Топ-20 листа на среќни градови во светот

Што го прави човекот среќен во својот град? Некои луѓе сакаат зелени површини, други - жив ноќен живот, а трети, пак, би сакале хармонична рамнотежа на тие два фактора...

Како и други нешта коишто што треба да се земаат предвид. Индексот на среќни градови ги анализира сите тие фактори за да го процени квалитетот на животот на жителите во еден град.

Во истражувањето, се вели дека животот и чувството на среќа кај луѓето може да се групираат во пет категории: Граѓани, управување, животна средина, економија и движење.

Градовите во Европа целосно доминираат меѓу првите 20 оваа година. Вкупно 19 од првите 20 на топ-листата најсреќни градови во светот, се европски, но градот Архус - вториот по големина во Данска, осамна на врвот. Можеби не е толку познат како Копенхаген (којшто се најде на место бр. 8), но веќе е познат како „Градот на насмевките“, главно благодарение на радоста што луѓето ја чувствуваат - меѓу другото и поради неговата единствена местоположба - на врвот на еден рид.

Освен двата дански града, на топ-20 списокот се наоѓаат и: Цирих, Швајцарија; Берлин, Германија; Готенбург, Шведска; Амстердам, Холандија; Хелсинки, Финска; Бристол, Велика Британија; Женева, Швајцарија; Минхен, Германија; Стокхолм, Шведска; Ротердам, Холандија; Оулу, Финска; Виена, Австрија; Единбург, Велика Британија; Рејкјавик, Исланд; Алборг, Данска; Минеаполис, САД; Базел, Швајцарија и Алесунд, Норвешка.

Почина глумецот Бил Кобс

Американскиот глумец Вилберт Франциско - Бил Кобс, познат по улогите во филмовите „Големиот скок“, „Телохранител“ и „Ноќ во музејот“, почина на 90-годишна возраст, објави неговиот публицист Чак И. Џонс.

Роден во Кливленд, Охајо, САД, Бил Кобс остави длабока трага во Холивуд со удел во над 200 филмски и телевизиски улоги. Кобс е особено успешен во обаста на телевизијата, појавувајќи се во серии како „Сопранови“, „Западно крило“ и „Улицата Сезам“. Своите последни часови ги мина во неговиот дом во Риверсајд, Калифорнија.

Беше активен глумец до самата своја смрт. Неговата кариера доживеа своевиден подем во неговите подоцнежни години, кога режисерите и продуцентите често го избираа за улоги и ликови на зрелост и мудрост.

Новиот закон што го олеснува стекнувањето германско државјанство од денеска стапува на сила

 Во Германија од денеска стапува на сила новиот закон со кој се олеснува стекнувањето германско државјанство, јави ДПА.

Реформата на законот за државјанство, која беше поттикната од германската владејачка трипартитна коалиција, му дава можност на лицето да стане германски државјанин, а во исто време да го задржи државјанството на земјата од која потекнува. Досега, зачувувањето на државјанството на земјата на потекло беше можно само за граѓаните од другите земји од Европската унија.

Според законските измени кои стапуваат на сила, луѓето кои ги исполнуваат сите други услови можат да аплицираат за германско државјанство по пет години престој во Германија. Досега условот беше осум години престој.

Децата кои се родени во Германија од родители странци ќе добијат германско државјанство доколку едниот родител легално престојувал на германска територија пет години.

Доколку барателот за државјанство покаже „посебни достигнувања во интеграцијата“, како што се особено добри перформанси на работа или училиште или покажува висок степен на социјална посветеност, тој може да добие државјанство по три години престој во Германија.

Освен тоа, на Германците кои сакаат да добијат државјанство на друга земја повеќе нема да им треба посебна дозвола од германските власти.

Најмногу дожд наврнал во Крива Паланка, Тетово и Скопје

 Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Крива Паланка - 66 литри на метар квадратен, потоа во Тетово - 52, Скопје, кај Петровец - 18 и Штип и Виница по седум литри на метар квадратен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Од УХМР, нагласуваат дека дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР, но поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

ж

Минималните измерени температури изутринава во 8:00 часот се Крива Паланка 14 степени целзиусови, Берово - 15, Скопје-Петровец, Виница и Крушево - 17, Тетово и Штип - 18, Демир Капија, Претор и Охрид - 19, Струмица - 21, Битола - 22 и Гевгелија - 23 степени целзиусови.

Времето во првата половина од ноќта во северните делови од земјава беше нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме. Утрово е сончево со мала до умерена облачност.

Денеска не очекува променливо облачно и нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи. На повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време(над 30л/м2), грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени. UV=6

Во Скопје променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе достигне 32 степена.

притисни ентер