3Нови 560 квадрати училишен простор: Напредува доградбата на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ во Кисела Вода
3Меси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!
Во гаража го направиле најширокиот автомобил на светот- полицијата не можела да му напише казна (ВИДЕО)
1Во гаража го направиле најширокиот автомобил на светот- полицијата не можела да му напише казна (ВИДЕО)
МакедонијаТошковски: Бектеши е се уште во полициска станица, ќе има одговорностНадлежните институции сѐ уште го вршат увидот за пожарот, а сите осомничени лица за овој настан се во притвор, досега 11 лица откри министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој најави и нови приведувања. Пиротехниката во дискотеката како што кажа тој била на бендот, а концертот бил одржан на „диво“. Информираше и дека екс министерот за економија Бектеши се уште е во полициска станица. Поради корупцијата и криминалот ги губиме животите на нашите деца. Или одлучно и системски ќе смениме нешто во оваа држава или ќе ја немаме. Мора да покажеме свесност и одлучност во спроведувањето на сите постапки кои сега треба да се преземат. Ќе одговара секој што има директна или индиректна вина поврзана со овој кривично-правен настан, порача денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски откако ги соопшти најновите информации во врска со трагедијата во дискотеката во Кочани. Тошковски истакна дека за целиот случај се осомничени повеќе од 22 - 23 лица. Приведени се пет лица на територијата на СВР Скопје и СВР Тетово, меѓу кои и поранешен министер, како и 13 лица на подрачјето на СВР Штип од кои 11 се во краткотраен притвор од 48 часа. Како што рече министерот, дискотеката не само што немала соодветна лиценца, туку работела во објект чија намена е лесна индустрија, а не угостителство. Тошковски најави дека во текот на денов, по наредба на јавен обвинител, ќе се врши претрес во домот и патничкото возило на сопственикот на дискотеката и во службените простории на книговодственото биро кај одговорносто лице, а ќе бидат приведени и голем број лица од различни институции, меѓу кои и МВР. При извршени претреси, пак, во дом и службени простории на две лица од Министерството за економија, напомена министерот, се одземени техничка опрема, документација, оружје, муниција,... - Македонија нема систем, корупција и криминал го уништија системот. Ситуацијата е алармантна Јас ова го зборувам една година и една година со својот тим секојдневно, макотрпно се борам да создадам систем. Што и да чепнеме, каде и да копнеме е труло. Мора да преземеме радикални чекори за нормализирање на државата ако сакаме да ја имаме и го правиме тоа. Се ќе направиме што е потребно за да ја нормализираме државата. Конкретно за дискотеката, ако мене ме прашате, е штала и така функционирала 15 години, со криминал, корупција, со потплатување, со мито и незакоснки, без никакви услови, ништо не исполнувала од тоа што требало. Утврдена е катастрофа, утврден е ужас, подвлече Тошковски. Според министерот, во текот на вчерашниот ден се приведени 13 лица во СВР Штип - сопственик на објектот на дискотеката, неформален сопственик на дискотеката, продавачот на влезници, четири лица од обезбедување, управител на агенција за обезбедување на подружница, три лица од Државен пазарен инспекторат и едно од Инспекторатот за труд, како и уште едно лице поврзано со настанот. Тошковски е дециден дека МВР не било известено од организаторите или кој било друг дека ќе се одржува таков настан во дискотеката во Кочани, ниту МВР, напомена, има обврска да врши постојано обезбедување пред секој угостителски објект. МВР, потенцира Тошковски, не дава ниту одобрение за одржување настани од каков било карактер и обем, туку само ја следи сосотојбата и презема активности за одржување на ред и мир ако настанот не е пријавен во надлежна полициска станица. Согласно законските прописи, за настанот морало, но не била пријавена количината на пиротехнички средства во СВР. Полицискиот службеник, пак, кој беше обвинуван од дел од јавноста дека требал да го прекине концертот, влегувал и излегувал во објектот, рече Тошковски, обидувајќи се да им помогне на присутните да излезат и притоа загинал. -Од увидот извршен вчера, констатирани се низа неправилности во рамки на објектот што бил користен како дискотека. Дискотеката, не само што немала соодветна лиценца, туку работела во објект чиј намена е лесна индустрија, а не угостителство. Прекршени се повеќе стандарди кои се косат со правилата за противпожарна заштита. За цел клуб имало само два ПП апарати, немало излезни врати за евакуација, коцертот бил одржан „на диво“ зашто немало писмен договор меѓу организаторот и изведувачите. Пиротехничките средства кои беа причина за пожарот, ги донел бендот ДНК и тие биле користени противзаконски, информира Тошковски. Тој констатира дека Македонија нема систем со утврдени правила на игра норамални за превенирање ваков ужасен, немил настан. -Има системски слабости кои не вршат правилна и потребна контрола за да се создадат предуслови за нормални ивенти, особен од ваков тип. Поради тоа, во сите дискотеки во Македонија во наредниот период ќе бидат спроведени темелни инспекциски контроли кои ќе треба да ги извадат на површина сите незаконитости и неправилности, како и системски пропусти, потенцира министерот. Во однос на дискотеката, повтори дека правното лице немало лиценца за работа, сопственикот при контрола приложил фалсификувана лиценца од 13 март 2024 година. На новинарско прашање дали чувствува морална одговорност и размислува за оставка, тој кажа дека на ова вчера одговорил. -Навистина не гледам дека има некој во Македонија кој не би требало да чувствува морална одговорност за ваква работа, особено некој што вршел државна функција изминативе 30 и повеќе години. Ако има минимум доблест и морал кај некој човек, треба да чувствува морална одговорност, рече Тошковски и ги замоли медиумите да дозволат истрагата да се води темелно зашто доказите се премногу обемни.Тагови: кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалГранит Џака е осуден поради лажен сертификат за ковид вакцинаНа капитенот на швајцарската фудбалска репрезентација, Гранит Џака, му е изречена условна парична казна од 150.000 швајцарски франци поради набавка на лажен ковид-сертификат. Одлуката е донесена од Јавното обвинителство во Луцерн, а Џака јавно потврди дека ја прифаќа казната и ја презема одговорноста за своите постапки. Казната е одредена во висина од 50 дневни износи по 3.000 швајцарски франци, со условен период од две години. Тоа значи дека фудбалерот нема да мора да ја плати сумата од 150.000 франци, под услов да не стори друго кривично дело во наредните 24 месеци. Тој веќе ги подмирил судските трошоци. По завршувањето на постапката, швајцарскиот репрезентативец се огласи на социјалните мрежи за да ги потврди деталите од одлуката на обвинителот. „Пред неколку недели лично се огласив овде и изјавив дека ја преземам одговорноста за мојата одлука. Стојам зад тоа. Откако дадов целосен исказ пред јавното обвинителство, обвинителот сега донесе одлука“, изјави Џака. Потоа ја објасни казната што му беше изречена. „Со казнен налог, бев осуден за прибавување лажна потврда и добив условна парична казна во висина од 50 дневни износи по 3.000 швајцарски франци, со двегодишен пробен период. Тоа значи дека казната нема да се изврши освен ако не сторам ново кривично дело во тој период. Веќе ги платив процедуралните трошоци. Ја прифаќам одлуката и ја преземам одговорноста“, рече фудбалерот. Тој исто така им се заблагодари на сите што го поддржуваа во изминатите неколку недели. „Ви благодарам за бројните пораки за поддршка во последните неколку недели. Тие многу ми значат“, додаде тој. Скандалот излезе на виделина во средината на септември, кога швајцарскиот весник „Блик“ (Blick) објави дека е покрената истрага против Џака. Неколку дена подоцна, фудбалерот призна дека во 2022 година прибавил лажна ковид-потврда.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Уште еден Спутник, Српска лига на далечинско, конгрес без членовиСаша Богдановиќ држи прв изборен конгрес на здружение Српска лига. Најавено уште во март. Сега, кога арамијата бара алиби за избори, сателитот добива датум.Во Орбан–Вучиќ медиумите го продаваат како поранешен функционер на СДСМ. Градоначалник на Центар, 2017 година. Намерно се прескокнува ЗНАМ, прва верзија. Екипата што ја делеше партијата, заедно со Максо. Прво партијата. Потоа гласачите. Сега нова фирма. Помлада верзија на Стоилковиќ. И полоша. Неспособен оперативец, со години на услуга на српската БИА. Кога на јавноста ѝ е јасно дека министерот работи српско-руско-кинеска агенда, треба нова верзија да ги собере гласовите што Стоилковиќ ги губи. Иста матрица како Српската лига во Србија: еден човек, членовите не се гледаат. Лигата таму излезе од проруски ориентирани фашисти, претходно Трета Србија, име што алудира на Трет рајх. Богдановиќ нема капацитет да ја прочита службата. Извршува. Почетокот на годината, фалејќи го Вучиќ, СДСМ ги нарекува Усташи. Иста кампања како во Србија, каде студентите се Усташи. Иста како талогот на арамијата, по терк на Ванчо. На мрежите се кити со Вучиќ и со однос кон Русија. Уште еден српско-руски Спутник, покрај Левица, анти-НАТО и анти-ЕУ, и покрај Платформата, ЗНАМ 2.0, за 1,6 милиони. Уште една проруска, антизападна партија во Македонија. Арамијата, стар руски прокси, не знае да склопи партија што барем на старт гледа кон Европа. Далечинскиот му е правен во Кремљ. Друг јазик не познава. Полетувањето е неуспешно пред да заврши конгресот. Овој Спутник, оваа нова Лајка на Вучиќ, нема да се врати. Сателит не е опозиција. Тоа е алиби за банда што останала без рејтинг и без пари. Скопје, 09.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00
АвтомобилизамВо гаража го направиле најширокиот автомобил на светот- полицијата не можела да му напише казна (ВИДЕО)Група американски ентузијасти создадоа автомобил кој ретко се гледа на патот. Тие создадоа возило кое е широко три метри од стар Форд, кое може да достигне брзина поголема од 110 километри на час, објави Аутонет. Кога решија да го преполови стариот Форд Фестива и да го прошират на неверојатни три метри, членовите на американскиот Јутјуб канал Prop Department имаа необична идеја. Сепак, тие не застанаа само на изградба на автомобил кој изгледа сосема поинаку од сè што среќаваме во сообраќајот. Тие исто така успеаја да добијат документација што им овозможува да го возат по јавни патишта. Резултатот е автомобил кој е речиси широк колку што е долг, а неговиот изглед на улиците привлекува огромно внимание. Тие користеа уште три автомобили за конверзијата. Основата на овој необичен проект беше Форд Фестива, мал градски автомобил познат на европскиот пазар како Киа Прајд. За да ја реализираат својата идеја, авторите набавија уште три автомобили што ги користеа за делови. Секој од нив чинеше само неколку стотици долари. Прво, го отстранија ентериерот на возилото, а потоа ја исечоа каросеријата по должина. Дополнителни челични елементи беа инсталирани во просторот помеѓу двете половини, така што структурата ја задржа потребната цврстина. Прилагодувањето на погонскиот систем беше особено тешко. Погонското вратило мораше да се продолжи за повеќе од еден метар за да може моторот да ја пренесува моќноста на тркалата. Промените не го заобиколија ниту ентериерот. Контролната табла и предниот дел од автомобилот беа прилагодени на новата ширина со помош на делови изработени на 3D печатач. Исто така, беа инсталирани дополнителен генератор за напојување, како и систем за климатизација. Има два волани и дури 14 држачи за чаши. Еден од најнеобичните детали се наоѓа во кабината на овој Форд. Автомобилот има два волани поставени пред предните седишта, додека на централната конзола има дури 14 држачи за чаши. И покрај огромната ширина и бројните модификации, возилото е способно да достигне брзина поголема од 110 километри на час. Неговите креатори открија и дека толку широк автомобил може да има практични примени. Благодарение на големиот простор, тој е погоден за транспорт на гломазни предмети, големи купувања, па дури и дрва. Полицијата ги запре, но тие можеа да продолжат да возат Најголемиот предизвик не беше само да се направи автомобил широк три метри, туку да се обезбеди дека на такво возило му е дозволено да учествува во сообраќајот. Имено, ширината на Фордот ги надминува вообичаените дозволени димензии на патничките автомобили. Затоа, неговите креатори мораа да добијат посебни дозволи за вонреден транспорт, како и соодветно осигурување. За време на првото сериозно тестирање, кое траеше два дена, тие поминаа повеќе од 640 километри. Полицијата ги запре неколку пати, проверувајќи ги регистарските таблички, документацијата и начинот на кој толку широко возило се движи по сообраќајната лента. Сепак, откако утврди дека возачите ги имаат потребните документи, полицијата им дозволи да го продолжат своето патување секој пат. Така, автомобилот создаден од стар Форд, и покрај неговите необични димензии, успеа да влезе на јавни патишта во согласност со посебните дозволи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook