Тошковски: Може да се подобри поддршката за жртвите на семејно насилство, проблем е што тие ја повлекуваат изјавата во полиција - Канал 5

Тошковски: Може да се подобри поддршката за жртвите на семејно насилство, проблем е што тие ја повлекуваат изјавата во полиција

- Можам да претпоставам дека најголемиот дел се под притисок на насилникот и не можеме во никој случај да ја окривиме жртвата зошто ја повлекла изјавата што ја дала, но мораме да најдеме поефикасен одговор на ваквите случувања.

Тошковски: Може да се подобри поддршката за жртвите на семејно насилство, проблем е што тие ја повлекуваат изјавата во полиција

Еден од најголемите проблеми во случаите на семејно насилство е кога жртвата ја повлекува изјавата дадена пред полицијата, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски пред почетокот на тркалезната маса на тема „Предизвици во обезбедувањето поддршка и заштита на жртвите на насилство врз жени и семејно насилство“.

- Можам да претпоставам дека најголемиот дел се под притисок на насилникот и не можеме во никој случај да ја окривиме жртвата зошто ја повлекла изјавата што ја дала, но мораме да најдеме поефикасен одговор на ваквите случувања. Имаме во рамки на сегашната регулатива можности поефикасно да работиме како институции и затоа сме овде, и затоа ќе разговараме и ќе се координираме да најдеме решение 24/7 системот да одговори не само од аспект на МВР, туку од аспект на Центарот за социјални работи, од аспект на Јавно обвинителство, од аспект на Кривичен суд, на невладини организации, поддршка на жртвите, можам да кажам и од аспект на секој еден македонски граѓанин кој ќе констатира фактичка состојба каде имаме потенцијално семејно насилство да ја информира македонската полиција, да реагираме, рече Тошковски. Ја уверувам јавноста дека секој еден полицаец ќе даде максимум од себе за спречување на какво било насилство, особено насилство на малолетни деца, како и дека има многу чекори што треба да се подобрат, рече Тошковски.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со пријавата на семејно насилство во Кисела Вода синоќа каде бил испукан куршум, Тошковски рече дека бил информиран од началникот на СВР Скопје и дека потенцијалниот сторител е задржан во полициска станица и за него ќе се преземат дејствија согласно првичната фактичка состојба.

- Битно е дека во конкретната ситуација за среќа нема смртни последици, рече министерот за внатрешни работи додавајќи дека бил информиран оти синоќа имало уште еден случај на потенцијално семејно насилство и оти и во тој случај насилникот е задржан во полициска станица.

Тошковски вели дека ова е можеби поврзано со тоа што се случува во последно време жрвите да се охрабруваат што повеќе да пријавуваат семејно насилство или тоа што новинарите пишуваат повеќе за ваквите случаи.

- Сигурен сум дека јавното говорење за ваков тип на насилство и брзата интервенција од страна на сите учесници ќе дадат резултати. Ова е еден проблем што ја тишти македонската држава, проблем кој го имаме и за којшто ќе мора да се зборува гласно, ќе мора да се даде внимание од секој еден македонски граѓанин, особено од страна на институциите, се со цел да имаме подобар институционален одговор во иднина, максимално да ги искористиме нашите капацитети да не ни се случуваат вакви несакани настани. Денеска ќе подискутираме за овие несакани настани. Се надевам дека ќе донесеме заклучоци кои ќе бидат имплементирани во иднина за максимално брзо, но и максимално праведно да се постапи во секој еден конкретен случај, а притоа жртвата да биде навремено излолирана од страна на насилникот, изјави Тошковски.

Првичната тема што најави дека ќе ја отвори на Конференцијата по препорака на фелата е тоа како максимално брзо институциите да интеревенираат кон конкретен насилник, без оглед на тоа домот чиј е, и тој да биде најбзо што може изолиран, тргнат настрана, семејството да биде заштитетно особено децата, се со цел да немаме дополнителни несакани последици.

Конференцијата се одржува по настанот во понеделникот кога мајка заедно со нејзината ќерка падна од балкон од шест кат по што беше соопштено дека таа со години се соочувала со семејно насилство од својот сопруг кој е во притвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шефот на „Aston Martin“ за рачните менувачи: „Многу покомплицирано отколку што изгледа“

„Aston Martin Valiant“ беше претставен на саемот за автомобили во Монтереј оваа недела, а изјавата на извршниот директор на компанијата за инсталирање рачни менувачи во „Aston Martin“ привлече внимание.

Шефот на „Aston Martin“ за рачните менувачи: „Многу покомплицирано отколку што изгледа“

Извршниот директор на „Aston Martin“, Адриан Холмарк, објасни дека инсталирањето рачен менувач во модерен „Aston Martin“ е многу покомплицирано отколку што изгледа на прв поглед. Компанијата нудела рачни менувачи низ целата своја историја, но тие биле поврзани со постари архитектури на возила и електронски системи.

„Проблемот не е наоѓање рачен менувач, туку создавање електронски и адаптиран систем што може да работи со рачен менувач“, објасни Холмарк за „Road & Track“.

Голем дел од проблемот лежи токму во модерната електроника. Современите автомобили имаат сè поголем број системи за активна безбедност и помош на возачот, а некои од нив не се лесни за комбинирање со рачен менувач.

Холмарк особено ги издвои адаптивниот темпомат и системите за ублажување на последиците од судири. Според него, отстранувањето на овие функции или нивното прилагодување на рачниот менувач може да биде поскапо од развивањето на целосно нов рачен систем.

Сепак, примерите од други производители покажуваат дека не е технички невозможно да се комбинираат напредни системи за помош на возачот со рачен менувач. На пример, „Toyota GR86“ има адаптивен темпомат во сите верзии, додека „Honda Civic Type R“ исто така го има.

Затоа, останува уште едно важно прашање: дали развојот на таков систем е финансиски исплатлив?

Побарувачката за рачни менувачи повторно се зголеми меѓу ентузијастите, но тие сè уште претставуваат релативно мал дел од купувачите на скапи автомобили. Затоа, производителот мора да процени дали потенцијалната продажба ќе ги оправда трошоците за развој.

Холмарк, исто така, спомена интересно решение имплементирано од „Ferrari“ на „12Cilindri Manuale“. Иако автомобилот изгледа како да има класичен шестстепен мануелен менувач, тој всушност користи осумстепен менувач со двојна спојка, додека рачката на менувачот и педалата на спојката се дизајнирани да ја симулираат класичната конфигурација.

Според Холмарк, „Aston Martin“ потенцијално би можел да имплементира сличен концепт, но извршниот директор на компанијата досега одби да потврди дека такво решение е во фаза на изработка.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кинески роботи го срушија рекордот на Јусеин Болт: Трчаат 100 метри за помалку од 9,4 секунди (ВИДЕО)

Роботи се натпреваруваат на Светските игри за хуманоидни роботи во Пекинг, каде што веќе се соборени некои рекорди.

Кинески роботи го срушија рекордот на Јусеин Болт: Трчаат 100 метри за помалку од 9,4 секунди (ВИДЕО)

Кинески хуманоиден робот истрча 100 метри за 9,39 секунди во квалификациската трка на Светските игри за хуманоидни роботи во Пекинг, побрзо од светскиот рекорд за мажи што го држи легендарниот јамајкански спринтер Јусеин Болт.

Роботот „Тиангонг Ултра“, развиен од Центарот за иновации на хуманоидни роботи во Пекинг, ја освои квалификациската трка на отворањето на второто издание на игрите, соопштија организаторите.

Роботот го престигна роботот „Лајтнинг“ на производителот на паметни телефони „Хонор“ непосредно пред целта откако заостана на почетокот на трката. „Лајтнинг“ ја заврши трката за 9,47 секунди, исто така побрзо од рекордот од 9,58 секунди поставен од Болт на Светското првенство во атлетика во Берлин во 2009 година.

Двата роботи го немаа шармот на Болт; Тие се удриле челно во дебел душек дизајниран да ги запре, принудувајќи го „Тиангонг“ неконтролирано да се ниша во зоната за итни случаи, принудувајќи ги гледачите да се поместат. „Лајтнинг“ бил однесен на носилка откако се струполил на земја.

Резултатите, сепак, претставуваат огромно подобрување во однос на минатогодишните први Игри, кога „Тиангонг Ултра“ победи на 100 метри за 21,50 секунди. „Тиангонг“, исто така, победи на првиот полумаратон во светот со хуманоидни роботи, одржан во Пекинг минатата година.

Претходно, кинеските државни медиуми објавија дека „Лајтнинг“ ги истрчал 100 метри за 9,32 секунди во прелиминарниот тест, достигнувајќи максимална брзина од 14,5 метри во секунда.

„Лајтнинг“ го освои овогодинешниот хуманоиден полумаратон за време од 50 минути и 26 секунди, побрзо од светскиот рекорд за брзина на луѓето во елитните машки натпреварувања.

„Лајтнинг“ бил висок 1,69 метри за време на полумаратонот и имал нозе долги 95 сантиметри. Неговите истражувачи подоцна му ги продолжиле нозете за 10 сантиметри, на 1,05 метри, пред игрите.

Трката на 100 метри е една од 51 дисциплина на игрите, која вклучува и натпревари во фудбал, танц и индустриски задачи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран поканет да се приклучи на „исламското НАТО“

Саудиска Арабија, Турција и Пакистан го поканија Иран да се приклучи на новоформираниот пакт за одбрана во Мека, објави денес либанската телевизиска мрежа Ал-Мајадин, повикувајќи се на висок ирански функционер, Мехди Рахими.

Иран поканет да се приклучи на „исламското НАТО“

Рахими, директор на новинската агенција Ханех Мелат, поврзана со иранскиот парламент, изјави дека Иран добил покана да се приклучи на договорот во Мека и дека прашањето се разгледува.

Рахими рече дека земјите во регионот „се движат кон барање регионален безбедносен чадор“ и го нарече тоа победа за Иран, кој долго време го бара тоа.

Поканата сè уште не е официјално потврдена од Министерството за надворешни работи на Иран или од кој било од трите потписнички на договорот.

Спогодбата, потпишана овој месец, го воспоставува принципот на заемна одбрана, според кој нападот врз која било од трите земји би се сметал за напад врз сите нив.

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан го спореди механизмот со Член 5 од договорот за НАТО, но нагласи дека договорот не е насочен против Иран или против која било конкретна земја.

Државите потписнички на договорот веќе започнаа со развивање механизми за дипломатска и воена координација, вклучувајќи состаноци на министрите за надворешни работи и одбрана и воените команданти, заеднички вежби и соработка меѓу нивните одбранбени индустрии.

„Исламското НАТО“

Договорот од Мека беше потпишан на 7 август од страна на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф.

Договорот предвидува дека секој вооружен напад врз една од трите земји ќе се смета за напад врз сите потписнички, како и унапредување на сите аспекти на одбранбената соработка меѓу Саудиска Арабија, Турција и Пакистан.

Турција изјави дека алијансата би можела да се прошири за да вклучи дополнителни земји.

Египет е јавно споменат како можен кандидат за членство.

Иран досега реагираше на договорот со претпазливо одобрување.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, изјави на 10 август дека Техеран нема причина да биде загрижен за воспоставувањето на алијансата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер