ВМРО-ДПМНЕ: Зошто би сакале да се смени Филипче, кога тој редовно губи на избори и е пиун на омразениот Заев
1ВМРО-ДПМНЕ: Зошто би сакале да се смени Филипче, кога тој редовно губи на избори и е пиун на омразениот Заев
Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
2Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
КултураТомислав Османли на одбележување 20- години од „Форум на словенски култури“ во СрбијаТомислав Османли на одбележување 20- години од Меѓународната асоцијација „Форум на словенски култури“ во СрбијаСо повеќе работни активности и свечености, деновиве во Белград и во Ужице, Србија, со присуство на голем број гости од повеќе земји се одбележува 20-годишнината на Меѓународната асоцијација „Форум на словенски култури“. Дел од неа е и проектот „100 словенски романи“ во чии рамки националните литератури на девет словенски земји членки на издавачкиот проект, меѓу кои и Македонија, меѓусебно ги објавуваат избраните книги. Во тие рамки, како што е наведува во соопштението, на посебна програма во Ужице, годинашен српски Град на културата, се претставија книжевните портрети на пет истакнати писатели, словенечкиот автор Владо Жабот, македонскиот прозаист Томислав Османли, бугарската авторка Здравка Евтимова, како и српските писатели Владан Матијевиќ и Петар Матовиќ. Модератор на книжевниот настан што се одржа во Народната библиотека на Ужице, е српскиот автор и критичар Младен Весковиќ, инаку главен и одговорен уредник на издавачкиот одбор на меѓународната едиција „100 словенски романи“. Пред многубројната публика, се претставија најнапред со читања одломки од сопствените романи, секој на својот јазик и низ актерски интерпретации на нивни дела и на српски јазик, а потоа и со искази за својата литературна дејност. Османли, како што ќе посочи, прочитал фрагмент од својот роман „Бродот. Конзархија“ со поднаслов „Холограф“ кој во 2016 година го објави македонскиот издавач „Магор“, во 2022 српскиот издавач „Агора“ од Нови Сад, а годинава и московскиот издавач „Рудомино“. На српски јазик беше прочитана и одломка од неговиот роман "Зад аголот". Инаку, двата романа на Томислав Османли, покрај македонските, доживеаа повеќе позитивни критички огласи, како во Србија, така неодамна и во Русија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Зошто би сакале да се смени Филипче, кога тој редовно губи на избори и е пиун на омразениот ЗаевГо разбираме стравот на Венко Филипче дека постои опасност да биде променет во неговата партија. Тоа е страв кој е последица на фрагментираноста на СДС.Не можејќи да се соочи со сопствените грешки и пропусти, тој за обидите за негова смена ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ нема никаква врска со фракциите кои бараат смена на Венко Филипче. Напротив, зошто би сакале смена на Филипче, некој кој редовно губи на избори и е копија и пиун на најомразениот политичар Зоран Заев. Тој не може да излезе од неговата сенка и затоа СДС е таму каде што е, а Венко Филипче е потрупан со коруптивни скандали, провизии за набавка на кинески „Стабри“ вакцини, сомнителни имоти, блиски веледрогерии, запалена модуларна болница. Најдобро решение за ВМРО-ДПМНЕ е Филипче да продолжи да ја води СДС. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотПутин ја одобри купопродажбата на руската подружница на „Western Union“Руската компанија „Софтекс“ (Softex) доби одобрение за купување на 100 отсто од акциите во руската подружница на системот за плаќање Western Union – „НКО Western Union DP Vostok“ – се наведува во указот на рускиот претседател Владимир Путин.Во 2025 година, според руските сметководствени стандарди (РСДУ), руската подружница забележала нето-загуба од 301,5 милиони рубљи, или околу 3,15 милиони евра. Во Единствениот државен регистар на правни лица на Русија (ЕГРУЛ) се регистрирани неколку компании под името „Софтекс“ (Softex), а указот на Путин не прецизира која од нив купува удел во подружницата на „Вестерн јунион“ (Western Union). Најголемата од компаниите со тоа име е регистрирана во Калининград и се занимава со автоматизација на деловните процеси, развој на решенија со вештачка интелигенција и технологии за роботска автоматизација на процеси (RPA), како и со воведување специјализирани ИТ-системи за финансиски компании, вклучително и банкарски системи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп: „Не му понудив ништо на Иран“ Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ги негираше наводите дека е подготвен да му понуди на Иран ублажување на санкциите и одмрзнување на замрзнатите средства. Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ги негираше наводите дека е подготвен да му понуди на Иран ублажување на санкциите и одмрзнување на замрзнатите средства во замена за одредени отстапки поврзани со нуклеарната програма. Аксиос“, повикувајќи се на американски официјални лица, објави дека администрацијата на Трамп разгледува таква понуда, додека Трамп во објава на својата платформа „Трут соушл“ (Truth Social) изјави дека тоа „не е точно“ и оти тој „не понудил ништо“ на Иран. Наводите за можно економско олеснување се појавија во време кога посредници од Катар и Пакистан се обидуваат да посредуваат во преговорите меѓу САД и Иран. Двете страни остануваат на спротивставени ставови за клучните прашања: Иран сака преговорите да се фокусираат на Ормускиот Теснец и на поморската блокада од страна на САД, додека Вашингтон бара отстапки во врска со иранската нуклеарна програма. Посредниците се сретнаа со иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи во Њујорк за да разговараат за предлогот на Катар, а се очекуваат и разговори со претставници на администрацијата на Трамп. Американски претставник запознаен со индиректните разговори изјави дека тие биле „позитивни и конструктивни“ и оти Иран покажал флексибилност во однос на нуклеарните прашања, но нагласи дека сè уште постојат несогласувања, вклучително и околу временската рамка за исполнување на обврските и тоа која страна треба прва да преземе одредени чекори. Истиот функционер изјави дека САД нема да постигнат договор сè додека не се решат прашањата поврзани со нуклеарната програма и дека Вашингтон бара уверувања оти Иран сериозно пристапува кон преговорите. Сепак, Трамп во објава на „Трут соушл“ (Truth Social) ги отфрли тврдењата на „Аксиос“, нарекувајќи ги „измама“, и побара од порталот да го повлече текстот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter