2Сиљановска-Давкова денеска во Брисел ќе учествува на самитот за проширување на европската унија 2026
БалканТонино Пицула нов известител на ЕП за Србија Европратеникот од Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) Тонино Пицула денеска соопшти дека е назначен за постојан известител на Европскиот парламент (ЕП) за Србија.„Денеска бев назначен за постојан известител на ЕП за Србија. Во продолжение на големото искуство што го стекнав и со познавање на состојбите во Западен Балкан како и политиката за проширување на ЕУ, ова назначување го гледам како признание за досегашната работа“, напиша Пицула на Инстаграм. Пицула го поздрави фактот што политиката на проширување повторно е во фокусот на ЕУ, но нагласи дека пристапниот процес мора да се заснова на исполнување на критериумите. „Очигледно има поголема политичка поддршка од претходно, но процесот на пристапување сепак мора да се заснова на исполнување на критериумите. Секоја земја треба да биде оценува поединечно според резултатите“, изјави тој. Пицула е член на ЕП од 2013 година, оттогаш е член на Комитетот за надворешна политика (АФЕТ). На функцијата известител за Србија ќе го наследи словачкиот член на Европската народна партија (ЕПП), Владимир Билчик. Бил министер за надворешни работи на Хрватска во владата на Ивица Рачан (2000-2003), пратеник во Парламентот, претставник на Парламентот во Парламентарното собрание на ОБСЕ. Во претходното свикување на ЕП, тој беше известител за Црна Гора, како и известител на ЕП за Инструментот за претпристапна помош (ИПА III) и новиот План за раст на Европската унија за Западен Балкан, кој беше усвоен оваа година. Политичките групи во Европскиот парламент неделава одлучуваат за своите постојани известители, по што Комитетот за надворешна политика на ЕП (АФЕТ) ќе објави список со имиња. Според медиуми во Брисел, групата социјалисти и демократи, освен известител за Србија, ќе има и за Албанија, Европската народна партија за Босна и Херцеговина и Косово, либералната група Обнови ја Европа известители за Црна Гора и групата на Зелените - известител за Македонија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЗапален автомобилот на познат српски пејач Запален е џипот Ауди на популарниот српски пејач Урош Живковиќ . Жителите на населбата Чукарица во Белград ги разбудила силна експлозија, луксузниот автомобил е скоро целиот уништен во пожарот. .Пожарот во кој изгоре скап автомобил „Ауди Q8“, сопственост на познатиот пејач Урош Живковиќ, избувна рано утринава, околу 4 часот, во белградската населба Чукарица. Жителите на околните згради беа разбудени среде ноќ од силен тресок, сличен на експлозија, по што низ прозорците видоа пламен што го зафати луксузниот џип. Се сомнева дека пожарот е подметнат. Двајца непознати мажи му пришле на паркираното возило, истуриле запалива течност врз него, по што автомобилот веднаш пламнал. Напаѓачите со молскавична брзина побегнале од местото на настанот во непознат правец. Пожарникарите-спасувачи брзо пристигнаа на местото на настанот, го изгаснаа пожарот и спречија негово ширење кон околните возила. За среќа, во овој инцидент немаше повредени, но возилото претрпе сериозни оштетувања.Тагови: пожар Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаМисајловски: Јануарската плата на војската ќе биде зголемена за 10 процентиЈануарската плата ќе биде зголемена за 10 проценти ова утринава го најави министерот за одбрана Владо Мисајловски. Кој се обрати на прес-конференција посветена на покачувањето на платите во Армијата и одбраната од почетокот на следната година. На конференцијата присуствуваа и претставници на синдикатите во одбраната и армијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пица со шункаВо вторник (27.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Павлина Горгиева.Состојки за денешниот рецепт: 1 готово тесто за пица 100 гр. доматен сос 150 гр. шунка 150 гр. кашкавал 150 гр. печурки 50 гр. маслинки без семка малку оригано и др. зачини по избор. Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00