Маврово Опен почнува овој викенд: Некогаш запуштениот тениски терен сега ја обединува целата заедница
2Маврово Опен почнува овој викенд: Некогаш запуштениот тениски терен сега ја обединува целата заедница
ФудбалТонали се повреди на натпреварот против Барселона и може да го пропушти плејофот за СПФудбалерот на Њукасл, Сандро Тонали, беше принуден да го напушти теренот на осминафиналниот натпревар од Лигата на шампионите синоќа против Барселона (2:7) поради повреда. Ова се случи само неколку дена пред почетокот на квалификацискиот плејоф за Светското првенство 2026 година, каде што Италија ќе се бори за место на завршниот турнир. Дваесет и петгодишниот Италијанец го повреди левиот бутен мускул и беше заменет во 55. минута. Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, ја опиша состојбата на Тонали како сомнителна по натпреварот, забележувајќи дека има проблем со препоните и колкот и признавајќи дека тимот претрпе значителен хедикеп со неговото излегување. Тонали се смета за клучен играч за Италија, која се обидува да се квалификува за Светското првенство за прв пат од 2014 година. На 26 март, Италијанците ќе бидат домаќини на Северна Ирска во Бергамо. Пет дена подоцна, доколку победат, ќе играат против победникот од натпреварот Велс - Босна и Херцеговина. Мундијалот 2026 ќе се игра во САД, Мексико и Канада. Во сезоната 2025/26, Тонали постигна три гола и имаше три асистенции во 47 натпревари за Њукасл. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈП Комунална хигиена-Скопје спроведува секојдневно миење на микролокациите на контејнеритеЕкипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје секојдневно реализираат рачно миење на микролокациите каде што се поставени садовите наменети за одлагање комунален отпад, во сите скопски општини. Миењето на микролокациите на контејнерите се одвива претежно во доцните вечерни часови, по празнењето на садовите. Претпријатието продолжува и со континуирано одржување на хигиената на скопските булевари и улици преку нивно машинско миење со употреба на автоцистерни. Во пресрет на големиот верски празник Успение на Пресвета Богородица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје извршија миење на целокупниот простор пред црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ лоцирана во строгиот центар на градот, како и во непосредната околина и дворот на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ лоциран во кањонот Матка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГотови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
АвтомобилизамИџе во Словенија ја отвора новата тркачка ераОвој викенд во Илирска Бистрица - Словенија, Игор Стефановски - Иџе го има својот прв официјален настап со новиот болид, отворајќи ново поглавје во својата европска тркачка приказна. Иако Иџе претходно го тестираше болидот, Илирска Бистрица е неговото вистинско „огнено крштевање“ во живо, лице в лице со европската елита. На претпоследниот викенд во рамките од Европскиот шампионат на ридски патеки во Словенија, ќе се случи првото сериозно мерење на новиот болид. Игор Стефановски - Иџе на оваа трка настапува во најпрестижната и најбрзата категорија на Европскиот шампионат -Категорија 2, категоријата на болиди и прототипи, која ги обединува најбрзите машини на ридските патеки. Ова е историска сезона за него бидејќи по трите европски титули во Категорија 1 со затворени автомобили, Иџе направи огромен чекор напред. Тој сега вози ултрамоќен, специјално конструиран прототип Nova Proto NP01, често нарекуван и Норма, чија технологија е блиска до болидите од Формула. „Словенија ќе биде мојот најнов предизвик. Ќе се тркам со мојот нов болид. Сакам да ги почувствувам неговите перформанси. Затоа и одлучив да тркам вo Илирска Бистрица. Патеката e интересна, важи за една од најпрепознатливите и можам слободно да кажам дека ми лежи. Словенците со години докажуваат дека се одлични организатори, што трките ги прави особено интересни и за публиката и за натпреварувачите. Голема е бројката на пријавени учесници во сите категории, смета Стефановски кој не ја крие возбудата и адреналинот дека прави историски чекор. Влегувањето во нова категорија, ќе бара и сосема поинаков стил на возење, огромна физичка подготвеност и максимална концентрација, вели Стефановски, кој не ја крие возбудата пред првиот голем тест со новата машина. Трката се вози на познатата патека Илирска Бистрица - Шембије, која е со должина од 5.010 метри и важи за исклучително брза. И годинава листата на учесници е импозантна, пријавени се 242 натпреварувачи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГотови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
ФудбалМората пред сензационално враќање во Шпанија – ќе игра во втора лига?Долгогодишниот капутен нна Шпанија, Алваро Мората можеби е пред еден од најнеочекуваните потези во својата кариера. Шпанскиот напаѓач е блиску до трансфер во Леганес, клуб што се натпреварува во втората шпанска лига. Договорот предвидува позајмица од Комо, а клубовите допрва треба да ги финализираат последните детали. Мората пристигна во Комо минатата сезона, но не успеа да фати ритам. Тој не постигна ниту еден гол во Серија А, иако одигра 26 натпревари и забележа вкупно 924 минути игра. За 33-годишниот напаѓач – кој настапувал за Реал Мадрид, Јувентус, Челзи, Атлетико Мадрид и Милан – преселбата во шпанската втора лига би претставувала сосема поинаков вид предизвик. Леганес го гледа Мората како големо засилување во обидот да се вратат во Ла Лига. Клубот од предградието на Мадрид не може да ја покрие платата што тој моментално ја заработува во Италија, па за реализација на позајмицата ќе биде потребно Комо да покрие дел од неговите примања. За Мората, ова би значело враќање во позната средина. Роден во Мадрид и производ на младинската школа на Реал Мадрид, тој во текот на кариерата играл на највисоко ниво и за Реал Мадрид и за Атлетико Мадрид. Тој исто така ја предводеше шпанската репрезентација како капитен до титулата на Европското првенство во 2024 година. Неговото доаѓање би донесло едно од најголемите имиња во историјата на клубот во Леганес. Во текот на својата кариера, Мората освои две титули во Лигата на шампионите со Реал Мадрид, титула во италијанското првенство со Јувентус, англиски ФА Куп со Челзи и европска титула со Шпанија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter