Торонто Репторс нема да ја почнат сезоната во Торонто, нашле нова локација

Единствениот НБА тим со седиште во Канада, шампионот за 2019 година, Торонто Репторс, ќе ги одигра своите домашни натпревари на почетокот на новата сезона, која треба да започне на 22 декември, во Тампа, Флорида.

Бидејќи владите на САД, Канада и Мексико се согласија да го забранат прекуграничното патување поради пандемијата на коронавирус, освен во суштински ситуации, Репторс беа принудени да бараат нов привремен дом.

„Репторс работеа со здравствените работници на локално, регионално и државно ниво за да обезбедат домашните натпревари да се одиграат во сезоната 2020/21. На крајот на краиштата, поради моменталната состојба со јавното здравство со која се соочуваат Канаѓаните и итноста да се утврди каде ќе играме, тие одлучија дека ќе ја започнеме нашата сезона во Тампа “, објави претседателот на Репторс, Масаи Ујири.

Во Струга и Вевчани навреме отворени сите избирачки места

Сите 101 избирачко место за првиот круг од претседателските избори во општина Струга утрово беа отворени во 7 часот, потврди за МИА претседателот на Општинската изборна комисија Минир Жута.

- Гласањето почна навреме и во трите избирачки места во општина Вевчани, информира претседателката Менка Кукоска.

Гласањето, според претседателите на изборните комисии, во двете општини се одвива непречено, без никакви проблеми.

Во општина Струга во единствениот избирачки список регистрирани се 60.894 гласачи, од кои 132 болни и изнемоштени вчера го оствариле своето гласачко право, додека во Вевчани има 2.072 регистрирани гласачи, а четворица болни и изнемоштени гласале вчера. /МИА

Директорот на ФБИ: „ТикТок“ е проблем за националната безбедност на САД

Директорот на ФБИ, Кристофер Реј изјави дека социјалната апликација „ТикТок“ е проблем за националната безбедност на САД, пренесе БТА.

Реј ја објави оваа изјава додека американскиот Конгрес се подготвува да гласа за легислативата за забрана на апликацијата.

-Апликацијата и припаѓа на кинеската компанија ByteDance, која „има обврски кон кинеската влада“, рече Реј во ексклузивно интервју за Ен-би-си Њуз.

-Кога се разгледува моќта, пристапот, технолошките способности и контролата што ги има ТикТок, Американците треба да се запрашаат што мислат за моќта, пристапот, можностите и контролата што ги има компанијата што е сопственик на ТикТок, кинеската влада и, на крајот, кинеските разузнавачки служби, посочува директорот на ФБИ.

Претставничкиот дом на САД во саботата одобри голем пакет помош за Украина, Израел и Тајван. Во рамките на овој пакет е содржан и ултиматумот во врска со „ByteDance“. Се очекува пакетот помош брзо да биде одобрен од Сенатот.

Американските власти тврдат дека ТикТок и овозможува на кинеската влада да шпионира и манипулира 170 милиони корисници во Соединетите држави. /МИА

ДИК: Немаме пријавено поголеми неправилности

Прес-конференција на Државната изборна комисија.

Од Државната изборна комисија велат дека досега нема пријавено погоелеми неправилности околу гласањето за првиот круг од претседателските избори. На неколку гласачки места се појавиле мали технички проблеми кои се решаваат во од.

Наредната прес конференција на ДИК е закажана за 13 и 30 часот, кога повторно ќе информираат за текот на гласањето.

притисни ентер