Томовски: Горд сум на реотворањето на комплексот „Македонско село“ кој речиси седум години беше затворен - Канал 5

Томовски: Горд сум на реотворањето на комплексот „Македонско село“ кој речиси седум години беше затворен

Од денеска комплексот „Македонско село“ повторно ќе стане центар на културната размена, на традицијата, автентичната архитектура и туристичката понуда на Македонија. 

Томовски: Горд сум на реотворањето на комплексот „Македонско село“ кој речиси седум години беше затворен

Ќе стане дестинација за домашни и странски гости, за ученици и студенти, за уметници и истражувачи, за сите кои сакаат да го почувствуваат духот на Македонија – жив, топол и горд. Горд сум на реотворањето на комплексот кој речиси седум години беше затворен и сведочеше за недомаќинско и неодговорно управување во минатото, пишува денеска на социјалните мрежи директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски.

-Денеска испративме јасна порака – кога постои визија, кога има одговорност и посветена работа, државниот имот може и мора да биде ставен во функција на граѓаните и националниот интерес, наглаува Томовски.

„Македонско село“, додава тој, го враќаме како жив симбол на македонската историја, како економски двигател за локалниот развој и како пример дека кога државата управува чесно, резултатите се видливи и трајни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Целосно реновирани домовите на култура во Текија, Кадино и Мралино

Општина Илинден го заврши реновирањето и санацијата на домовите на култура во населените места Текија, Кадино и Мралино, во рамки на програмата за обновување и модернизација на јавните објекти.

Целосно реновирани домовите на култура во Текија, Кадино и Мралино

Со реализираните градежни активности значително се подобрени условите за одржување културни, општествени и јавни настани.

Во Домот на култура во Текија извршена е санација на кровната конструкција со поставување нов пластифициран лим, поставени се нови ПВЦ-врати и обновена е електричната инсталација. Дополнително, извршено е глетување и молерисување на внатрешните простории, целосна санација на санитарните јазли и обновување на фасадата.

Во Домот на култура во Кадино поставени се нови вертикални олуци и пластифициран лим за симс, санирана е фасадата и обновени се внатрешните простории. Поставени се нови ПВЦ-врати и прозорци, заштитна ограда и нови плочки на надворешните скали, а извршена е и санација на електричната инсталација.

Во Домот на култура во Мралино целосно е обновена кровната конструкција, поставени се нов пластифициран лим, хоризонтални и вертикални олуци, како и нови ПВЦ-врати и прозорци. Извршена е санација на фасадата, обновени се надворешните скали и терасата со нови плочки и заштитна ограда, додека во внатрешноста се поставени гипс-картон и ново осветлување, а ѕидните површини се глетувани и молерисани.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека со реновирањето на домовите на култура се обезбедуваат подобри услови за развој на културниот и општествениот живот, како и функционални простори за организирање различни активности и настани за потребите на граѓаните.

Општина Илинден продолжува со вложувањата во културната инфраструктура, при што во изминатиот период беа реновирани и санирани домовите на култура и во населените места Ајватовци, Бујковци, Бучинци и Дељадровци.

Општина Илинден

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шасивари на средба со претставникот на Катар: Унапредување на соработката во правосудството

На средбата, Шасивари ја истакна важноста од воспоставување директни контакти со Министерството за правда на Катар и неговите специјализирани институции.

Шасивари на средба со претставникот на Катар: Унапредување на соработката во правосудството

Министерот за правда, Јетон Шасивари, денеска оствари средба со вршителот на должноста во Амбасадата на Државата Катар, Рашид бин Саед Ал-Хајарин, на која се разговараше за можностите за продлабочување на билатералните односи и отворање ново поглавје во институционалната соработка во областа на правосудството.

На средбата, Шасивари ја истакна важноста од воспоставување директни контакти со Министерството за правда на Катар и неговите специјализирани институции, со фокус на обуката на правните професионалци, борбата против корупцијата и финансискиот криминал, како и дигитализацијата на правосудниот систем.

Односите меѓу нашата држава и Катар континуирано се развиваат. Политичките консултации одржани во Доха во јули 2026 година и потпишувањето на Меморандумот за соработка во областа на трудот во септември оваа година го потврдуваат потенцијалот за натамошно проширување на соработката.

Во таа насока, министерот Шасивари изрази интерес за разгледување на можностите за техничка и финансиска поддршка за приоритетни проекти во рамките на реформите во правосудството, со цел соработката да се преточи во конкретни проекти и мерливи резултати.

Добрите дипломатски односи создаваат можности, а институционалната соработка ги претвора во резултати.

Министерството за правда има за цел односите со Катар да ги надминат рамките на дипломатскиот дијалог и да донесат конкретни придобивки за институциите и граѓаните на двете земји.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

​Нова фекална канализациона мрежа во Пинтија

 Општина Кисела Вода ја финализираше изградбата на новиот крак од фекалната канализација на улицата „Саса“ во населбата Пинтија. 

​Нова фекална канализациона мрежа во Пинтија

Со овој инфраструктурен проект се надминува повеќегодишниот проблем на жителите од овој дел на општината, кои конечно добиваат соодветно и стандардизирано одведување на отпадните води. Изведена е нова фекална канализација во должина од 320 метри, при што се поставени 15 нови ревизиони шахти. Новата мрежа е директно поврзана со постоечката канализациска инфраструктура на улицата „Саса“. Се работи за проект финансиран од Општина Кисела Вода, додека дел од материјалите беа обезбедени во соработка со ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје.

-Реализацијата на овој проект е директен одговор на барањата на граѓаните од овој дел на Пинтија. Моето ветување до нив беше дека ова прашање ќе биде решено во најскоро време, и денес тоа ветување е реалност. Со изградбата на новата мрежа, го надминуваме овој комунален предизвик и обезбедуваме достоинствени услови за живот. Општина Кисела Вода продолжува со континуираните инвестиции во изградба и реконструкција на подземната инфраструктура во секое населено место- истакна градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер