Тони Крос се враќа во Реал Мадрид? - Канал 5

Тони Крос се враќа во Реал Мадрид?

Легендарниот германски фудбалер Тони Крос повторно на пат кон Сантијаго Бернабеу.

Тони Крос се враќа во Реал Мадрид?

Реал планира да го врати Германецот во Мадрид како дел од стручниот штаб на Арбелоа, а ова е вест што ги воодушеви навивачите на „кралскиот клуб“.

Тони Крос е еден од фудбалерите кои ја одбележаа златната ера на Реал Мадрид.

Тони Крос би можел да се приклучи на тренерскиот штаб како некој за кој се верува дека ќе му биде од голема помош на главниот тренер Алваро Арбелоа, според раководството на Реал. Поточно, планот е Крос да работи со играчите од средниот ред, бидејќи луѓето од клубот веруваат дека тоа би претставувало многу важна поддршка на тренинзите на Мадрид.

Според шпанскиот „Ас“ враќањето на Крос во Реал е планирано за почетокот на следната сезона. Инаку, Тони Крос го напушти Реал Мадрид во 2024 година кога ја заврши својата играчка кариера по Европското првенство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство

Со средби со конгресмени, премиерот Мицкоски ја почна посетата на Соединетите Американски Држави..

Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство

Мицкоски прво оствари средба со претседателот на Поткомитетот за Европа во комитетот за надворешни работи на претставничкиот дом на САД, Кит Селф, а на средбата како што информира Мицкоски на фејсбук, разговарале за значењето на стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД, за заедничките интереси и за можностите за понатамошно продлабочување на соработката.

На средбата со конгресменката Клаудија Тени, инаку копретседавач на македонската група за пријателство во конгресот на САД, се разговарало за традиционално силните и пријателски односи меѓу двете земји, како и за значењето на парламентарната соработка и размената на искуства меѓу двете земји..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево со мала до умерена локална облачност

Времето денес според Управата за хидрометеролошки работи ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Сончево со мала до умерена локална облачност

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 31 степен.

УХМР најавува дека до сабота ќе се задржи стабилно време. Во недела ќе има повремени врнежи од дожд и наместа услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Локално пообилни врнежи се очекуваат во понеделник. Од вторник поради продор на постуден воздух од север ќе има опаѓање на дневната температура

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК: Нема активни пожари, по контрола се двата во Јасен и Новаци

Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои два се под контрола, а 14 се целосно изгаснати. 

ЦУК: Нема активни пожари, по контрола се двата во Јасен и Новаци

Во моментов нема активни пожари, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Под контрола се пожарите кај селата Белица и Јасен, како и кај Рапеш и Маково во Општина Новаци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер