Тони Гламчевски на чело на филмскиот фестивал во Нанси - Канал 5

Тони Гламчевски на чело на филмскиот фестивал во Нанси

Меѓународниот филмски фестивал Нанси-Лорен, кој се одржува во градот Нанси на истокот од Франција и кој важи за еден од најголемите филмски фестивали во овој дел на Франција, годинава одбележува јубилејни 20 години од основањето.

Тони Гламчевски на чело на филмскиот фестивал во Нанси
На свеченото отворање на фестивалот во Нанси присуствуваше и амабасадорот на Република Македонија при Советот на Европа во Стразбур, Петар-Поп Арсов, со оглед дека фестивалот е претседаван и координиран од Тони Гламчевски, Македонец кој живее и работи во Франција како дописник на Македонската информативна агенција.

По отворањето на фестивалот, амбасадорот Петар Поп-Арсов имаше кратки средби и разговори со градоначалникот на Нанси Лоран Хенар, кој е новиот претседател на Радикалната партија – партија од центарот на десницата и најстара политичка партија во Франција. Потоа тој оствари средба и со заменик-претседателот на регионот Лорен во Жан-Пјер Муано, пред кои тој ја афирмираше нашата земја, како и за блиските пријателски односи кои се градат преку културата, чиј составен дел е филмот.

Филмската уметност ги има своите светски познати неодминливи станици на кои се претставува секоја година, како: Берлин, Кан или Венеција. Тука се и оние помалку познати за пошироката јавност фестивали, но кои имаат исто така големо значење за ширењето и претставувањето на разноликоста на филмската култура. Еден од тие фестивали е и Меѓународниот филмски фестивал Нанси-Лорен, кој годинава го доживува своето дваесетто издание од 29 август до 6 септември. Фестивалот е познат и под името „Ај Ај Филм Фестивал“, но од минатата година го преомени името со цел да стекне поголема афирмација на меѓународен план.

Ај Ај е мал лемуриан кој живее на Мадагаскар и кој поради своите големи љубопитни очи и ноќниот живот се покажа како најпогоден амблем за асоцијацијата која го доби неговото име „Ај Ај В.О.“ (организатор на фестивалот), која ја покажува својата љубопитност во откривањето на филмските бисери од целиот свет.

Меѓународниот филмски фестивал Нанси-Лорен е еден од најмакедонските и најбалканските филмски фестивали во Франција, а можеби и во светот. Во изминатите дваесетина години редовно се селектирани македонски филмови или македонски копрудукции кои се претставувани пред француската публика.

Со асоцијацијата Ај Ај В.О. организатор на фестивалот и со тоа воедно претседател-координатор на фестивалот претседава Тони Гламчевски, македонскиот новинар дописник на МИА од Франција.

- Фестивалот е вистинска среќа за љубителите на филмот, прекрасен и фасцинирачки прозорец отворен кон филмската уметност. И истовремно кон светот. Светот, во кој филмот фрла светлина врз неговите сенки и рани. Филмот и нашиот фестивал ни дозволува да ги укинеме границите меѓу реалноста и фикцијата. Да заборавиме на се, барем додека трае филмот. Изборот на филмовите се однесува на секојдневниот живот, на обичните или необичните нешта, пишува Гламчевски во каталагот на фестивалот.

- Уредувачката политика при селекцијата на филмовите, всушност, е во насока на одбрана а разноликоста, секогаш во насока на квалитетот, со ангажирани, смешни, емотивни, вознемирувачки или изненадувачки филмови, додава тој.

Годинава тој жали што во селекцијата на 9 долгометражни играни филмови и во натпреварувачката селекција од 9 документарни и 32 краткометражни филмови не се најде ниту еден македонски филм.

- Се обидовме да ги добиеме двата најнови македонски филма „До Балчак“ и копрудкцијата „Споменикот на Мајкал Џексон“, за првиот нашето барање не доби одговор, додека за другиот неговиот дистрибутор ни побара преголема сума, која не беше во капацитетите на нашиот фестивал, вели Гламчевски, кој ја потенцира многу добрата соработка со Агенцијата за филм на Република Македонија, откривајќи дека се размислува за одржување на недела на македонскиот филм во Нанси.

Инаку, на фестивалот во многу тешката конкуренција за селекцијата на краткометражни филмови беше пријавен краткометражниот филм „Мал дисконтинуитет во времепросторот“ на Гоце Цветановски, кој беше во потесниот избор на филмови, открива претседателот на Фестивалот Тони Гламчевски.

Во натпреварувачката селекција на краткометраќни филмови беа избрани само 32, од вкупно 1400 пријавени краткометражни филмови произведени меѓу февруари 2013 и април 2014 година.

Лани на фестивалот во Нанси беа прикажани филмовите „Панкот не е мртов“ на Владимир Блажевски, „Мајки“ на Милчо Манчевски.

За време на фестивалот, од 29 август до 6 септември, организаторите на публиката и предлагаат над 150 филмови од над 40 земји, можност за средба со други култури, друг начин на живеење, отворање кон културната разноликост со надминување на уметничките и географските граници.

Филмовите се претставени во шест селекции или вкупно 82 проекции: Меѓународна натпреварувачка селекција на 32 краткометражни филмови, избрани меѓу 1400 филмови направени во текот на 2013-2014 година, Селекција на краткометражни филмови за млади и деца, Зизз - Селекција на интересни или необични фимови, Слободен избор на филмови од партнерите на фестивалот од Палиќ - Србија, Полска, Транскавказијата, Селекција на филмови на баскиски режисери, Селекција на филмови кои се прикажуваат на отворено во дворот на реновираната Мануфактура (монополот за тутун) и натпреварувачка селекција на европски документарни филмови./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италија и Германија сакаат да соработуваат на развој на нови борбени авиони

Италија објави дека целосно го поддржува учеството на Германија во Глобалната програма за борбено воздухопловство (GCAP).

Италија и Германија сакаат да соработуваат на развој на нови борбени авиони

Италија објави дека целосно го поддржува учеството на Германија во Глобалната програма за борбено воздухопловство (GCAP), која има за цел да развие борбен авион од следната генерација, и ги отфрли медиумските извештаи дека Рим се обидел да го спречи Берлин да се приклучи.

Владата во соопштението изјави дека извештајот на „Фајненшл тајмс“ во кој се сугерира дека Италија се спротивставува на влезот на Германија е „целосно погрешен“ и не го одразува долгогодишниот став на Рим.

Соработка Берлин-Рим

Италија, исто така, нагласи дека отсекогаш била подготвена да ја прифати Германија во „GCAP“ и дека предложила Берлин првично да се приклучи само како набљудувач со цел да се олесни размената на информации и да се забрза патот кон полноправно членство.

Рим објасни дека целта на таков предлог е да се забрза вклучувањето на Германија, а воедно да се зачува временската рамка и напредокот на програмата, а не да се ограничи идната улога на Берлин.

Италија го повтори својот став на неодамнешната видеоконференција одржана како дел од „GCAP“, на која беа собрани трите земји-партнери, се вели во соопштението, додавајќи дека тие го гледаат учеството на Германија како „позитивна можност“. „GCAP“ ги обединува Италија, Обединетото Кралство и Јапонија, а целта е да се развие борбен авион од следната генерација до 2035 година, со индустриски активности предводени од „Leonardo“, „BAE Systems“ и јапонската „Mitsubishi Heavy Industries“.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фолксваген од електричните возила сè уште заработува помалку отколку што би сакал

Фолксваген забележува зголемен интерес од европските купувачи за електрични автомобили, но сè уште не заработува толку колку што би сакал.

Фолксваген од електричните возила сè уште заработува помалку отколку што би сакал

Според податоците на групацијата Фолксваген, уделот на електричните автомобили во вкупните испораки на европскиот пазар се зголемил од 18 на 20 проценти во првите девет месеци од 2026 година. Само во текот на третиот квартал, испорачани се 209.100 електрични возила, што претставува раст од 19,6 проценти во споредба со истиот период минатата година.

Дополнителен импулс се очекува од новата генерација на попристапни електрични модели. Така, семејството на градски електрични автомобили, кое го вклучува и новиот „ID. Polo“, според достапните извештаи, веќе собрало речиси 150.000 нарачки. Почетната цена на моделот „ID. Polo“ е околу 29.000 долари, што го прави важен адут за Фолксваген во борбата за поширок круг клиенти.

Повисоките цени на бензинот и дизелот, исто така, придонесуваат за растот на интересот, што го потврдија претставниците на компанијата. Сепак, големиот број нарачки не значи автоматски поголема профитабилност.

Финансискиот директор на групацијата „Фолксваген“, Арно Антиц, предупреди дека компанијата во моментов заработува помалку пари од електрични автомобили отколку од автомобили со мотори со внатрешно согорување. Според него, маржите на профит кај електричните модели се сè уште премногу ниски за да се направат долгорочни одржливи инвестиции во нивниот развој.

На тој начин, „Фолксваген“ се соочува со интересен парадокс: европските клиенти сè повеќе ги нарачуваат неговите електрични автомобили, но компанијата сè уште не успеала да го претвори овој раст во соодветна добивка. Способноста за зголемување на профитабилноста на електричните модели ќе биде еден од клучните предизвици за германскиот производител во наредните години.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кремљ: Москва нема да поставува услови за европскиот преговарачки тим

Москва нема да поставува услови за составот на европскиот преговарачки тим, изјави во саботата портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Не можеме и не сакаме да поставуваме услови за нивниот преговарачки тим.

Кремљ: Москва нема да поставува услови за европскиот преговарачки тим

Таквиот пристап е сосема погрешен“, рече Песков.

Европската унија веќе некое време дискутира за назначување на специјален пратеник за да се обезбеди директно европско претставување во идните мировни преговори. Песков, за потсетување, на 25 октомври изјави дека Русија ќе го поддржи назначувањето на преговарач на ЕУ, под услов пратеникот искрено да работи на постигнување мирно решение.

Неколку имиња

Финскиот претседател Александар Стуб и чешкиот претседател Петр Павел се споменуваат како можни кандидати. И покрај ова, Европската унија сè уште нема ниту договорен преговарач, ниту заеднички став за тоа кога треба да започнат директните преговори.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во саботата дека Европа мора да биде на преговарачката маса во следната рунда преговори заедно со САД, Украина и Русија. Тој исто така рече дека Украина очекува одлука од своите европски партнери за тоа кој ќе ја претставува Европа до крајот на ноември.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер