СДСМ: Арамијата Мицкоски најавува поскапување на струјата, вели за три години ќе биде подобро, иста бајка - стап и морков
2СДСМ: Арамијата Мицкоски најавува поскапување на струјата, вели за три години ќе биде подобро, иста бајка - стап и морков
3Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје
БалканТоплотен бран и бури на Балканот: Загреб и Бихаќ погодени од невремеТурција, Србија и Романија со температури до 41 степен, Загреб и Бихаќ погодени од невреме.Балканските земји се соочуваат со екстремни временски услови, вклучувајќи високи температури, силни ветрови и невреме, што предизвикаа значителни последици во регионот, според извештаите на локалните метеоролошки служби и медиуми. Турција се подготвува за нови топлотни бранови, при што температурите во повеќе региони, вклучувајќи ги Одрин, Баликесир, Измит, Маниса, Ајдин, Денизли, Килис, Шанлиурфа, Дијарбекир, Батман и Адијаман, се очекува да надминат 40 целзиусови степени. Според турската Метеоролошка служба, температурите ќе бидат за шест степени повисоки од вообичаените за овој период, со пик в среда. Експертите ги повикуваат граѓаните, особено постарите лица, децата и хронично болните, да избегнуваат излегување на отворено во пладневните часови поради зголемен здравствен ризик. Во југоисточна Турција е издадено и предупредување за силни ветрови со брзина над 60 км/ч. Во Србија, по „тропската“ ноќ, дневните температури достигнуваат до 40°C, особено во јужните, источните и југоисточните делови, каде е активиран црвен метео аларм за екстремни горештини. Во северните и североисточните региони се очекуваат врнежи и грмотевици, со жолт код за дожд. Српските метеоролози најавуваат промена на времето од вторник, со циклон што ќе донесе разладување, врнежи и грмотевични бури на запад, додека југот и истокот ќе останат топли. Локално се можни обилни дождови и град. До среда температурите ќе паднат на 22-23 степени, а до петок на околу 25 степени. Романија, исто така, е погодена од топлотен бран, со црвен метео аларм за горештини во Букурешт и 14 окрузи во јужниот дел, каде температурите ќе достигнат 38-41 степен, засилени со висока влажност над 80 отсто. Во овие области се очекуваат „тропски ноќи“ со температури над 20 степени. Портокалов метео аларм е во сила за централна, источна и североисточна Романија, со температури од 36-38 мстепени, додека жолт код важи за северозападните и крајните југоисточни делови, со максимални температури од 33-36 степени. Властите во Букурешт испратија предупредувања преку системот Ро-Алерт, а Министерството за здравство ги повика службите за итна помош да се подготват. Пожарникарите ги советуваат граѓаните да избегнуваат палење оган во суви области и да внимаваат при фрлање отпушоци. Во Грција, властите воведоа задолжителни паузи за работа од пладне до 17 часот за физички труд на отворено и услуги за достава на храна во региони каде температурите надминуваат 40 степени. Топлотниот бран се очекува да трае до четврток. Во Атина не се воведени вонредни мерки, а властите преземаат долгорочни мерки за справување со климатските промени, вклучувајќи рекордно распоредување на пожарникари. Во меѓувреме, невреме предизвика хаос во Загреб, каде силен ветер, дожд и грмотевици предизвикаа значителна материјална штета. Во населбите Травно и Дугаве, дрвја и гранки паднаа врз паркирани автомобили и сообраќајници, предизвикувајќи прекини во сообраќајот. Загрепскиот електричен трамвај (ЗЕТ) соопшти дека автобусите на линиите 109 и 220 сообраќаат по скратени траси. Метеоролозите велат дека ова е почеток на ладен фронт што ќе се прошири низ регионот, при што температурите во Загреб паднаа за шест степени во рок од еден час. Слично невреме утрово го погоди Бихаќ околу 10:30 часот, предизвикувајќи материјална штета поради силен ветер и дожд. Метеоролозите во Босна и Херцеговина најавуваат сончево време со повремени локални врнежи и грмотевици, со дневни температури од 28 до 34 степени, а на североисток до 37 степени. Тагови: невреме Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на зависности и насилствоПолициски службеници од полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Кочани, Делчево и Берово на повеќе локации во централните градски подрачје спроведоа превентивни активности „Ако пиеш, не вози“ и „Не користи мобилен телефон додека возиш“.Денеска (16.10.2026) полициски службеници од полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Кочани, Делчево и Берово на повеќе локации во централните градски подрачје спроведоа превентивни активности „Ако пиеш, не вози“ и „Не користи мобилен телефон додека возиш“. На возачите им беа посочени последиците кои можат да настанат доколку користат мобилен телефон додека возат, како и санкциите за ваквите прекршоци, а посебен акцент беше ставен на свесноста кај возачите да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Превентивна активност од областа на сообраќајот спроведе и Одделението за превенција при СВР Скопје на територија на ПС Чаир, каде во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, низ непосредна комуникација, на возачите им беше укажано на потребата од целосно почитување на сообраќајните правила и прописи, со посебен акцент на почитување на брзината на движење, а беа информирани и за функционирањето на „Безбеден град“. Одделението за превенција при СВР Скопје во ООУ „Стив Наумов“, на подрачје на ПС Гази Баба, реализира едукативно предавање за заштита од врсничко и сајбер насилство и превенција од зависности. Учениците се запознаа со различните форми на насилничко однесување, облиците и начините на манифестирање на овие девијантни појави, но и за последиците што може да се појават во различни форми. При тоа, на учениците им беа појаснети и начините и методите за навремено превенирање и справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите. Исто така, учениците беа запознаени со штетните последици, но и начините за превенција од зависностите како што се наркотиците, цигарите, алкохолот и игрите на среќа.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Арамијата Мицкоски најавува поскапување на струјата, вели за три години ќе биде подобро, иста бајка - стап и морковПрво рече: нема поскапување на струјата. Тој е „институција“ и гарантира. Штом зине - лаже.Сега цената останува иста до крајот на годината. Нема промени во тарифните блокови. Претходно рече: бараме модел. Еве го моделот. Ќе биде поскапо после Нова година. Денеска самиот рече: за тоа што ќе се случува од 1 јануари, да почекаме што ќе кажат енергетските компании. Не може да ја прејудицира Регулаторната, а он ги постави луѓето, он управува со нив. Значи, најава и лажна изјава. Како и секогаш. Сите знаеме кој ја сака увозот на струја. Кој става броила. Мицкоски–Адамовиќ–Божиновска–Лазаревиќ. Истиот круг. Истите провизии. Истите паметни броила што не се по закон. Народот плаќа. Бандата заработува. Како и сè што Мицкоски ќе каже, секогаш спротивно. Секоја најава на поевтинување резултираше со скок на цените до плафон. Гориво. Храна. Парно греење. Струја. Сега гарантира: за три години ќе се живее подобро. Исти копи-пејст реченици од Вучиќ. Човекот нема ништо свое. Менторот управува со него. Три години по скоро три години мандат. Значи уште една најава за избори. Само уште да најде сателит што ќе фрли ракавица и ќе даде алиби за немање пари во буџетот. Светска банка вели имаме третина од стандардот на ЕУ. Не трета економија. Третина. Минималната плата закована на 26.000 денари. Кошничката со кирија за стан околу 90.000 денари. Три минимални не ја покриваат. А арамијата црта илјада евра и стабилност. Струјата останува иста - додека не поскапи. Животот ќе биде подобар - за три години. Истите бајки. Истиот метод. Цената не се држи со изјави, се држи со производство. Не се задржува цената со увоз, ама арамијата го сака увозот. Цената се задржува реформи, не со изолација. Без ЕУ нема ни зголемување на стандардот ни економска сигурност. Тоа е единствениот пат. Ама Мицкоски не сака ЕУ. ЕУ бара соработка со европското обвинителство, и тоа веднаш. Затоа постојани конфликти. Секогаш некој друг крив, а реформите што се услов за ЕУ не ги споменува уште од 1 јуни кога вети. Додека арамијата бара модел, граѓаните плаќаат поскапи сметки. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДиректорот на БЈБ Јанев во работна посета на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР СкопјеДиректорот Јанев ја нагласи потребата од преземање конкретни мерки за подобрување на материјално-техничките услови за работа, зајакнување на човечките ресурси и унапредување на оперативната функционалност на единицата.Денеска (16.10.2026), директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, заедно со началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски, оствари работна посета на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, каде што разговараше со полициските службеници за актуелните состојби, предизвиците во работењето и можностите за унапредување на сообраќајната безбедност. На средбата се разговараше за расположливите човечки и технички капацитети, сообраќајните предизвици во главниот град, примената на системот „Безбеден град“, како и за потребата од засилени превентивни активности, особено во однос на небезбедното управување со тротинети и мотоцикли. Беше посочено дека бројот на изречени санкции на територијата на Скопје, во периодот од 1 јануари 2026 година до денес, е намален за 33,5 проценти, при што беше нагласена потребата од континуирано следење и анализа на овој показател. Директорот Јанев ја нагласи потребата од преземање конкретни мерки за подобрување на материјално-техничките услови за работа, зајакнување на човечките ресурси и унапредување на оперативната функционалност на единицата. Притоа, истакна дека приоритет остануваат намалувањето на сообраќајните прекршувања, подигнувањето на сообраќајната култура и обезбедувањето побезбедни улици, како и создавањето соодветни услови за професионално и ефикасно извршување на полициските задачи. Во рамки на посетата, директорот Јанев оддаде почит на загинатите полициски службеници Атанас Јанев и Ацо Ангеловски, кои ги загубија животите при извршување на службената должност.Тагови: Александар Јанев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook