Трето возило го предизвикало судирот во кој загина 19-годишниот мотоциклист, полицијата го уапси возачот
1Трето возило го предизвикало судирот во кој загина 19-годишниот мотоциклист, полицијата го уапси возачот
3Филипче: Карпалак не смее да биде само датум во календарот – мирот се гради со одговорност, а не со поделби
Крива Паланка го носи најголемиот музички спектакл на летото – Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар на градскиот стадион на 29 август
1Крива Паланка го носи најголемиот музички спектакл на летото – Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар на градскиот стадион на 29 август
Други спортовиТоронто ја откажа кандидатурата за организација на ЛОИ 2024 Канадскиот град Торонто нема да поднесува апликација за организирање на Летните олимписки игри во 2024 година. Оваа одлука е донесена по гласањето на Комисијата за економија на градот на седницата одржана вчеравечер.Торонто на двапати поднесуваше апликација за добивање на организацијата, но не успеа да ги победи своите конкуренти. Во 1996 година Олимпијадата и беше доделена на Атланта (САД), тогаш канадскиот град заврши како третопласиран, додека на изборот за домаќин во 2008 година беше втор, а тогаш победи Пекинг (Кина). Во историјата на Олимпизмот три канадски града биле домаќини на најголемите и најмасовните светски спортски настани: Монтреал (ЛОИ 1976 год.), Калгари (ЗОИ 1988 год.) и Ванкувер (ЗОИ 2010 год.). Следните Зимски олимписки игри ќе се одржат во Сочи (Русија) следниот месец, додека летната Олимпијада е во 2016 година во Рио де Жанеиро (Бразил).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТрето возило го предизвикало судирот во кој загина 19-годишниот мотоциклист, полицијата го уапси возачотУапсен е 46 годишен маж, осомничен дека бил причина за вчерашната сообраќајна несреќа во скопско Радишани каде загина 19 годишен мотоциликст. Според истражителите од терен обезбедените снимки од местото на несреќата покажуват дека возачот С.О со возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски таблици учествувал во предизвикувањето на несреќата без да има физички контакт со другите возила. Тој заминал од местото на несреќата без да им укаже помош на повредените. Моторот беше целосно уништен, а возилото имаше големи оштетувања и бил повреден возачот на автомобилот алфа ромео. Според извори на Канал 5 најверојатно возачот со возилото „сеат алета“ на едно од возилата им го пресекол патот. „По преземени полициски мерки, околу 19:40 часот автомобилот бил пронајден во Арачиново, а бил пронајден и возачот С.О. (46). Тој бил лишен од слобода и спроведен во полициска станица, каде со него бил извршен службен разговор. Несреќата била пријавена вчера во 12:12 часот на улицата „Радишанска“ во Скопје. Во неа учествувале „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б. (47), и мотоцикл „кавасаки“, управуван од Н.М. (19) од Побожје“, изјави Гоце Андреевски портпарол на МВР. Мотоциклистот починал на местото, а лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта. Несреќата се случи вчера околу пладне помеѓу возило „алфа ромео“ и мотор. Возачот на алфа ромеото се здобил со телесни повреди и бил пренесен во болницата „Св. Наум Охридски“. Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДваесет и пет години од масакрот кај Карпалак25 години од масакрот кај Карпалак. Во конвојот кој беше од заседа нападнат од припадници на ОНА, животот го загубија десет прилепски бранители од резервниот состав на АРМ, Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски. И четврт век од трагедијата, сеќавањата на нивните соборци се сеуште свежи, велат дека додека се живи ќе ја паметат агонијата во која се нашле додека се обидувале да се спасат. Иако голем број се спасиле, многу од нив починале подоцна, како што велат, поради болести кои ги носи претрпениот стрес. Поранешниот припадник на резервниот состав на АРМ, кој успеал да го преживее воениот конфликт, Јордан Трајкоски вели дека е разочаран што за 25 години државата не успеала да направи достоен споменик за почит на младите бранители кои животот го дале за Македонија. -И денеска стоиме пред една обична банкина ...нашите „патриоти“ се сеќаваат на нас само десет минути во текот на годината, никој не не прашал како живеете - Јордан Трајкоски – поранешен војник од резервниот состав на АРМ И Гоце Бежоски бил учесник во воениот конфликт, вели имал голема среќа што преживеал, но и денеска после толку време тагува за другарите. Почит на загинатите оддадоа делегација од владата предводена од минисерката за обраоазвание Весна Јаневска и министерот за спортБорко Ристовски, претсваници од кабинетот на претседателката Гордана Силјановска Давкова, политички партии и здруженија. Одбележувањата на годишнината почнаа синоќа во прилепската касарна Мирче Ацев, а продолжија во градот и денеска прес споменикот на загинатите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче: Карпалак не смее да биде само датум во календарот – мирот се гради со одговорност, а не со поделбиПретседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, упати порака со почит и сеќавање кон загинатите бранители кај Карпалак, кои на денешен ден пред 25 години ги положија своите животи исполнувајќи ја должноста кон татковината. Филипче порача дека нивната жртва останува дел од нашата колективна меморија и обврска, а Карпалак е потсетник дека мирот и стабилноста се градат со одговорност, а не со поделби. "Денес, на 8 Август, се сеќаваме и оддаваме почит на загинатите бранители кај Карпалак. Пред 25 години овие млади луѓе ги положија своите животи исполнувајќи ја должноста кон татковината. Нивната жртва останува дел од нашата колективна меморија и обврска. Се сеќаваме со почит. Им се поклонуваме со достоинство. Карпалак не смее да биде само датум во календарот. Карпалак е потсетник дека мирот и стабилноста се бранат со одговорност, а не со поделби.Иднината на Македонија се гради заеднички, без страв и без омраза. Вечна им слава. Почит кон нивните семејства", порача Филипче.Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook