Торонто победник во „Зимското класико “ пред рекордни 106 000 гледачи - Канал 5

Торонто победник во „Зимското класико “ пред рекордни 106 000 гледачи

На „Мичиген стадионот“ пред рекордни 105 491 гледачи Торонто со 3-2 на пенали го победи Детроит во „Зимското класико во НХЛ лигата .

Торонто победник во „Зимското класико “  пред  рекордни 106 000 гледачи
Првиот ден од 2014 година во НХЛ лигата се одиграни две средби , една од нив беше големото дерби популарниот „Зимски класико“ на отворено меѓу Торонто и Детроит.

Во вистински арктички услови повеќе од 100 000 гледачи присуствуваа на оваа извонредна хокеарска претстава.

Доколку организаторите ја потврдат бројката од 105 491 гледач , тоа ќе биде нов рекорд според бројот на гледачи на еден хокеарски натпревар. Досегашниот рекорд изнесува 104 173 гледачи на мечот Мичиген стејт – Мичиген одигран во 2010 година .

Сепак за НХЛ лигата секако посетата на Зимското класико од 105 491 гледач е рекордна бројка . досегашниот рекорд беше „само“ 71217 луѓе на стадионот Ралф Вилсон на средбата меѓу Бафало и Питсбург.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повеќе од 1.600 пожари во Амазонија за две недели: Властите започнаа истрага

Голем број пожари беснеат во бразилскиот дел на Амазон, а нивниот интензитет е зголемен поради климатските промени, феноменот „Ел Нињо“ и човечките активности, наведуваат научници и официјални претставници.

Повеќе од 1.600 пожари во Амазонија за две недели: Властите започнаа истрага

Во сојузната држава Амазонас, во првите две недели од октомври се регистрирани 1.679 пожари, што е за 253 отсто повеќе отколку во истиот период минатата година, според податоците на бразилскиот систем за следење на Амазон.

Чадот предизвика проблеми со дишењето кај населението, а во најмалку 36 општини е прогласена вонредна состојба. Поради лошиот квалитет на воздухот во Манаус, откажани се настаните на отворено, а државните училишта денеска се затворени, пренесува Ројтерс.

Бразилските власти се сомневаат дека многу од пожарите биле намерно предизвикани за да се расчистат шумите и да се подготви земјиштето за земјоделство и сточарство.

Бразилското Министерство за животна средина најави истрага откако од авиони биле забележани пожари во заштитени шумски подрачја.

Федералните власти и службата за цивилна заштита испратија авиони и противпожарни екипи во Амазонас за да помогнат во гаснењето на пожарите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Не стивнуваат студентските протести во Тирана – демонстрантите се судрија со полицијата

Трет ден жестоки немири во Тирана во кои демонстрантите нападнаа владини згради, банки, продавници и други објекти.

Не стивнуваат студентските протести во Тирана – демонстрантите се судрија со полицијата

Стотици демонстранти кои протестираа за реформи во образованието оштетитле неколкку владини објекти, меѓу кои и зградата во која е сместен европскиот колеџ.

Според тамошните медиуми демонстрантите палеле и излози, а оштетиле и неколку банки и други објекти. Полицијата се обидела да ги растера со солзавец и со водени топови, по што дошло и до жестоки судири, во кои повредени биле 23 полицајци и уште шестмина други луѓе, а 35 демонстранти се приведени...

Движењето, познато како „Фламинго“, бара оставка од премиерот Еди Рама поради поради зголемените трошоци за образование и корупцијата.

Рама во писмена изјава за Ројтерс посочува дека не планира да поднесе оставка но дека владата е подготвена за дијалог со студентите.

Одговорноста за насилството на студентските протести ја префрли на опозициските партии, кои според него сакале да го попречат патот на Албанија кон Европската унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали Калифорнија воведува данок за милијардерите? „И онака не го плаќаат – немаме што да изгубиме“

Во американската сојузна држава Калифорнија е во тек гласањето на среднорочните избори, а за три недели гласачите ќе одлучуваат на референдум дали милијардерите треба да се оданочуваат врз основа на нивното богатство?

Дали Калифорнија воведува данок за милијардерите? „И онака не го плаќаат – немаме што да изгубиме“

Во американската сојузна држава Калифорнија е во тек гласањето на среднорочните избори, а за три недели гласачите ќе одлучуваат на референдум кој би можел да има последици за остатокот од Соединетите Држави: дали милијардерите треба да се оданочуваат врз основа на нивното богатство?

Според новинската агенција АФП, предлогот предвидува оданочување на околу 200 милијардери во оваа сојузна држава, со стапка од пет отсто од нивната нето-вредност.

Собраните средства би биле наменети за јавниот здравствен систем, на кој се потпираат половина од жителите на Калифорнија. Овој систем моментално е под притисок поради значителните кратења на федералните средства, воведени од американскиот претседател Доналд Трамп.

Поддржувачите на оваа мерка се надеваат дека таа ќе послужи како поттик за слични иницијативи и во други делови на САД, во услови на растечко незадоволство поради продлабочувањето на нееднаквоста и брзото трупање богатство кај технолошките милијардери, како што е Илон Маск.

Привремениот данок е „само капка во морето на нивното богатство“, изјави за АФП Лорен Фирман, пензиониран графички дизајнер која користи „Медикер“ (Medicare) – здравствено осигурување за лица постари од 65 години. „За нив тоа не значи многу, но за луѓето на кои им е потребна здравствена заштита, тоа значи сè“, додаде таа. Сепак, референдумот предизвикува загриженост во Силиконската долина.

Меѓу противниците на предлогот, наречен „Предлог 40“ (Proposition 40), е и ко-основачот на „Гугл“, Сергеј Брин, кој донирал повеќе од 205 милиони долари за кампањата против него.

Во телевизиските реклами, противниците постојано предупредуваат дека привремениот данок би можел да стане траен, што би ги натерало најбогатите жители да ја напуштат Калифорнија и би довело до намалување на даночните приходи на сојузната држава.

Покрај милијардерите, и други влијателни личности се спротивставуваат на предлогот, вклучително и гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом. По повеќе од седум години на чело на сојузната држава, овој демократ – кој има претседателски амбиции за 2028 година – официјално ги повикува гласачите да гласаат против оваа мерка.

Моќниот синдикат „Обединети домашни работници“ (United Domestic Workers), кој застапува 250.000 лица што работат како негуватели во домовите или се грижат за деца, исто така ги повика своите членови да гласаат против предлогот.

Од синдикатот тврдат дека еднократниот данок, наменет за здравствениот систем, долгорочно нема да го покрие дефицитот од повеќе милијарди долари во буџетот на Калифорнија. Сепак, оваа идеја не е нова. Во текот на изминатите 15 години, Калифорнија во три наврати се обиде да ги зголеми даноците за најбогатите жители преку референдуми, но сите такви предлози беа одбиени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер