Уставен го укина преименувањето на улици во Тетово: Антиалбанска одлука или политичка злоупотреба на јасен правен случај?
1Уставен го укина преименувањето на улици во Тетово: Антиалбанска одлука или политичка злоупотреба на јасен правен случај?
МакедонијаТошковски: Кривична пријава и отстранување од работното место за член на обезбедувањето на ГашиКривична пријава и отстранување од работното место за полицискиот службеник кој предизвика инцидент на Меѓународниот Аеродром Скопје, објави на својот профил на фејсбук, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластување и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против С. С., началник на Одделение за лично обезбедување на претседател на Собрание поради постоење основи на сомневање дека сторил кривично дело “Загрозување на сигурноста“ по член 144 од КЗ и кривично дело “Спречување службено лице во вршење службено дејствие“ по член 382 од КЗ. Пријавениот С.С. на ден 01.08.2024г. околу 10:30 часот на Меѓународен Аеродром Скопје на паркингот пред ВИП салонот пристигнал со возило со поставени ротациони светла, излегол од возилото и од појасот го извадил пиштолот, го репетирал и повторно го вратил во појасот, а на полицискиот службеник од ПС за ГП Меѓународен Аеродром Скопје кој извршувал работни задачи пред вратата на ВИП салонот му се обратил на висок тон, го турнал наназад со двете раце и заканувајќи му се го спречил полицискиот службеник како службено лице во извршување на неговите службени дејствија. Пријавениот С.С. бил испратен на Меѓународен Аеродром Скопје од страна на претседателот на Собрание со цел надминување на недоразбирањето кое настанало со претседателката на Косово во врска со безбедносните процедури за преглед на багаж и електронски уреди при летање со комерцијални летови. Потоа, заедно со уште двајца полициски службеници од Секторот за обезбедување на личности влегол во ВИП салонот и движејќи се во простории каде немал овластување за движење и престој, на присутните вработените на ТАВ-Скопје, полициски службеници од граничната полиција и Одделот за заштита на определени личности и објекти почнал да им се заканува по животот, водено барајќи да ја спроведе претседателката со возило до авионот. ОВККИПС согласно своите надлежности и овластувања ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полицискиот службеник С.С. и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место - суспензија до завршување на дисциплинската постапка, а против полициските службвеници С.Р. и Н.Б. ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина поради извршување на незаконита наредба, несовесно извршување на работни задачи и рушење на угледот на полицијата. Како министер, секогаш цврсто ќе се залагам за еднакво применување на законот за сите. Секој мора да го почитува законот, а особено полициските службеници мора да бидат пример за почитување на законите и професионалните стандарди, бидејќи нивната одговорност е клучна за одржување на довербата на јавноста во институциите, стои во објавата на Тошковски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУставен го укина преименувањето на улици во Тетово: Антиалбанска одлука или политичка злоупотреба на јасен правен случај?Наместо да го штитат албанскиот интерес, судиите Албанци во уставниот суд се занимаваат со дневна политика, реагира Општина Тетово по одлуката со која беше укинато премиенувањето на улиците во 2007 година. Оттаму велат дека албанските судии во Уставен не требало да дозволат отворање на постапката во време кога општината го финализира процесот на официјално преименување на улиците во градот бидејќи за претходното никогаш немало владина одлука. -Одлуката за преименување на улиците во Тетово никогаш не стана правосилна, бидејќи четирите влади во кои учествуваше ДУИ по 2007 година не ја усвоија како владина одлука. Поради тоа, овие имиња никогаш не беа евидентирани ниту во Катастарот, ниту во Централниот регистар.- Општина Тетово Во 2007 година десетина улици но и плоштадот добија нови имиња кога општината ја водеше ДУИ. Меѓу нив се: Плоштадот „Маршал Тито” преименуван во „Илирија“. Улицата „Маршал Тито“ преименувана во „Илирија“. Улицата „ЈНА“ преименувана во „Дервиш Цара“. Улицата „29 Ноември“ преименувана во „Мехмет Паша Дерала“. Улицата „Ленин“ преименувана во „Сами Фрашери“. Новите имиња беа испишани на табли а се користеле и во документи на општината, претпријатија и други фирми иако тогашната Влада предводена од ВМРО ДПМНЕ и ДПА не дала согласност. Локалните институции и по доаѓањето на Билал Касами од Вреди продолжиле да ги користат старите имиња. Но по иницијативата на општинската организација на Сојузот на борци, Уставен суд во март поведе постапка а пред неколку дена ја укина одлуката бидејќи е спротивна на Уставот и Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти. Значи дека општина Тетово ги преименувала улиците и плоштадот без претходна согласност од Влада. Во рамки на претходната постапка во четири наврати беше побарано од Општина Тетово да се достави целокупната документација, а притоа согласноста од Владата не беше доставена. Уставниот суд во три наврати се обрати и до Владата со барање за достава на бараната согласност, но истата не беше доставена, наведе Уставен кога изрази сомнеж дека овој законски услов е исполнет. Во меѓувреме Општина Тетово формираше работна група која работи на преименување на улиците во градот и процесот како што информираат е во финална фаза. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРазговорите за реконструкција ќе завршат викендот, најави МицкоскиДо викендот треба да се знаат новите имиња во владиниот кабинет, кажа премиерот Христијан Мицкоски кој не ја исклучува можноста и за промена на ресори во претстојната владина реконструкција. Тој вели дека првата фаза од разговорите со коалициските партнери поминала во конструктивен амбиент, а во наредниве денови ќе продолжат консултациите со коалициските партнери, по што ќе бидат соопштени конкретните решенија. Премиерот очекува до 1 јули списокот со новиот владин кабинет да се најде пред пратениците во Собранието. -Во првите разговори можам да кажам дека преовладува конструктивен амбиент. Во текот на оваа недела повторно ќе имаме средби, јас очекувам тие да бидат завршни, а во текот на викендот да се формализира сето тоа и со имиња и со останати специфики. Инаку да, постои опција и за промена на ресори, и за тоа е разговарано, изјави Мицкоски. Првичните разговори со ВРЕДИ и со ЗНАМ викендов се одвиваа зад затворени врати, а во интерес на процесот ниту премиерот Мицкоски ниту од власта не откриваат повеќе детали за суштината на разговорите и кои ресори ќе претрпат измени. И од Владата и од ВЛЕН велат дека процесот се уште е во рана фаза. Ставот на ЗНАМ е дека нивните кадри ревносно и одлично си ја вршат својата работа, и дека Димитриевски нема намера да се откаже ниту од Минчев ниту од Филков, иако за министерот за правда веќе подолг период се шпекулира дека му виси фотелјата на Илинденска. Неофицијално, Мицкоски ќе им се заблагодари на дел од министрите од ВМРО-ДПМНЕ, додека кај одредени ресори се можни рокади со коалициските партнери. Се споменуваат имињата на Ристовски, Љутков и Јаневска, како и нинистерот за земјодлество Трипуновски. Кај ВРЕДИ, по оставката на Фетаи и разидувањата со Лимани, можни се промени во ресорите и кадровски прераспределби, вклучително и рокада меѓу министрите Сали и Алиу доколку здравство остане кај Вреди, а овој ресор го мерка и ВМРО-ДПМНЕ. Во неофицијалните комбинаторики за тоа кој би се нашол на списокот на Мицкоски за кадровски промени на Илинденска досега не се споменуваат МВР, МНР, Министерството за транспорт, Одбрана, Финансии, Енергетика, Дигитална трансформација, Локална самоуправа. Собранискиот спикер Гаши на денешниот брифинг со новинарите кажа дека, штом го добие предлогот за реконструкција, ќе закаже собраниска седница во најкус можен рок. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Дефицитот ќе расте - Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?Министерката за финансии Кочоска го потврди она што СДСМ го зборува изминатиот период - во буџетот нема пари. Целокупниот буџетски дефицит планиран за цела година е веќе потрошен за само 6 месеци.Со ребалансот, како што најави Кочовска владата уште повеќе ќе го зголемува дефицитот. Ова е потврда на се што СДСМ говори. Ветуваа намелен буџетски дефицит, а го продлабочија уште на средина на годината Ова е врв на финансиска и фискална неодговорност, за што цената ќе ја платат граѓаните. Буџетот го претворија во приватна каса за своите криминални тендери. Продблачочувањето на дефицитот значи само едно - следуваат нови задолжувања кои ќе ги враќаат граѓаните преку повисоки камати, даноци, поскапи услуги. Ветуваа дека ќе го намалат јавниот долгот, а наместо тоа за две години го зголемија за над 2,5 милијарди, со што нивото на јавниот долг достигна скоро 11 милијарди евра. Вистината е дека овие пари не отидоа ниту за повисоки плати, ниту за мерки за граѓаните, ниту за компаниите, ниту за капитални инвестиции - завршија во криминалните партиски тендери на криминалната ВМРО. По две години, по сите триумфалистички изјави на ВМРО за наводен економски раст и успешни економски политики, денес вистината сите ја гледаат и чувствуваат. Со Мицкоски и ВМРО економијата оди кон пропаст. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55Регулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59
Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36