Тошковски ги оцени обвинувањата за тендерите како обид за политичка конструкција - Канал 5

Тошковски ги оцени обвинувањата за тендерите како обид за политичка конструкција

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски попладнево преку објава на Фејсбук ги оценија како обид за политичка конструкција и дефокус од вистиските реформи обвинувањата од опозицијата за злоупотреба на тендери. 

Тошковски ги оцени обвинувањата за тендерите како обид за политичка конструкција

Во изминатите месеци, освен што бевме целосно посветени на немилосрдна борба со криминалот и корупцијата, борба која ја водиме без пардон, напорно работиме и да ги исчистиме нередот, негрижата и неправдите што беа оставени внатре во самото Министерство, токму од тие што денес најгласно нè напаѓаат.

И токму сега, кога конечно го враќаме достоинството на македонската полиција, чекор по чекор, со конкретни решенија, подобри услови, нови униформи и нова опрема, токму тие што ги оставија полицајците без униформи, принудени сами да си крпат, шијат или позајмуваат делови од пензионирани колеги имаат образ да зборуваат за наводни криминални тендери. Тие што молчеа додека системот се распаѓаше, денес глумат загриженост. Во својот очај, измислуваат лаги и се обидуваат да фрлат сенка врз сè што конечно се движи напред, затоа што знаат дека времето на неказнивост, хаос и наместени тендери ЗАВРШИ.

Во однос на обвинувањата поврзани со тендерот за набавка на униформи за специјалните единици, важно е граѓаните да ги знаат фактите, јасно, прецизно и без политички манипулации. Најпрво, важно е да се истакне дека МВР нема склучено договор за директна, еднократна исплата на наведената сума одеднаш, туку склучена е рамковна спогодба која претставува максимална вредност за набавки во наредните три години. Разликата е клучна, самата рамковна спогодба не предизвикува директна финансиска обврска за Министерството, односно финансиски обврски се преземаат само кога ќе има реална потреба и се склучуваат посебни, поединечни договори за конкретни нарачки, со динамика на испорака според потребите.

Исто така, една од главните „замерки“ е зошто не се барало долгогодишно искуство или поголем број вработени. Нашата логика е јасна и е исклучиво во интерес на државата, а тоа е поттикнување на конкуренцијата и фер пристап. Премногу строги критериуми често ги елиминираат малите и средни претпријатија, кои во Македонија се најконкурентни и често можат да понудат најдобри цени. Наша цел е да добиеме најдобар квалитет по најповолна цена, а тоа го постигнуваме со овозможување на поширок круг на понудувачи. Законот за јавни набавки не предвидува исклучување на фирма само поради тоа што е новорегистрирана или има помал број вработени и ние целосно постапуваме согласно неговите одредби.

Наместо само на историјат на понудувачите, ние се фокусиравме на она што е најважно, реалниот квалитет на производот. Затоа, клучните услови беа задолжителна достава на мостри и лабораториски анализи. Секој понудувач мораше да достави примероци од униформите и делови од униформа, а мострите беа предмет на лабораториски анализи и испитувања од независни акредитирани лаборатории. Важно е да се нагласи и дека техничките спецификации за униформите и нивните делови се уредени со Правилник кој е јавно објавен во Службен весник. Тоа значи дека тие се стандардизирани и нема можност за какво било влијание врз нивната содржина, што обезбедува еднаков пристап за сите економски оператори.

Покрај квалитетот, клучен фактор е и цената. Анализата покажа дека разликата помеѓу највисоката и најниската понудена цена во постапката е 14,4% за дел 1 и 27,9% за дел 2 од набавката, што ја потврдува конкурентноста на тендерот и добиените поволни цени. За да се обезбеди дополнителна сигурност, за секоја поединечна нарачка се бара банкарска гаранција од 5% од износот на таа конкретна нарачка. Ова е дополнителен механизам за заштита на буџетските средства и осигурување на квалитетот и навремената испорака. Целата постапка беше максимално транспарентна, со продолжување на рокот за поднесување понуди, од 32 на 55 дена, за да се обезбеди фер шанса за сите. Дополнително, постапката беше предмет на задолжителна управна контрола од Бирото за јавни набавки, при што не беа најдени никакви неправилности.

Јасно е дека нападите кои се шират овие денови не се резултат на вистинска загриженост за законитоста, туку обид за политичка конструкција и дефокус од вистинските реформи. Наместо идеи и решенија, повторно гледаме координирани напади, дезинформации и обвинувања без основа, сè со цел да се фрли сенка врз процеси кои за првпат се водат со целосна транспарентност и отчетност. Кога СДСМ и Левица, партии со спротивставени реторики и интереси, ќе се најдат на иста страна, тоа не е коинциденција, туку потврда дека сме на прав пат.

МВР под мое раководство ќе продолжи да работи професионално, отчетно и во целосна согласност со законите, со јасен фокус на безбедноста и градењето систем што ќе обезбеди ред, сигурност и доверба во институциите, стои во објавата на министерот Панче Тошковски на Фејсбук.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сидни Свини никогаш по провокативна

Жежок спектакл со  една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.

Фото:  Сидни Свини никогаш по провокативна

Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание.

Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција.

Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд.

Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време.

„Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ  – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници.

Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови.

На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето.

Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги.

Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира.

Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. 

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност.

Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка.

Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време.

По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата.

Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата.

Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер