МакедонијаТоплото време може да предизвика колапсиВремето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, во западните делови ќе има услови за локална појава за краткотраен дожд со ретки грмежи.Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од 13 до 21, а дневната од 32 до 37 степени. Од итната помош велат дека топлото време може да предизвика колапси – краткотрајно губење на свеста. Најзасегнати се хронично болните кои редовно треба да ја примаат терапијата и да избегнуваат излегување надвор од 10 до 18 часот. Во скопје дневната темпеаратура ќе се искачи до 37 степени. А вo петок попладне ќе настапи значителна промена на времето кога на повеќе места ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и со грмежи. Локално ќе има услови за појава на невреме.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница за опозициски прашања во Собранието08:38Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
МакедонијаСедница за опозициски прашања во СобраниетоСобранието денеска ќе ја одржи 111. седница, на чиј дневен ред се вкупно 22 точки, меѓу кои и Законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во трето читање.На денешната собраниска седница, на дневен ред се и опозициските пратенички прашања. Пред пратениците се и Законот за изменување на Законот за Царинската тарифа, во трето читање, Предлог на законот за соодветна и правична застапеност во второ читање, Предлог на законот за високото образование, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди, Предлог на законот за обезбедување на квалитет во високото образование и науката, Предлог на законот за научноистражувачката дејност, сите во прво читање, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард и Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030 година, Предлог на закон за изменување на Законот за супервизија на осигурување, и двата по скратена постапка, Предлогот на завршна сметка на Буџетот на Република Македонија за 2025 година. Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалСП2026- Полуфинале :Фаворизираната Франција немоќна пред фуриозната ШпанијаЕвропскиот шампион Шпанија е првиот финалист на 23 фудбалски Мундијал во Северна Америка.Во премиерното полуфинале во Далас црвената фурија одржа вистински час по супермодерн фудбал и без многу мака ја декласираше фаворизираната Франција со 2-0. Најдобриот напад на Мундијалот беше неможен пред најдобрата одбрана на првенството, Шпанија останува со само еден примен гол во досегашниот тек од шампионатот. Франција важеше за фаворит на овој натпревар, како и на многу претходни, сè додека топката не тргна од центарот... Од првата до последната минута, на теренот во Далас постоеше само еден тим, оној на Шпанија. Головите вредни второ финале за Шпанија во историја ги постигнаа Микел Ојарзабал од пенал во 22-рата минута и Педро Поро во 58- минута. Црвената фурија со докторска игра по целиот терен го матираше „најдобриот француски тим на сите времиња“. Шпанија сега на финалето во Њу Џерси на 19 јули ќе го очекува победникот од вечерашната полуфинална пресметка меѓу бранителот на светскиот трон Аргентина и европскиот вицешампион Англија. Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоСончево и многу топло, попладне услови за изолирана појава на нестабилностОд Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така, сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени. И во следните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Особено топло ќе биде во петок и за време на викендот кога температурите секаде ќе бидат над 32 степена.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница за опозициски прашања во Собранието08:38Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55