Мицкоски: Владата не е на комфор, туку на резултати – функцијата е одговорност што секој ден повторно се заслужува
1Мицкоски: Владата не е на комфор, туку на резултати – функцијата е одговорност што секој ден повторно се заслужува
3Герасимовски: Започна исплатата на субвенциите за велосипеди, повикот за дополнителна опрема е сè уште активен
3Лолеска: Едно ваше „да“ пишува нови поглавја во нечиј недовршен живот - може да спаси едно дете, нечија мајка, татко, брат или сестра
ЖивотТоп-10 земји за туризам без алкохол Групните тури без алкохол и ноќевањата без алкохол се вообичаена понуда за патувања ширум светот, но некои дестинации се природно подобри за „трезните патници“ од други.Во таа смисла, ново истражување од „Лантана рикавери“ - установа за рехабилитација од Чарлстон, Јужна Каролина, САД, го испитува бројот безалкохолни активности, потрошувачката на алкохол по глава на жител, севкупните здравствени оценки, јавната безбедност и законите за алкохол во повеќе земји ширум светот. Секоја дестинација потоа добивала оценка од 1 до 100, што го обликувало конечниот ранг. Така, Исланд е најпогодната земја за туристите кои не користат алкохол. Меѓу другото и во однос на личната и јавната безбедност. Италија, пак, имала најниска оценка за појавата на зависност од алкохол, од 0,6 отсто, со што го зазеде второто место, а Норвешка е трета, најмногу поради квалитетот и бројот закони за алкохол. Европа всушност има шест од првите 10 места на топ-листата. Најдобри 10 земји за патници кои не пијат алкохол, се: Исланд, Италија, Норвешка, Данска, Јапонија, Швајцарија, Австралија, Сингапур, Нов Зеланд и Холандија./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Владата не е на комфор, туку на резултати – функцијата е одговорност што секој ден повторно се заслужуваПремиерот Христијан Мицкоски пред пратениците во македонското собрание. „Почитуван претседател на Собранието, Почитувани пратеници, Почитувани граѓани, Пред вас стои предлог за разрешување на дел од министрите. Веднаш да ви кажам, сите до еден се луѓе со достоинство, луѓе со своја чест и пред се чесни луѓе. Сите ние и перцепцијата за нас ја градиме од одлуките кои ги носиме. Тоа сме ние со сите свои предности, маани, и со своето разбирање за состојбите. Од првиот ден кога ја презедовме одговорноста кажав дека оваа Влада нема да биде влада на комфор, туку влада на резултати. Нема да биде влада во која функциите ќе се сметаат за стекнато право, туку за обврска што секој ден повторно мора да се заслужува. Тоа не беше политички слоган. Тоа беше принцип. И денес покажуваме дека тој принцип важи подеднакво за сите. Функцијата никогаш не била и никогаш нема да биде цел сама по себе. Функцијата е средство преку кое му служите на народот. Довербата што граѓаните ја дадоа пред две години не му припаѓа ниту на премиерот, ниту на министрите, ниту на која било политичка партија. Таа доверба им припаѓа единствено на граѓаните. Ние сме само привремени чувари на таа доверба. И затоа имаме обврска постојано да се преиспитуваме. Да проценуваме дали можеме повеќе. Дали можеме подобро. Дали можеме побрзо. Влада што престанува да се преиспитува, почнува да стагнира. А влада што стагнира, ја успорува и државата. Нашата цел никогаш не била само да управуваме. Нашата цел беше да менуваме. Да ги менуваме институциите, навиките. Да ја менуваме политичката култура. Да покажеме дека во Македонија конечно може да постои власт која нема да се плаши да носи одлуки, дури и кога тие не се лесни. Затоа денес не гледајте на оваа реконструкција како на крај на нечија работа. Го велам затоа што граѓаните заслужуваат јасно да ја видат разликата. Разликата меѓу политика што се задоволува со изговори и политика што носи резултати. Разликата меѓу оние што ветуваа промени и оние што денес секојдневно ги реализираат. И токму затоа, пред да ги предложам новите министри, чувствувам обврска да им се заблагодарам на луѓето кои во изминатиот период чесно, посветено и одговорно ги извршуваа своите функции. Затоа што во оваа Влада не постои заборав за вложениот труд. Постои почит кон резултатите. И постои убедување дека секој што чесно работел за државата заслужува благодарност. Една од најважните лекции што ја научив низ политиката е дека зрелоста на една Влада не се гледа само во тоа како избира луѓе, туку и во тоа како се разделува од нив. Во политиката најлесно е да се заборави. Најлесно е да се препише секој успех само на актуелниот момент, а секој предизвик на оној што бил пред нас. Јас нема да го правам тоа. Затоа што секој човек кој чесно, професионално и со чувство на одговорност ја извршувал својата должност заслужува почит. Денес не се збогуваме со луѓе кои не работеле. Напротив. Денес им оддавам признание на луѓе кои во различни околности, во различни ресори и со различни предизвици дадоа свој придонес во реализацијата на програмата за која граѓаните ни ја дадоа довербата. И вие од опозицијата ќе зборите со флоскули и невистини, а јас со конкретни бројки и резултати. На Зоран Љутков сакам искрено да му се заблагодарам за работата што ја направи во Министерството за култура. Кога ја презеде функцијата, ресорот беше оптоварен со наследени долгови, недоволни средства и институции кои предолго работеа во неизвесност. Денес состојбата е суштински поинаква. Буџетот за култура е зголемен од 768 милиони денари во 2023 година на повеќе од 1 милијарда и 70 милиони денари во 2026 година. Буџетот за туризмот е зголемен од 58 милиони на 187 милиони денари, што претставува повеќе од тројно зголемување. Исплатени се наследени долгови од 273 милиони денари, а дополнително се обезбедени 149 милиони денари за програмски активности, проекти и поддршка на културните институции и општините. Но најголемиот резултат не се бројките. Најголемиот резултат е што културата повторно стана државен приоритет. Што уметниците повторно добија партнер во институциите. Што културното наследство повторно доби внимание какво што заслужува. И за тоа му благодарам. Благодарност упатувам и до Цветан Трипуновски. Ресорот земјоделство беше еден од најтешките што ги наследивме. Не само поради состојбите во секторот. Туку поради изгубената доверба кај земјоделците. Доверба што не се враќа со зборови. Туку со дела. Во првите месеци од мандатот беа исплатени речиси 4 милијарди денари заостанати обврски. Од јули 2024 година до денес се исплатени повеќе од 15 милијарди денари финансиска поддршка. Ставивме крај на праксата земјоделците со месеци, па и повеќе од една година, да чекаат за своите субвенции. Од сектор што бележеше просечен пад од 4,4 проценти, денес зборуваме за повторен раст. Но најважно е што државата повторно стана партнер на земјоделецот. Тоа беше суштинската промена. Благодарност упатувам и до Игор Филков. Во Министерството за правда беа подготвени 33 реформски законски решенија за период од само две години. Реформите во правосудството никогаш не се лесни. Тие не носат брзи политички поени. Но тие ја одредуваат довербата во државата. И затоа секој чекор направен во оваа област е важен чекор за иднината. Благодарност и до Азир Алиу, кој раководеше со еден од најсложените ресори во Владата. Здравството е систем што секој ден носи нови предизвици. Тоа е ресор во кој секој успех изгледа мал, а секој проблем изгледа огромен. Токму затоа ја ценам неговата работа и неговата посветеност. Благодарност и до Фатмир Лимани, кој чесно и одговорно го извршуваше својот мандат и даде придонес во работата на Владата. Со Фатмир с епознаваме долго време, сме работеле, работиме и ќе работиме. Почитувани пратеници, Ова не се зборови на формална благодарност. Ова е принцип. Во оваа Влада никој не се брише од историјата затоа што денес завршува една функција. Ниту, пак, некој ќе биде вреднуван според тоа дали останал или си заминал од кабинетот. Единственото мерило ќе остане она што го оставил зад себе. Тоа е политичката култура што сакаме да ја изградиме. Култура во која функцијата не е награда. Не е сопственост, ниту право стекнато засекогаш. Туку привремена должност. Должност што секој ден повторно мора да се заслужува. И токму затоа денес, со искрена благодарност за нивната работа, ја отвораме следната етапа. Не затоа што го негираме сработеното. Туку затоа што сакаме врз тоа што е направено да изградиме уште повеќе. Почитувани пратеници од опозицијата, Денес ќе нè убедувате како треба да се води држава. Но пред да ни делите лекции, погледнете што оставивте зад себе. Ја презедовме државата со разнишани институции, нарушени јавни финансии, закочени капитални проекти, изгубена доверба кај граѓаните и чувство дека државата повеќе нема сила да ги штити сопствените интереси. Имате поранешни министри кои се дел од вашата пратеничка структура, обременети со скандали и сомневања за сторен криминал додека ја извршувале функцијата која ја извршувале. Во вашето владеење премногу често националните интереси беа ставани во втор план. Донесувавте одлуки за кои голем дел од граѓаните сметаа дека се спротивни на националното достоинство и идентитет. Наместо да ја обединувате државата, оставивте длабоки политички и општествени поделби. Промената на уставното име на државата останува една од најконтроверзните политички одлуки во поновата историја. Ние не сме овде за да го менуваме минатото. Но сме овде да не дозволиме повторно да се повтори. Затоа денес ја градиме државата од темелите. Ја враќаме довербата во институциите. Ја стабилизираме економијата. Инвестираме во земјоделството, културата, здравството, инфраструктурата и локалниот развој. Работиме секој ден за да можеме повторно да биде држава што одлучува со самодоверба, што ги штити своите интереси и што се развива со јасен правец. Разликата меѓу нас и вас е едноставна. Вие ја потрошивте довербата што ја добивте. Ние секој ден работиме повторно да ја заслужиме довербата на граѓаните. И токму затоа, денес граѓаните нека судат според нашите дела, а не според зборовите. Токму затоа сакаме да зборуваме за резултатите кои што ги оставивте и резултатите кои што ги остваруваме. Тие се најдобриот одговор на секоја критика и најсилниот доказ за разликата помеѓу две политики и две визии за Македонија. На крајот, ова не е избор само меѓу две политички партии. Ова е избор меѓу две визии за Македонија. Едната визија ја видовме. Визија во која државата беше ослабена, институциите заробени од партиски интереси, а довербата на граѓаните потрошена. Визија во која премногу често личниот интерес беше над државниот, а националните прашања оставаа длабоки поделби што и денес ги чувствуваме. Другата визија е онаа што ја градиме денес. Држава во која институциите му служат на народот, во која чесниот труд се вреднува повеќе од привилегијата, во која законот важи подеднакво за сите и во која успехот се мери според резултатите, а не според политичките врски. Ние не бараме граѓаните да ни веруваат на збор. Бараме да ги споредат двете визии. Да го споредат она што беше со она што денес се создава. Да ги споредат годините на застој со годините на обнова. Верувам дека Македонија заслужува повеќе. Заслужува држава што ќе биде силна, достоинствена и успешна. Држава што нема да живее од минатото, туку ќе ја гради својата иднина со работа, чесност и одговорност. Тоа е онаа татковина во која верувам. Тоа е Македонија за која работиме. И тоа е Македонија што, заедно со нашиот народ, ќе ја направиме посилна отколку што ја затекнавме.“Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Сидни Свини објави секси видео и ги „сруши“ социјалните мрежиХоливудската убавица, сексапилната актерка Синди Свини повторно ги воодушеви фановите на социјалните мрежи. Позната по своите бујни облини и цврсти гради, актерката Сидни Свини ги воодушеви фановите на социјалните мрежи со својата најнова објава. Таа на Инстаграм направи – па, да речеме – жешка промоција на својот бренд за долна облека „Syrn“. Ја немаше подолго време, а потоа се појави на социјалните мрежи и ја „запали'“ јавноста на Инстаграм со едно жешко видео. Таа објави видео во бело чипкасто боди од нејзината најнова колекција, а вниманието на јавноста го привлекоа нејзините провокативни пози што ја разгореа имагинацијата на многумина. Тагови: Синди Свини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото Атрактивната водителка „гори“ во бикини,таа е секс-бомба и има 55 годиниМегапопуларната водителка и членка на светски познато музичко шоу, 55-годишната Аманда Холден со години плени со својот изглед на малите екрани, но и на социјалните мрежи, а нејзините фотографии во бикини се секогаш главна тема.Водителката Аманда Холден често воодушевува со својата прекрасна фигура и смели модни изданија. Со почетокот на летото, Аманда ужива да носи бикини и редовно објавува фотографии на социјалните мрежи. Во интервју за „Дејли мејл“, водителката ја откри и „својата тајна“, со оглед на тоа што, секогаш кога ќе ја видат, сите прашуваат само едно – како е можно да изгледа толку добро во својата шеста деценија. Како што самата истакна, таа го следи советот на Елизабет Харли за еден квалитетен оброк дневно. За појадок обично јаде омлет од белки со спанаќ, фета-сирење и авокадо, пие зелен сок, а потоа не јаде ништо сè до вечерата. „Јас сум вегетаријанка, па мислам дека веројатно затоа сум прилично здрава; ја сакам храната и го сакам алкохолот, особено Аперол во вакво време“, рече таа. Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:5516-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Бистрица на Шар Планина11:10Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29
По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:55
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06