Тони Блер нема да биде дел од мировниот одбор на Трамп за Газа - Канал 5

Тони Блер нема да биде дел од мировниот одбор на Трамп за Газа

Името на Блер беше единственото кое Трамп го спомна кон крајот на септември, кога го претстави својот план од 20 точки за завршување на војната меѓу Израел и Хамас, нарекувајќи го тогаш „многу добар човек“.

Тони Блер нема да биде дел од мировниот одбор на Трамп за Газа

Поранешниот британски премиер, Тони Блер сепак нема да биде дел од „мировниот одбор“ за Газа, осмислен од американскиот претседател Доналд Трамп, соопштија извори запознаени со ситуацијата додавајќи дека Блер бил отстранет по приговори од неколку арапски и муслимански држави, пишува „Фајненшл тајмс“.

Името на Блер беше единственото кое Трамп го спомна кон крајот на септември, кога го претстави својот план од 20 точки за завршување на војната меѓу Израел и Хамас, нарекувајќи го тогаш „многу добар човек“.

Блер го опиша планот на Трамп како „храбар и интелигентен“ и навести дека со задоволство би прифатил улога во одборот со кој би претседавал американскиот претседател.

Некои арапски и муслимански држави се спротивставија на назначувањето на Блер поради неговиот нарушен углед на Блискиот Исток, што произлегува од неговата силна поддршка за инвазијата на Ирак предводена од САД во 2003 година. Постоеше и стравување дека Палестинците би биле маргинализирани во таквата управувачка структура.

Од кабинетот на Блер одбија да ја коментираат ситуацијата, но негов сојузник ги отфрли тврдењата дека поранешниот премиер нема да биде во „мировниот одбор“ поради противење од регионот, нудејќи поинакво објаснување.

- Тој ќе биде составен од актуелни светски лидери, а под него ќе има помал извршен одбор, изјавил сојузникот, тврдејќи дека Блер, како поранешен премиер, не се квалификува за главниот одбор.

Според истиот извор, се очекува Блер сепак да седне во извршниот одбор заедно со зетот на Трамп, Џеред Кушнер, и советникот Стив Виткоф, како и со високи функционери од арапски и западни земји.

Можноста за отпор кон именувањето на Блер ја призна и самиот Трамп уште во октомври кога изјави: „Секогаш сум го сакал Тони, но сакам да дознаам дали тој е прифатлив избор за сите.“

Блер, кој по напуштањето на премиерската функција во 2007 година беше пратеник за Блискиот Исток, повеќе од една година самостојно работеше на планови за Газа, користејќи го својот Институт Тони Блер за формулирање идеи, а сè координираше со Кушнер.

Друг извор запознаен со разговорите исто така потврди дека Блер сè уште може да има позиција во идните управувачки структури. „Може да има улога и во друго својство и тоа изгледа веројатно“, рече изворот. „Американците го сакаат, а и Израелците го сакаат“, додаде тој.

Како дел од повоената структура за Газа, ќе биде формиран извршен одбор на чие чело ќе биде поранешниот пратеник на ОН и бугарски министер за одбрана Николај Младенов, потврдија две лица запознаени со подготовките.

Тој извршен одбор, кој не беше споменат во оригиналните планови, треба да координира меѓу „мировниот одбор“ и палестинскиот технократски одбор задолжен за секојдневното управување со Појасот Газа.

Улогата на Младенов изгледа слична на онаа што првично беше предвидена за Блер, а која вклучуваше функција на „врховен извршител“ на телото за надзор на повоената транзиција. Младенов, кој е искусен бугарски дипломат, беше специјален пратеник на ОН за блискоисточниот мировен процес од 2015 до 2020 година.

Планот на Трамп за ставање крај на конфликтот во Газа во голема мера е на чекање откако беше објавен пред повеќе од два месеци, заедно со кревкиот прекин на огнот. Појасот Газа сè уште е поделен на области под контрола на Хамас и под израелска контрола.

Иако Трамп соопшти дека останатите членови на „мировниот одбор“ ќе бидат именувани „во наредните неколку дена“ по објавувањето на планот, тоа сè уште не се случило.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сидни Свини никогаш по провокативна

Жежок спектакл со  една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.

Фото:  Сидни Свини никогаш по провокативна

Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание.

Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција.

Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд.

Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време.

„Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ  – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници.

Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови.

На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето.

Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги.

Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира.

Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. 

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност.

Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка.

Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време.

По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата.

Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата.

Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер