Тошковски: Ако нападите се цена што мора да ја платиме, тогаш јас сум подготвен - Канал 5

Тошковски: Ако нападите се цена што мора да ја платиме, тогаш јас сум подготвен

Тошковски преку објава на Фејсбук се огласи со реакција за, како што вели, координираните оркестрирани напади кон него од ДУИ, СДСМ и Левица, со цел, според него, да фрлат сенка врз расчистувањето на криминалот и корупцијата.

Тошковски: Ако нападите се цена што мора да ја платиме, тогаш јас сум подготвен

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски преку објава на Фејсбук се огласи со реакција за, како што вели, координираните оркестрирани напади кон него од ДУИ, СДСМ и Левица, со цел, според него, да фрлат сенка врз расчистувањето на криминалот и корупцијата.

-Три партии, различни во својата форма, а слични во својата природа, вчера се здружија во обидот да фрлат сенка над она што три децении го чека македонскиот народ – расчистување со корупцијата и ставање крај на политиката на неказнивост. Три партии, кои наводно се борат една против друга, вчера покажаа дека нивниот заеднички интерес е посилен од сите нивни привидни разлики. ДУИ – партијата која во долгите години на владеење заедно со СДСМ создаде заробена држава, со систем во кој криминалот не беше исклучок, туку правило. Партијата која остави зад себе пустош од корумпирано судство, нефункционално образование без учебници, здравство кое наместо лекови произведуваше трагедии, загаден воздух кој го труе секој граѓанин и институции заробени од партиски војници наместо од професионалци, напиша Тошковски.

Тој ги посочи функционерите од ДУИ кои порано велеле дека не одговараат пред законот туку само пред Али Ахмети, а денес, кажа, панично се разбегале бидејќи за првпат почувствувале дека законот е над партијата.

-Каде е денес Артан Груби? Каде е денес Прпарим Бајрами? Зарем не беа токму тие најгласните борци за правата на Албанците, кои наместо права, си обезбедија само привилегии за себе и своите семејства? ДУИ никогаш не се бореше за Албанците, се бореше само за позиции од кои можеше да го ограбува и албанскиот и македонскиот народ, запраша Тошковски, посочувајќи дека сега, кога за првпат по 30 години владеењето на правото не е само празна флоскула, туку реалност, кога институциите конечно почнаа да функционираат и правдата пристигнува до оние кои мислеа дека засекогаш ќе бидат недопирливи, ДУИ без срам зборува за одговорност.

СДСМ пак, продолжи Тошковски, кои зборуваат за селективност и неправда, треба да се присетат дека за време на нивното седумгодишно владеење со ДУИ, државата ја потресоа три големи трагедии во кои животот го загубија над 70 луѓе.

-И сега добро запомнете: за сите тие загубени животи, СДСМ не поднесе НИЕДНА кривична пријава. Ниедна! Истите тие денес велат дека истрагата за Кочани е фарса, а во оваа наводна „фарса“ веќе имаме над 50 осомничени. Зборуваат за морален пораз, привезоците на ДУИ кои седум години беа тивките соучесници во распаѓањето на државата, а денес, без грам срам, се обидуваат да се претстават како глас на совеста. Лицемерието нема граница, а СДСМ треба да знае дека меморијата на македонските граѓани не е толку кратка како што би посакувале, наведува Тошковски во постот.

За Левица, пак, министерот рече дека е само алатка на истите структури кои на Македонија ѝ ја одзеле иднината.

-Денес, кога конечно системот се чисти, Левица ги напушти своите наводни принципи и застана во одбрана на токму оние кои ги обвинуваше до вчера. И не е тоа затоа што тие се нова партија со визија, туку затоа што најдобро опстојуваат во времиња кога системот е разнишан, а довербата на граѓаните во институциите е убиена од нивните некогаш прикриени, а денес очигледни сојузници, рече Тошковски.

Интерпелацијата поднесена вчера од Левица, не ја оцени како закана, туку како комплимент дека конечно правдата ги допре оние кои мислеа дека засекогаш ќе останат недопирливи.

-Вчерашниот ден најдобро покажа каде сме и зошто толку силно удираат. Не се напаѓа оној што не претставува закана, се напаѓа оној што навистина менува нешто. Оној што не прифаќа да биде дел од нивниот удобен систем на молк, неказнивост и меѓусебна заштита. Токму затоа, јас овие напади не ги гледам како закана, туку како комплимент дека конечно правдата ги допре оние кои мислеа дека засекогаш ќе останат недопирливи, напиша Тошковски.

За министерот, ова е битка на сите граѓани кои, вели тој, 30 години живеат во држава во која политичката елита си играше фудбал по канцеларии и ја шутираше Македонија како топка.

-Денес, наместо тие да ја шутираат државата како што сакаат, законот почна да ги удира токму таму каде што најмногу ги боли. Затоа продолжуваме напред, со јасна визија, со уште поголема одлучност. Правдата почна да тропа на вратата на секој оној кој мислеше дека таа никогаш нема да го посети. И таа правда нема да се врати назад без резултати, напиша Тошковски.

Вели дека ако нападите се цена што мора да ја платиме за ова, тогаш тој е подготвен секој ден да ја плаќа, бидејќи, вели, ова не е само политичка битка.

-Ова е враќање на Македонија таму каде што и е местото, во рацете на граѓаните, а не во рацете на криминалците. Македонија мора да биде држава каде што одговорноста нема партиска боја, а правдата нема цена. Токму таа Македонија е целта за која вреди да се издржат сите овие напади. И таа Македонија, заедно со граѓаните, конечно ќе ја изградиме, наведе Тошковски во постот.

Опозициските партии повикаа на оставки како морална одговорност по трагедијата што се случи во Кочани, посочувајќи на институцијата којашто била задолжена за безбедноста, а тоа е Министерството за внатрешни работи. Тие сметаат дека правдата е селективна и оти се штитат функционери блиски до ВМРО-ДПМНЕ. Левица вчера поденесе интерпелација за министерот за внатрешни работи. Како причина за интерпелацијата наведоа дека е поради тоа што тој од позиција на министер за внатрешни работи грубо ја занемарил и несоодветно ја извршувал својата јавна функција постапувајќи нестручно, непрофионално, несовесно и неодговорно поради што имало низа противзаконски дејствија, скандали и кадрови поместувања во МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Колекционерско издание на „GTA 6“: За 400 долари добивате сè освен самата игра

Ако се суди според огромната возбуда околу „Grand Theft Auto VI“, брзо се приближуваме кон еден од најголемите настани во светот на видеоигрите во последните неколку години.

Колекционерско издание на „GTA 6“: За 400 долари добивате сè освен самата игра

Новата „GTA“ ветува враќање на сè што ги направи автомобилите клучен дел од серијалот – од брзи потери и трки до уште подетални опции за прилагодување на возилата. Сето ова доаѓа со препознатливата мешавина од криминал, хаос и судири со законот, по кои станаа познати „Rockstar Games“.

Сепак, иако очекувањата се огромни, најновата одлука на „Rockstar“ може да разочара дел од фановите.

Компанијата претстави колекционерско издание насловено „The Goodtime State - Vice City Collection“, со висока цена од 399,99 долари. Проблемот е што во пакетот недостасува најважниот елемент: самата игра.

Што добивате?

„Rockstar“ ја претставува колекцијата како луксузен пакет со предмети за колекционери, инспириран од светот на „Vice City“. Таа содржи разновидни предмети, вклучувајќи очила за сонце „Oakley“, налепници, значки и мапа на Леонида – измислениот регион во кој се одвива дејството на „GTA VI“.

Купувачите добиваат и бејзбол капа, фигура на маскотата на „Vice City“, чашка за жесток пијалак, торба за носење преку тело, приврзок за клучеви, стапче за мешање коктели и магнетно огледало.

Иако колекцијата е очигледно наменета за сериозни колекционери, во кутијата нема да го најдете најважниот предмет: „GTA VI“.

За самата игра, ќе треба да издвоите дополнителни 79,99 долари за стандардното издание или 99 долари за „Ultimate“ верзијата. Тоа значи дека купувачот што го сака целиот пакет ќе мора да плати речиси 480 или 500 долари, во зависност од изданието на играта.

„GTA VI“ без физички диск

Колекционерскиот сет пристигнува во време кога „Rockstar“ веќе предизвика реакции со одлуката „GTA VI“ да биде првиот голем AAA наслов на компанијата без традиционално издание на физички диск.

Играта ќе биде достапна дигитално преку продавниците на „PlayStation“ и „Xbox“, додека физичките примероци во продавниците ќе содржат само код за преземање. Оваа одлука предизвика негативни реакции во дел од гејмерската заедница. Извршниот директор на „Take-Two Interactive“, Штраус Зелник, го бранеше овој пристап, тврдејќи дека физичките дискови веќе немаат голема смисла за потрошувачите.

Ситуацијата е особено интересна за колекционерите. Тие сега можат да потрошат речиси 400 долари за кутија полна со предмети поврзани со играта, а сепак да не ја добијат самата игра во таа кутија.

„Rockstar“ има направено нешто слично и претходно

Сепак, ова не е првпат „Rockstar“ да продава колекционерска кутија без самата игра. Компанијата направи сличен потег во 2018 година со „Red Dead Redemption 2“, изданието „Collector's Box“ објавено тогаш, исто така, не содржеше примерок од играта.

Разликата, сепак, беше во цената. Таа колекционерска кутија чинеше 99 долари – помалку од една четвртина од цената на новата „Vice City Collection“. Денес, оригиналните колекционерски кутии за „Red Dead Redemption 2“ можат да се најдат на „eBay“ по цени што надминуваат 700 долари, што покажува дека вредноста на ваквите производи може да порасне кај колекционерите со текот на времето.

Сепак, останува фактот дека фановите на „GTA VI“, кои ги сакаат и колекционерските предмети и самата игра, ќе мора да ги купат одделно.

Со цена од речиси 400 долари само за колекционерските предмети, „Rockstar“ очигледно цели кон најпосветените фанови на серијалот и кон колекционерите кои се подготвени да платат висока цена за предмети поврзани со еден од најочекуваните наслови во историјата на видеоигрите.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Многу те сакам“: Лука Модриќ им ги разнежни срцата на фановите со нова објава

Лука Модриќ преку социјалните мрежи ѝ го честиташе деветтиот роденден на својата најмлада ќерка, Софија.

„Многу те сакам“: Лука Модриќ им ги разнежни срцата на фановите со нова објава

По тој повод, хрватскиот фудбалер сподели неколку фотографии на кои се заедно, придружени со кратка и емотивна порака.

На една од фотографиите, таткото и ќерката се насмеани додека позираат заедно, додека другите прикажуваат опуштени моменти од семејниот живот. На пример, на една фотографија се гледа како Софија седи на рамениците на татко ѝ, а на друга Модриќ ѝ помага да си ја исуши косата.

„Среќен роденден на мојата прекрасна и многу посебна мала принцеза! Многу те сакам!“, напиша Модриќ.

Најмладото од трите деца

Софија е најмладото дете на Лука и неговата сопруга, Вања Модриќ. Покрај неа, тие имаат син, Иван, и ќерка, Ема. Лука и Вања стапија во брак во 2010 година, а една година подоцна ја прославија и црковната венчавка во Загреб.

Модриќ честопати преку социјалните мрежи ги одбележува важните моменти од животот на своите деца, особено нивните родендени. Неговото семејство често го придружува на фудбалски настани. Сопругата и децата честопати го бодреле од трибините за време на клучни натпревари и му се придружувале во прославите по големите победи.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Рускиот претседател Владимир Путин вчера присуствуваше на воена вежба на планините Урал, во која учествуваа војници од Кина и од неколку други земји.

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот за колективна безбедност – безбедносен сојуз предводен од Москва, составен од неколку поранешни советски републики.

Путин изјави дека 47.000 војници учествуваат во вежбата „Центар-2026“, вежбајќи одбивање напади на 11 полигони и во Каспиското Море. Вежбата започна во понеделникот, а завршува денес.

Путин предупреди дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград.

„Околу 6.000 војници од Русија и од други земји учествуваа во завршната фаза на полигонот Чебаркул“, рече Путин.

YouTube video

Тој додаде дека делегации од 55 земји учествувале како набљудувачи.

Според извештаите на руските медиуми, во вежбата учествуваат воени единици од Белорусија, Киргистан и Таџикистан, заедно со војници од Кина, Монголија и Пакистан. За време на посетата, Путин изврши увид во различни видови вооружување, вклучително и новите беспилотни летала „Геран“ на млазен погон, кои руската војска ги користи во нападите врз Украина.

Посетата на Путин уследи еден ден откако Русија го предупреди НАТО дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград, доколку некоја членка на воениот сојуз се обиде да ја отсече таа руска ексклава на западот на земјата од остатокот на Русија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер