Поранешен ас на Барселона неодамна излезе од затвор, а сега сопругата го напушта,причината шокантна причина
1Поранешен ас на Барселона неодамна излезе од затвор, а сега сопругата го напушта,причината шокантна причина
3Целосен прекин на авионскиот сообраќајот во Брисел - откажани сите летови поради националниот протест
ЗабаваТоп 10:Најглупавите изјави кои Ким Кардашијан ги кажала и останала живаКланот Кардашијан прави се за да го задржи вниманието и тоа им оди од рака со години.Тие се познати затоа што се славни, што е исто како да замислите змија која се јаде самата себе. Луѓето сепак обрнуваат внимание на тоа што Кардашијан го изговараат,а апсолутна победничка на глупавите изави е и најпознатата сестра - Ким. Да, таа навистина ги изговорила овие реченици, не ги измисливме злонамерно. Па еве ги топ 10 најглупави изјави на Ким: *Не влегувајте во океан додека имате менструација затоа што ќе ве нападне ајкула. *Кога би била маж би сакала да знам каков е секс со мене . *Ако породувањето е полошо од ова ќе се обесам. Буквално ќе земам нож и ќе си го пресечам грлото. *Мразам кога жените носат погрешна боја на течна пудра. Тоа е веројатно најлоша работа на светот, кога шминката име премногу светла. *Јас сум Ерменка и секако дека сум опседната со ласерско отсранување на влакната. *Таа (Бритни Спирс) кажа дека ме сака и дека го сака мојот задник и дека сака да биде моја љубовница. Мислам што да кажам на ова освен - не, благодарам. Но, можеби тоа би го сторила за милион долари. *Ќе плачам на крајот на денот, не со свежа шминка на лицето. *На ручек сум и жената на маса покрај мене дои бебе, а не се прекрила. *Никогаш не пиев и не се дрогирав...Знаете, јас имам многу блиско семејство...Мислам и самите знаете дека моите сестри доволно пијатз а целото семејство. *И изнајмив на мајка мајмун на недела дена затоа што имал синдром дека и недостасуваа децата во куќата. via GIPHY Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваПоранешен ас на Барселона неодамна излезе од затвор, а сега сопругата го напушта,причината шокантна причина Поранешниот бразилски фудбалер Дани Алвеш и неговата сопруга Џоана Санз одлучија да стават крај на заедничкиот живот, а една од главните причини за разделбата е неговата сè поголема посветеност на религијата. Веста за нивниот развод ја објави шпанскиот новинар Хави Охоса, кој разговарал со сопругата на Алвеш и дознал детали за нивната одлука. Двојката стапи во брак во 2017 година, а во октомври 2025 година ја добија ќерката Хулиета. Според новинарите, Џоана Санз покренала постапка за развод бидејќи начинот на живот на екс фудбалерот на Барселона го оддалечува сè повеќе од неговото семејство. Во последните месеци, 43 годишниот Алвеш патува низ светот како проповедник и предавач, ширејќи ја евангелската вера. На 25 март 2024 година, Алвеш беше пуштен од затворот „Бријанс“ во близина на Барселона откако плати кауција од еден милион евра, а претходно беше осуден на четири и пол години затвор под обвинение за силување. Сепак, на 28 март 2025 година, Апелациониот совет на Судот на правдата на Каталонија го ослободи од обвиненијата, по што тој стана целосно слободен човек. Тогаш тој целосно ѝ се сврте на религијата. Токму оваа животна посветеност, како што е наведено, довела до сериозно отуѓување од сопругата. Наводно, на Санз не му пречело тоа што тој имал вера, што ја читал Библијата или што одел во црква, но ја вознемирувало тоа што религијата станала центар на неговиот живот, поради што таа се чувствувала осамено и запоставено. „Тоа го оддалечи од неа и од нивната ќерка, а таа се чувствува сосема сама. Таа има разбирање за верата на Дани и не би имала ништо против тој да ја чита Библијата или да оди во црква. Сепак, неговата одлука да му го посвети целиот свој живот на религијата го изолираше од неговото семејство“, пренесува новинарот зборови на сопругата на Алвеш. Според истите изјави, Санц конечно одлучила да стави крај на таквиот однос со зборовите: „Доста е, ми е преку глава, овде завршува сè“. Поранешниот дефанзивец на Барселона, Јувентус и Пари Сен Жермен на тој начин би можел да стави крај на бракот што траеше речиси девет години. Засега, ова се информациите што ги објави еден шпански новинар, повикувајќи се на разговор со Џоана Санц.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалНов проблем за европскиот шампион ПСЖ, поради тешка повреда заврши сезоната Дезире Дуе Еден од најталентираните фудбалери на денешницата ја заврши сезоната! Крилниот напаѓач на Пари Сен Жермен, 21 годишниот Дезире Дуе во саботата навечер трпеше страшн болка откако се повреди на првенствениот натпревар на францускиот гигант против Ница. Крилото на ПСЖ, Дезире Дуе, ја заврши сезоната откако ги скина предните вкрстени лигаменти на натпреварот против Ница, исто како и Квича Кварацхели еден месец претходно. Само еден ден подоцна пристигна ужасната вест. Дезире Дуе ги скинал предните вкрстени лигаменти на десното колено, поради што ќе мора да паузира неколку месеци. Тој ќе биде опериран до крајот на ноември, по што ќе започне периодот на рехабилитација, кој во одредени случаи може да трае и до девет месеци. Секако, Дуе нема да се врати на терените до крајот на оваа сезона. Овој крилен напаѓач на Париз, кој важи за еден од најталентираните фудбалери на планетата, оваа сезона одигра 15 натпревари, при што постигна шест гола и забележа четири асистенции. Се очекуваше тој да биде еден од главните адути на Пари Сен Жермен во продолжението од сезоната, особено со оглед на тоа што Квича Кварацхели е отсутен поради повреда. Пред точно еден месец, Пари Сен Жермен објави дека грузискиот фудбалер ќе мора да паузира подолго време поради скинати предни вкрстени лигаменти – истата повреда што сега ја доживеа и Дезире Дуе. Без овие двајца играчи, ПСЖ ќе биде значително ослабен, особено во Лигата на шампионите, каде што имаат амбиција да ја освојат третата титула по ред.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотПрамен коса од Џорџ Вашингтон продаден на аукција за 4.000 долариПрамен коса од првиот американски претседател Џорџ Вашингтон, кој бил врамен, е продаден на аукција за 4.000 долари, објави Би-Би-Си. Праменот бил во сопственост на Џон Гедсби, кај кого Вашингтон престојувал во 1799 година, непосредно пред неговата смрт истата година. Подоцна, според „Ричмонд аукшнс“ (Richmond Auctions) – аукциската куќа што го продала предметот – тој завршил кај колекционерот Џон К. Латимер, кој го набавил од еден од потомците на Гедсби. Името на новиот сопственик не е објавено. Продажбата што се случи вќера не претставува рекорд кога станува збор за аукции на коса од Вашингтон. Три влакна, за кои се верува дека биле земени од него непосредно пред или по неговата смрт и чувани во приврзок, биле продадени во 2021 година за речиси 40.000 долари. Гадсби, жител на тогаш малиот град Александрија, Вирџинија, го угостил Вашингтон на вечера, кратко пред смртта . Ова го потврдува изјавата од 1928 година на внуката на Гадсби, Џулија Тен Ајк Мекблер, која е објавена на веб-страницата на аукциската куќа „Ричмонд Оукшнс“ (Richmond Auctions). Мекблер навела дека нејзиниот дедо дошол до прамен од косата на Вашингтон „преку пријателство и дружење за време на неговите последни денови“. Тој го ставил праменот во рамка и го закачил на ѕид „под портретот на генералот Вашингтон во нашиот дом во градот Вашингтон, каде што го гледав целиот свој живот“. Според „Ричмонд Оукшнс“, Гадсби организирал прослави за роденденот на Вашингтон во 1798 и 1799 година. Политичката кариера на Вашингтон Вашингтон ги предводел американските сили до победа над Британците во Американската војна за независност и учествувал во изготвувањето на Уставот на САД, пред да стане првиот претседател на Соединетите Држави во 1788 година. Тој се повлекол од функцијата во 1797 година, откако отслужил два претседателски мандата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33