Топлотниот бран го вклучи црвениот аларм за заштита на здравјето - Канал 5

Топлотниот бран го вклучи црвениот аларм за заштита на здравјето

Изгор топлото време ги активира здравствени препораки за повозрасните лица, но и за заштита на работниците во услови на екстремен топлотен бран, да не се излегува и да не се работи на отворено од 11 до 17 часот. 

Топлотниот бран го вклучи црвениот аларм за заштита на здравјето

Додека надлежните тврдат дека инспекторите се на терен за да проверат дали работодавците ги тераат градежниците да работат иако тоа не се препорачува, граѓаните што морале да излезат дури и кога надвор топлометарот надминува 40 Целзиусови степени велат дека се разладуваат со шише вода, среќни се кога во автобусот има клима, а итаат побрзо да завршат работа и да се вратат дома.

Треба да се почитуваат. Времето е такво какво што е, мора да се почитува. Опасно е, особено за нас повозрасните.

-Зависи кој како има потреба, ако мора да искочи кој како има потреба. Ако му е неоходно, на пример мора да оди на лекар. Еве јас сум со велосипед, на брзина завршувам работа, одам дома под сенка, па во Сарај ќе шетам покрај река. Убав е пензионерскиот живот? Супер, со шишиња се плискам, па ќе си седнам на столица, милина.

-Со вода се разладувам. Со автобус одам каде што има клима, а, инаку не излегувам.

-Дали ќе се почитуваат мерките? Да се почитуваат, не верувам, тоа да е јасно.

Сепак, Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши тврди дека ќе се санкционира непочитувањето на одлуката на Владата за заштита на работниците.

Мерките, освен одложување на работниот процес во критичните топли часови, вклучуваат работа од далечина, флексибилно или двократно работно време каде што е изводливо, а синоптичарите очекуваат крај на овој топлотен бран. Утре попладне, според прогнозите, ќе има грмежи, ќе врне дожд, ќе дува силен ветер, па не се исклучува и можноста за поголемо невреме.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ренџ Ровер е запален во центарот на Скопје

На 28.06.2026 во 04:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Центар било опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки.

Ренџ Ровер е запален во центарот на Скопје

На 28.06.2026 во 04:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Центар било опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Б.(54) од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје. Повредени лица нема. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Изолацијата што ја спроведува Мицкоски - додека тие имаат бугарски пасоши, граѓаните чекаат со часови на граница

Додека граѓаните стојат по неколку часа во редици на јужната граница, чекајќи да влезат или да излезат од Македонија, Христијан Мицкоски и неговата Влада продолжуваат да ја изолираат државата.

СДСМ: Изолацијата што ја спроведува Мицкоски - додека тие имаат бугарски пасоши, граѓаните чекаат со часови на граница

Денеска на Богородица се чека со часови, има километарски колони.

Ова е директна последица од политиката на изолација што ја спроведува ВМРО.

За само две години, Мицкоски успеа да ги влоши односите со соседите, да ја блокира европската интеграција и да ја претвори Македонија во слепо црево на Балканот.

Граѓаните сега ја плаќаат цена за тоа секој ден, на границите, во економијата и во изгубените можности за нивните деца.

Додека највисоките функционери на ВМРО и нивните семејства си обезбедија бугарско државјанство и пасоши, и слободно и без чекање патуваат низ Европа, обичните граѓани се понижуваат со часови чекање на границите.

Оваа изолација не е случајна.

Таа е дел од стратегијата на ВМРО-ОКГ да се заштити од одговорност.

Со затворање на државата и создавање на наратив за „надворешни непријатели“, Мицкоски се обидува да го скрие економскиот колапс, празниот буџет и фактот дека веќе нема пари ниту за пензии.

СДСМ уште еднаш повторува:

Изолацијата на Македонија не е патриотизам!, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цветановски: 2 години Тошковски- распад на безбедносниот систем, партизација, заштита на криминалци и шпионирање на граѓаните

По две години Влада на Мицкоски, резултатот на Панче Тошковски е поразителен: распад на безбедносниот систем, партизација и неказнивост.

Цветановски: 2 години Тошковски- распад на безбедносниот систем, партизација, заштита на криминалци и шпионирање на граѓаните

Тошковски ветуваше правда. Велеше: „Брат да ми е, ќе одговара.“ По две години, никој не одговара.

Нема одговорност за криминалните афери и скандали на власта.

Две години МВР на Панче Тошковски не го гони криминалот. Го штити криминалот на власта.

Пет тони дрога поминаа преку македонската граница. Никој не одговараше. А поминаа цели шест месеци.

Две години граѓаните на Македонија се сведоци на убиства, трагедии, вооружени пресметки, криминал, семејно и врсничко насилство, на распад на безбедниот систем.

Најголемата болка е трагедијата во Кочани, каде што згаснаа 63 човечки животи, претежно млади луѓе.

Но, наместо целосно расветлување на случајот, правда и одговорност, јавноста виде обиди за прикривање на одговорноста и заштита на актуелни функционери.

Никој не одговара, правда нема. Одговорност нема.

А нема ниту превенција.

Во Скопје беа убиени млада жена и дете, покрај повеќе од десет претходни пријави до МВР на Тошковски не се постапувало навреме.

Во Велес исто така беше убиена жена и нејзиниот татко, МВР на Тошковски не реагирале.

Во Старо Нагоричане сериски убиец со години убивал жени пред МВР конечно да реагира.

Семејното насилство стана секојдневие, а МВР на Тошковски сè почесто потфрлаат токму таму каде што треба да ги заштитат граѓаните.

Тошковски создаде партиска полиција. Искусни полициски службеници се деградираат и преместуваат, а партиски подобните кадри се наградуваат.

Нема одговорност за никој.

Нема ниту за Симе, од сликите со Мицкоски, кој јавно пукаше со автоматско оружје.

Нема одговорност ниту за бодигардот на Мицкоски кој беше фатен како продава службени информации за пари.

Другиот негов бодигард пак доби условна казна за семејно насилство.

И наместо да ги штитат граѓаните, Мицкоски и ВМРО-ОКГ одат чекор понатаму. Воведуваат државен шпионски софтвер за следење на сопствените граѓани - Pegasus.

Наместо да се борат против криминалците, тие сакаат да ги шпионираат граѓаните.

Тошковски останува министер само затоа што зад него стои Христијан Мицкоски, а тие меѓусебно се штитат од каква било одговорност.

Македонија заслужува професионална полиција, функционален безбедносен систем и институции во кои законот важи еднакво за сите, рече Симона Цветановски – членка на ИО на СДСМ..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер