Тошковски: Извршени се претреси во Министерство за економија - Канал 5

Тошковски: Извршени се претреси во Министерство за економија

За случајот со пожарот во дискотеката во Кочани досега приведени се 18, а задржани се 16 лица.

Тошковски: Извршени се претреси во Министерство за економија

Вкупно се извршени разговори со 71 лице, од кои 42 во Скопје и 29 лица во Кочани. За 14 лица е изречена мерка притвор во траење од 48 часа.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска на прес-конференција во МВР, нагласи дека максимално се посветени на овој случај и дека се преземаат максимални чекори во насока на негово разрешување, посочувајќи дека се вршат претреси и сослушувања и дека клучното коешто го превземаат како дејствие „е утврдување на конкретни дејстивја на вината без оглед дали станува збор за сторување или за несторување“.

Претреси, рече Тошковски, извршени се на две лица, вработени во Министерство за економија, при што одземени се техничка опрема, документација, оружје, муниција, а денеска извршени се претреси и на службени простории кои се користат од државен советник во рамки на Министерство за економија. Претреси, исто така, извршени се и кај управителот и одговорното лице на дискотеката, а денеска полициски службеници од одделот за крим полиција и организиран криминал влегоа и во општината, каде, како што нагласи Тошковски, се преземаат мерки и активности за обезбедување на документација поврзана со дискотеката.

Досега, на 11 лица им е одредена мерка притвор за постоење на основано сомнение за сторени „тешки дела против општата сигурност“, додека на три лица име одреден притвор за „несовено работење“.

Тошковски, исто така, информира дека последното задржано лице се терети за „тешки дела против општата сигурност“ во врска со предизвикување на општа опасност, а истото е потписник на еден од потребните документи за ставање во функција на еден кабаре клуб.

- Постојат основи, кои што, одат во насока дека незаконито, паушално, без утврдување на фактичка состојба биле изготвувани круцијални документи, кои што биле предуслов во понатамошната постапка за ставање во функција за предметното кабаре, изјави Тошковски.

Прашан дали началникот на СВР Кочани бил меѓу лицата повикани на распит за случајот, Тошковски рече дека ниту тој, ниту началникот на ОВР Кочани ниту началникот на СВР Штип не се дел од лицата коишто биле предмет на распит.

- А да, точно е дека во рамки на МВР Одделот за внатрешна контрола врши темелна анализа на фактичката состојба која што е поврзана со кривично правниот настан и очекувајте во текот на наредните денови да ги споделиме сите поврзани информации со она коешто ќе биде утврдено од страна на Одделот за внатрешна контрола, изјави Тошковски.

Полицијата, нагласи Тошковски, вечерта постапувала по изготвен претходен план за контрола во врска со недозволена трговија со дрога и присуство на малолетници, а таква акција истата вечер имале и СВР Скопје, СВР Охрид и други СВР.

Прашан колку полицајци се опфатени со истрагата во внатрешна контрола на МВР и ЈО за гонење на органзииран криминал - Одделението специјализирано за полициски службенци, Тошковски рече дека работат координирано и во текот на наредните денови ќе информираат какви конкретни чекори ќе бидат преземени и против колку лица ќе биде утврдено одговорност ако биде утврдена одговорност.

Во врска со агенцијата за обезбедување на дискотеката, Тошковски рече дека во овој момент согласно информациите коишто ги има и оние коишто може да ги сподели со јавноста, постојат основи на сомнение дека управителот на подружницата заедно со дел од ангажираните лица имаат сторени одредени незаконитости коишто ќе бидат предмет на кривична постапка, поврзани со кривично правниот настан.

Прашан за кои дела се сомничи порашениот директор на Агенцијата за заштита и спасување, Беким Максути, Тошковски рече дека се проверуваат основи на сомнение за конкретни незаконитости при работењето на дел од директорите коишто да речеме дека имале одредени законски надлежности да преземат одредени дејствија во насока на констатирање на фактичка состојба поврзана со опасност од пожари.

- Од она коешто сум информиран досега, за лицето коешто напоменавте е изречен 48 часовен притвор. Работиме во соработка со ЈО, собираме докази, кога ќе дојде време ќе ве информираме конкретно за детали, изјави Тошковски.

Во однос на пиротехниката што се користела и дали се знае индивидуалната одговорност, Тошковски рече дека тоа ќе се утврди во текот на постапката.

Прашан дали и други поранешни градоначалници на општина Кочани биле повикани на разговор, Тошковски рече дека не може да одговори.

- Не би можел да одговорам на ова прашање, можеби се, можеби не се, не сум запознаен со тоа. И директорот на БЈБ и добар дел од структирите во рамки на МВР кои што се занимаваат со истраги моментално се во Кочани, така да, можеби доколку се утврдени одредени факти кои што треба да се расчистат, можеби и да се повикани, но ниту можам да потврдам, ниту да негирам, рече Тошковски.

Прашан за што се гонат екс министерот за економија и екс директорот на ДПИ – дали за сторување или за пропуштање да се направи нешто што е во нивна надлежност, Тошковски рече „за едниот со сигурност и за двете, за другиот не би можел да одговорам во оваа фаза на истрагата“.

Уживала во дворот, кога наеднаш дувнал силен ветер и покривот полетал кон неа (ВИДЕО)

Бил сосема обичен ден. Постара госпоѓа седела пред куќата, пиела кафе и се подготвувала за работа.

Уживала во дворот, кога наеднаш дувнал силен ветер и покривот полетал кон неа (ВИДЕО)

Имало многу за чистење во дворот, но прво таа се одморила. Сепак, нејзиното уживање кратко траело, бидејќи наеднаш започнала бура, објави Итемфикс.

Сè полета!

Сè во дворот одлетало и настанал хаос! А потоа ветрот го подигнал лимениот покрив кој паднал токму пред нозете на несреќната жена.

Имала неверојатна среќа и не била сериозно повредена. Единствено што таа морала да го среди настанатиот хаос.

Како изгледаше драматичниот настан, погледнете во продолжение:

Кина ги отфрли обвинувањата на Украина дека ја вооружува Русија: Политичка манипулација

Министерството за надворешни работи на Кина ги отфрли обвинувањата на Украина за вмешаност на кинески компании во производството на воена опрема за Русија, нарекувајќи ги „неосновани“.

Кина ги отфрли обвинувањата на Украина дека ја вооружува Русија: Политичка манипулација

Оваа изјава ја даде портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Гуо Џиакун како одговор на повикувањето на кинескиот амбасадор од страна на украинското МНР, пишува Укринформ, повикувајќи се на Глобал Тајмс.

„Веќе јасно ја кажавме позицијата на Кина за релевантните прашања. Кина цврсто се противи на неоснованите обвинувања и политичките манипулации“, рече портпаролот.

„Кинеските компании произведуваат оружје на руска територија“

Како што објави Укринформ, на 22 април, кинескиот амбасадор Ма Шенгкун беше повикан во украинското Министерство за надворешни работи поради наводи дека кинески државјани учествувале во борбите на страната на Русија и дека кинеските компании произведуваат оружје на руска територија.

Заменик министерот за надворешни работи Јевхен Перебинис за време на средбата истакна дека доказите за учеството на кинеските граѓани во војната против Украина, како и вмешаноста на кинески компании во военото производство во Русија, предизвикуваат сериозна загриженост и се во спротивност со духот на партнерството меѓу Украина и Кина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно на 7 април изјави дека Украина добила информации дека Кина и доставува оружје на Русија - конкретно барут и артилерија. Кина на 18 април одговори дека не испорачала смртоносно оружје на ниту една страна во војната.

Кинеското Министерство за надворешни работи уште еднаш ги отфрли сите обвинувања, нагласувајќи дека тие се политички мотивирани и неосновани.

Семејството на Фреди Меркјури во кавга со екс девојката- му ги продала работите (ВИДЕО)

Кашмира Булсара (73), сестра на легендарниот Фреди Меркјури (вистинско име Фарук Булсара), наводно е бесна на неговата поранешна девојка Мери Остин поради продажбата на личните работи на Фреди.

Семејството на Фреди Меркјури во кавга со екс девојката- му ги продала работите (ВИДЕО)

„Кашмира беше лута и вознемирена што виде толку многу предмети на нејзиниот сакан брат ставени на продажба од неговата поранешна девојка“, рекол извор близок до сестрата на Меркјури. Затоа Кашмира заедно со синот Џамал ​​Зук и личната асистентка тајно учествувале на аукцијата во Сотби, каде на крајот потрошила 3 ​​милиони фунти за некои од предметите, пишува The Sun.

„Одвоија огромен буџет“

„Одвоија огромен буџет, па всушност беа многу задоволни со конечната бројка, и покрај тоа што платија значително повеќе од проценетата цена за секој артикл. Се разбира, Кашмира цени колку Фреди беше обожаван ширум светот, но беше тажна од помислата дека некои од неговите сентиментални предмети нема да бидат со неговите најблиски“, рече изворот.

YouTube video

Меѓу предметите што наводно ги купила Кашмира се џубокс, елек со мачките на Фреди што музичарот го носел на снимањето на спотот за песната These Are The Days Of Our Lives и осум страници работни верзии на текстот на песната Killer Queen.

YouTube video

Врската на Фреди и Мери

Да се ​​потсетиме дека Мери и Фреди се запознале во 1970 година кога тој се преселил од родниот Занзибар во Лондон. Три години подоцна почнале да живеат заедно, но во 1976 година Фреди ѝ признал дека е геј, по што раскинале. Иако никогаш не се венчале и покрај неговата сексуална ориентација, Фреди во неколку наврати ја нарекувал Мери како негова сопруга. Тие останаа во добри односи до неговата смрт во 1991 година.

притисни ентер