Средба на Гаши со професорите Ташковски и Геразов: Промовирано ВИ-решение за автоматска транскрипција во реално време за Собранието
1Средба на Гаши со професорите Ташковски и Геразов: Промовирано ВИ-решение за автоматска транскрипција во реално време за Собранието
НБАТоронто убедлив во мајсторката со МајамиКошаркарите на Торонто изборија пласман во финалето на „Исток“ откако синоќа во мајсторката со Мајами забележаа убедлива победа од 116:89 и со 4-3 во победи го постигнаа најголемиот успех во клупската историја.Решавачка за победата беше последната четвртина која Торонто ја доби со 30:11. Тандемот на Торонто Кајл Лаври со 35 и ДеМар ДеРозан со 28 поени беа најдобри на теренот, а „дабл-дабл“ учинок имаше и Бишмак Бијомбо со 17 поени и 16 скокови. Во финалето на Источната конференција од НБА лигата, Торонто ќе игра против Кливленд, а првиот натпревар се игра во Кливленд ноќта вторник кон среда. Голден Стејт и Оклахома Сити вечерва го играат првиот натпревар од финалето на „Запад“. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
МакедонијаСредба на Гаши со професорите Ташковски и Геразов: Промовирано ВИ-решение за автоматска транскрипција во реално време за СобраниетоДенеска, претседателот на Собранието, Африм Гаши оствари средба со проф. д-р Димитар Ташковски и проф. д-р Бранислав Геразов при што беше промовиран моделот на ВИ за автоматска транскрипција.Денеска, претседателот на Собранието, Африм Гаши оствари средба со проф. д-р Димитар Ташковски и проф. д-р Бранислав Геразов при што беше промовиран моделот на ВИ за автоматска транскрипција во реално време, развиен во рамките на услугите на ИНОФЕИТ Европскиот дигитален иновациски хаб (INNOFEIT EDIH). Овој модел на вештачка интелигенција е развиен и трениран врз основа на видеоснимките од собраниските седници, што му овозможува со висока прецизност да го препознава говорот, терминологијата и специфичниот начин на водење на собраниските расправи. Проектот има за цел модернизација на процесот на изработка на собраниските стенографски белешки преку трансформација на досегашниот бавен и рачен процес во скалабилен, инклузивен и систем поддржан со вештачка интелигенција, кој овозможува автоматска транскрипција во реално време. Неговата примена ќе овозможи значително побрза изработка на транскрипти и записници, полесно пребарување на дискусиите по говорник, тема или клучен збор, како и создавање дигитални архиви кои ќе бидат подостапни за пратениците, стручната служба, медиумите и граѓаните. Истовремено, овој модел претставува темел за развој на нови функционалности во рамките на законодавната платформа, како што се автоматско титлување на преносите во живо, интелигентно пребарување низ седниците и примена на напредни алатки за анализа на собраниските материјали, придонесувајќи кон поефикасно, потранспарентно и подостапно Собрание. На промоцијата, претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши истакна дека ова решение претставува значаен чекор кон дигитализацијата на Собранието и унапредувањето на неговата ефикасност и транспарентност. Тој нагласи дека воспоставената соработка претставува основа за идни заеднички активности насочени кон понатамошна дигитализација на собраниските процеси и воведување современи технолошки решенија во работата на институцијата. Проф. д-р Димитар Ташковски, координатор на ИНОФЕИТ ЕДИХ, ја истакна улогата на европските дигитални иновациски хабови во забрзувањето на дигиталната трансформација на јавниот и приватниот сектор. Тој потенцираше дека ИНОФЕИТ ЕДИХ преку услугите „Test Before Invest“, развој на решенија базирани на вештачка интелигенција, проценка на дигиталната зрелост, обуки и пристап до експертиза, им овозможува на јавните институции и компаниите безбедно и ефикасно воведување на најсовремени дигитални технологии. Воедно, тој ја нагласи успешната соработка со Собранието во текот на реализацијата на проектот, истакнувајќи дека ваквите партнерства ја потврдуваат важноста на ИНОФЕИТ ЕДИХ како клучен двигател на дигиталната трансформација и примената на вештачката интелигенција во јавниот сектор. Проф. д-р Бранислав Геразов од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) ги претстави техничките карактеристики и перформансите на системот. Тој објасни дека за надминување на оперативните предизвици при подготовката на стенографските записи е развиен високо специјализиран систем за автоматско препознавање на говор, кој директно одговара на потребите за брзина, прецизност и автоматизација. Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска ја истакна важноста од континуираното воведување современи дигитални технологии во работата на собраниската служба, нагласувајќи дека тие претставуваат клучен предуслов за понатамошно унапредување на нејзината ефикасност, функционалност и квалитетот на услугите што им ги обезбедува на пратениците и на граѓаните. Таа посочи дека примената на вештачката интелигенција ќе придонесе за оптимизација на работните процеси, побрза обработка на собраниските материјали и создавање понапредни дигитални услуги, со што Собранието ќе продолжи да се развива како модерна, транспарентна и технолошки напредна институција, усогласена со современите европски практики. Во тек е развој на решение за негова интеграција во дигиталниот екосистем на Собранието. Нашата цел е моделот да стане составен дел од секојдневните работни процеси, овозможувајќи автоматска транскрипција на седниците, поефикасно управување со собраниските содржини и развој на нови интелигентни услуги за пратениците, стручната служба и граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
МакедонијаРеката Лепенец покриена со необична пена на влевот во ВардарСо бела пена е прекриена реката Лепенец при влевот во реката Вардар во Скопје.Пената се влева директно во Вардар. Известени се од Град Скопје, најавено е дека инспектори веднаш ќе додат на терен да видат која е причината за пената во лепенец. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаУкраина изврши напад врз „Вајлдберис“ во Санкт Петербург и симферопол на КримПродолжува конфликтот меѓу Москва и Киев.Украински дронови извршија напади врз магацини на таканаречениот руски Амазон во Санкт Петербург и Ленинградската област. Компанијата„Вајлдберис“ ги потврди нападите врз нивните објекти и соопштија дека привремено ја прекинале работата во своите логистички центри во Санкт Петербург, како и центарот за сортирање во Симферопол. Дронови се обиделе да го нападнат и магацинот на компанијата во Казан, но според локалните жители, системите за противвоздушна одбрана успеале да ги соборат додека се приближуваа. WTF 😳 St. Petersburg 🔥🔥🔥🔥 pic.twitter.com/EMDGGga4cT — @BrennpunktUA 🇩🇪🇺🇦 (@BrennpunktUA) July 24, 2026 Во текот на изминатата недела, украинските дронови извршија напади врз приближно 10 отсто од целата инфраструктура на „Вајлдберис“ оваа компанија се смета за руски еквивалент на Амазон, а причинетата штета надминува 2 милијарди долари.Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00