидете искрени кон себеси и кон другите. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Пред вас е прекрасен ден за секој вид дружење , воспоставување на нови контакти и за ширење на хоризонтите. Искористете го тоа. Кариера Доколку имате работа што вклучува односи со луѓе , ќе ви биде убаво. Во другите дејности ќе барате друштво. Здравје и совет Почитувајте ги другите. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе ги заборавите непотребните грижи и ќе се обидете да се концентрирате на она што мора да се решава во односите. Нема веќе да се збунувате. Кариера Вашиот позитивен став ќе ви донесе поен повеќе во договарањето на работите. Ќе го употребите и својот шарм. Здравје и совет Не сте на трка . Опуштете се. Лав 23.7-22.8. Љубов Посветеноста кон љубовните тајни ќе доведе до едно интересно откритие , кое ќе ве заинтригира. Кариера Во предложената работа со пријателите немојте да бидете попустливи , зашто и покрај добрите намери , ќе бидете во загуба. Здравје и совет Утре ќе биде сосема поинаку. Бидете трпеливи. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе се потпирате на вашето шесто чуло. Тоа ќе ве поттикнува за подобро да соработувате со другата страна. Кариера Ништо нема да ви биде премногу, нити премалку. Токму вие ќе бидете онаа личност , која работите ќе ги доведете во рамнотежа. Здравје и совет Понекогаш ви е од се преку глава. Поминете го денот осамени. Вага 24.9.-23.10 Љубов Пред вас е квалитетен ден во кој ќе ги игнорирате повремените мали нервози и со љубов ќе ги победувате. Кариера На цврстите темели вие почнувате да развивате нов долгорочен план на дејности кои имаат иднина. Здравје и совет Ја одржувате добрата форма.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија Љубомир Гајдов вечерва во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гостин ќе биде Љубомир ГајдовКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„На кавга со Иван“ - Слаѓана ТасеваВечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана ТасеваКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter