Топ листа на најнегостољубивите градови во светот - Канал 5

Топ листа на најнегостољубивите градови во светот

Најнегостољубивите градови на светот според оценката на повеќе од 200.000 читатели на американскиот магазин „Travel and Leisure”, руската престолнина Москва, а потоа следува американскиот град Атлантик Сити.

Топ листа на најнегостољубивите градови во светот
На третото место на оваа листа објавена во магазинот „Економист“ е уште еден руски град, вториот по големината во земјата, Санкт Петербург.

Интересно е што на листата на најнегостољубиви градови на светот се најдоа два града со ова име, еден во Русија, а другиот во САД, во Филаделфија, кој го зазема 30-то место.

Во изборот меѓу 266 градови ширум светот, најбројни меѓу негостољубивите градови се тие од САД, меѓу кои дури шест се најдоа во првите десет, а вкупно 13 на оваа листа.

Читателите одлучија дека на четвртото место се наоѓа францускиот пристанишен град Марсеј.

Од петтото до десеттото место се американските градови Лос Анџелес, Њујорк, Филаделфија, Балтимор и Лас Вегас.

Десеттата позиција му припадна на францускиот град на азурниот брег, Кан.

На 11 место е кинеската престолнина Пекинг, а повторно следуваат два американски градови Мајами и Вашингтон.

На оваа листа се наоѓа и единствениот германски град Франкфурт кој ја зазема 14 позиција, а потоа повторно следуваат американските градови Бостон и Провиденс.

На листата се наоѓаат два италијански градови Неапол на 17 место и Милано на 24 позиција.

Освен Кан и Марсеј на оваа листа се наоѓаат уште два француски града, Ница на 22 место и Лион на 26-то.

Освен Пекинг на листата е уште еден кинески град, Шангај на 27-та позиција.
Уште еден европски град е прогласен за негостољубив, Монте Карло, кој се наоѓа на 28-то место.

Првопласираната Москва на оваа позиција се наоѓа поради големиот сообраќаен метеж, лошата храна и ладниот однос на домаќините спрема гостите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хамнеи ја зголеми борбената готовност: Иран се подготвува за можен нов судир

Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, им нареди на воените команданти да ги ажурираат своите листи со цели и да ја подобрат одбраната, со порака веднаш и ефикасно да одговорат на секоја закана.

Хамнеи ја зголеми борбената готовност: Иран се подготвува за можен нов судир

За време на состанокот со високи воени команданти, Хамнеи нагласи дека високото ниво на борбена готовност за силен одговор кон противниците е еден од клучните предуслови за постигнување максимално одвраќање.

„Доколку непријателите повторно извршат воени или терористички напади, вооружените сили на Исламската Република и иранскиот народ ќе ги одредат времето и условите за нивниот крај“, изјави Хамнеи, според иранската новинска агенција ИРНА.

Според него, ажурирањето на списокот со цели треба да овозможи различни материјални и нематеријални ресурси на Соединетите Американски Држави и Израел да бидат во дофат на иранските вооружени сили.

Хамнеи, исто така, укажал на потребата од зајакнување на воено-разузнавачката инфраструктура, подобрување на одбранбените и безбедносните капацитети преку примена на нови технологии, како и развој на домашните воени капацитети во однос на доктрината и тактиката.

Зборувајќи за состојбата во регионот, тој ја пофалил, како што се наведува, истрајноста на „фронтот на отпорот“ во различни земји, оценувајќи дека единството на неговите членови има стратешко значење за обликување на нов политички и безбедносен поредок во Западна Азија.

Пораките на Хамнеи доаѓаат во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Техеран, придружени со постојани закани од страна на САД за можни нови воени напади по изборите за американскиот Конгрес на 3 ноември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Околу 280.000 домаќинства во Украина останаа без струја

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека околу 200.000 домаќинства во Днипро и околните области, како и повеќе од 80.000 домаќинства во регионот на Киев, останале без електрична енергија по руските напади.

Зеленски: Околу 280.000 домаќинства во Украина останаа без струја

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека околу 200.000 домаќинства во Днипро и околните области, како и повеќе од 80.000 домаќинства во регионот на Киев, останале без електрична енергија по руските напади врз енергетската инфраструктура.

Зеленски на платформата „Икс“ (X) наведе дека во текот на ноќта руски беспилотни летала ја погодиле термоелектраната во Киев, четири електрични потстаници во Днипропетровската област и термоелектраната во Шостка. Според него, цел на нападот била и железничката инфраструктура во Днипро и Харков, како и еден дистрибутивен објект во Днипропетровската област.

Екипи за поправка работат на отстранување на последиците од нападот и на воспоставување на снабдувањето со електрична енергија, рече Зеленски. Истовремено, тој ја повика меѓународната заедница да ѝ пружи дополнителна поддршка на Украина, предупредувајќи на опасноста од понатамошно проширување на руската ескалација во Европа. Тој побара нови пакети помош за Украина и воведување дополнителни санкции против Русија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Три маскирани лица ограбиле обложувалница во Чаир

Ограбена обложувалница во Чаир, тројца вооружени со маски му се заканувале на вработениот.

Три маскирани лица ограбиле обложувалница во Чаир

Три маскирани лица ограбиле спортска обложувалница на подрачјето на Чаир во Скопје, при што со огнено оружје му се заканувале на вработениот, објави ТВ21. Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен на 30 октомври, во 23:54 часот.

„Три лица од машки пол, со закана со огнено оружје, му ги одзеле на вработениот парите од дневниот промет“, соопшти МВР.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и идентификување на сторителите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер