На покана од Рубио, Муцунски во Вашингтон на министерска конференција „Подемот на политичкиот тероризам“
1На покана од Рубио, Муцунски во Вашингтон на министерска конференција „Подемот на политичкиот тероризам“
Видео: Бранителот на тронот Аргентина противник на Шпанија во големото финале на Мундијалот во Америка
1Видео: Бранителот на тронот Аргентина противник на Шпанија во големото финале на Мундијалот во Америка
НБАТоронто и Сан Антонио се пласираа во полуфиналетоЕкипите на Торонто и на Сан Антонио ноќеска постигнаа победи во плеј офот од НБА лигата и со тоа изборија пласман во полуфиналето. Торонто како гостин забележа победа над Милвоки со 92:89. Малку недостасуваше Торонто да ја испушти предноста од 25 разлика (71:46) од средината на третиот период бидејќи Милвоки во финишот имаше минимална предност (80:78 и 82:80). Сепак на крајот Торонто ја постигна четвртата победа во серијата. Најефикасен кај победникот беше Де Мар Де Розан со 32 поена, додека на дуелот најпрецизен беше Јанис Антетокунбо со 34 поени. Во полуфиналето Торонто ќе игра против Кливленд. Сан Антонио како гостин го победи Мемфис со 103:96 и оствари триумф од 4-2 во серијата од првото коло. Каваи Ленард и Тони Паркер беа најдобрите поединци кај „спарси“ Ленард постигна 29 поени, а Паркер 27. Најефикасен кај Мемфис беше Мајк Конли со 26 поени. Сан Антонио во полуфиналето ќе игра против Хјустон. Резултат Источна Конференција: Милвоки – Торонто 89:92 (2-4 во победи). Резултат Западна Конференција: Мемфис – Сан Антонио (2-4). Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНа покана од Рубио, Муцунски во Вашингтон на министерска конференција „Подемот на политичкиот тероризам“Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, на покана на американскиот државен секретар Марко Рубио, денеска и утре ќе престојува во дводневна работна посета на Вашингтон.Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, на покана на американскиот државен секретар Марко Рубио, денеска и утре ќе престојува во дводневна работна посета на Вашингтон, каде што ќе учествува на министерска конференција посветена на заканите од политичкиот тероризам. Состанокот, како што соопшти министертвото, ќе обедини високи претставници од повеќе од шеесет држави, со цел унапредување на меѓународната соработка и зајакнување на институционалната подготвеност за справување со современите форми на политички мотивирано насилство и тероризам. Во фокусот на разговорите ќе бидат транснационалниот карактер на политичкиот тероризам, радикализацијата во дигиталната ера, како и потребата од зајакната меѓународна координација во превенцијата и раното препознавање на заканите.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЗеленски предложи нов премиер на УкраинаУкраинскиот претседател Володимир Зеленски во средата го предложи шефот на државната енергетска компанија „Нафтогас“ за нов премиер, пренесува германската агенција ДПА. Парламентот ја доби номинацијата за Серхиј Корецки, соопшти претседателот на ова тело, Руслан Стефанчук, на социјалната мрежа Фејсбук. Стефанчук не соопшти кога Врховната рада ќе гласа за неговото потврдување, но се очекува гласањето да се одржи уште во четврток, пренесува ДПА. Зеленски во неделата изјави дека има намера да ја реорганизира владата со цел да ги зајакне односите со клучните меѓународни партнери.Тагови: Володимир Зеленски украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИран нападна цели во Бахреин и Кувајт по новите американски удари и поморската блокадаСАД го напаѓа Иран петти ден по ред, насочувајќи се кон крајбрежната одбрана и ракетни бази откако повторно воведоа поморска блокада на иранските пристаништа.До рано утрово во четврток на Блискиот исток, сирените се огласија во Бахреин, а Кувајт соопшти дека реагира на „непријателски закани со беспилотни летала“ откако Иран вети дека ќе одговори на американските напади. Главниот преговарач на Иран, Мохамед Бакер Калибаф, изјави дека Техеран е во „егзистенцијална војна“ против САД и дека неговата безбедност зависи од контролата на Ормутскиот теснец. Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека Иран сака да се смири и дека наскоро ќе биде поразен.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook