Топ 5-те најбогати луѓе во историјата!! - Канал 5

Топ 5-те најбогати луѓе во историјата!!

Кои се најбогатите луѓе на светот во историјата?! Многумина на ова прашање би одговориле Бил Гејтс или Ворен Бафет, но не се во правo.

Топ 5-те најбогати луѓе во историјата!!
5. Осман Али Кан, Асаф Јах VII
Како Низам од Хајдербад, Осман 37 години владеел со оваа индиска држава. За неговото владеење е забележан силен развој на инфраструктурата. Донирал значителни финансиски средства за образовните институции, кога умрел во 1967 година, имал седум жени, 42 конкубини и богатство кое денес би изнесувало 230 милијарди долари.

4. Вилијам Хенри Вандербилт
Синот на Корнелиус Вандербил, кој го сметал за некомпетентен завршил на фарма во Стејт Ајленд. Веднаш по пристигнувањето започнал прогресот на фармата. Потоа неговиот татко дури го повикал Вилијам на ист начин да ја реорганизира и железницата во Лонг Ајленд, што го сторил успешно. Умрел само осум години по својот татко, неговиот имот денес би вредел 239 милијарди долари.

3. Никола II
Никола Втори бил цар на Русија од 1894 година па се до прогонувањето во 1917 година. По почетокот на граѓанската војна тој е убиен од страна на болшевиците. За време на својот живот Никола Втори собрал имот кој денес би вредел 300 милијарди долари.

2. Ендру Карнеги
Индустријалецот и железарскиот тајкун Ендру Карнеги бил еден од најбогатите бизнисмени на светот во 19 век. Прво вработување му било работник во фабрика, но од 1889 година е сопственик на најголемата компанија за производство на железо. Во 1901 година ја продал компанијата за повеќе од 200 милиони долари, што на денешниот пазар би изнесувало околу 310 милијарди долари.

1. Џон Д. Рокфелер.
Често го нарекуваат татко на нафтениот бизнис. Започнал како книговодител со 16 години, во почетокот на 1860 година влегол во нафтениот бизнис. До 1868 година неговата рафинерија станала најголема на светот, две години подоцна ја формира компанијата „Стандард Оил“. Неговото богатство денес би вредело околу 340 милијарди долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 13.11.2026 во 23:10 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода М.Д.(29) од Скопје. 

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, извршен со наредба од Основен кривичен суд Скопје, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и дигитална вага. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриевски од Неготино: Европскиот извештај е најверодостојниот доказ за резултатите на ЗНАМ!

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија продолжува со средбите со граѓаните низ државата, на кои се презентираат резултатите од изминатите две години работа и придонесот на избраните и именувани функционери од редовите на Движењето.

Димитриевски од Неготино: Европскиот извештај е најверодостојниот доказ за резултатите на ЗНАМ!

Во рамки на панел-дискусијата под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“, која се одржа во Неготино, се обратија претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, координаторот на пратеничката група на ЗНАМ и член на Извршниот одбор, Бобан Карапејовски, директорот на Агенцијата за планирање на просторот, Александар Гелевски, како и државниот секретар во Министерството за земјоделство, сточарство и водостопанство, Надица Џерковска.

Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакна дека Извештајот на Европската комисија за 2026 година е доказ за напредокот и предизвиците во клучните области од работењето на институциите, посочувајќи дека во областите во кои ЗНАМ има свои функционери е нотиран значаен напредок.

„Резултатите не се мерат според тоа колку гласно зборувате за нив, туку според тоа што навистина сте го направиле. Европскиот извештај е најверодостојниот доказ за оценување на институционалниот напредок, а ЗНАМ преземените одговорности ги преточи во конкретни промени и подобри институции.“ истакна Димитриевски.

Во таа насока, тој се осврна на резултатите во областите на правосудството, јавната администрација и дигиталната трансформација.

Извештајот на Европската комисија нотира напредок во повеќе сегменти, меѓу кои усвојувањето на новиот Закон за Судскиот совет, надградбата на

Информациониот систем за за управување со човечките ресурси и проширувањето на понудата на електронски услуги за граѓаните.

Димитриевски посочи дека ЗНАМ е единствената партија која ги презентира резултатите од работата на своите функционери пред граѓаните, нагласувајќи ја важноста на отчетноста како принцип на политичкото и институционалното дејствување.

„Отчетноста значи да застанете пред граѓаните, да кажете што сте ветиле, што сте реализирале и што останува да се направи. Тоа е суштината на јавната одговорност. Нашите средби не се само осврт на изминатиот период, туку и можност отворено да се разговара за следните чекори и за обврските што ги преземаме“ нагласи претседателот на ЗНАМ.

Димитриевски нагласи и дека активно се спроведуваат активностите предвидени со Акцискиот план за 2026 година на Движењето ЗНАМ, со посебен акцент на организациското јакнење. По формирањето на Клубот на млади, во наредниот период следува и формирањето на Клубот на жени, како дел од планираните активности за развој на партиската структура.

Движење ЗНАМ останува посветено на политиката на отчетност, одговорност и исполнување на преземените обврски, затоа што довербата на граѓаните не се бара со зборови, таа се гради со работа и се оправдува со резултати.

Центар за комуникации и аналитика

ЗНАМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судир на танкер и крузер во Њу Орлеанс: Најмалку 32 повредени (ВИДЕО)

Нафтен танкер се судри со речен крузер во пристаништето во Њу Орлеанс во американската сојузна држава Луизијана.

Судир на танкер и крузер во Њу Орлеанс: Најмалку 32 повредени (ВИДЕО)

Во несреќата се повредени најмалку 32 лица, кои се пренесени в болница.

Американските медиуми пренесуваат дека крузерот „Американ Херитиџ“, кој пловел по реката Мисисипи, пристигнал во пристаништето во Њу Орлеанс и патниците почнале да се симнуваат од него, кога од засега не познати прични во бродот танкер за нафта.

По сударот, крузерот, на кој имало 129 патници и околу 20 членови на екипажот, се превртел. Спасувачките екипи успеале да ги извлечат сите патници.

Хелена Морено, градоначалничка на Њу Орлеанс, на прес-конференција изјави дека сите се спасени.

„Од нив, 32 лица се пренесени во болница, но никој од нема критични повреди“, изјави Морено, нарекувајќи го настанот „чудото на Мисисипи“.

Крајбрежната стража на САД соопшти дека дел од реката е затворен за секаков вид пловен сообраќај.

Не е познато како дошло до несреќата. Гувернерот на Луизијана, Џеф Лендри, изјави дека е во тек „активна истрага“ за судирот.

„Сакаме да се осигураме дека оваа истрага ќе биде спроведена темелно и дека точно ќе дознаеме што се случило, за да можеме да ги решиме проблемите и да гарантираме дека Мисисипи ќе остане многу безбедно место“, истакна Лендри.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер