Министерот Ферати и амбасадорот Сомер разговараа за инвестициите, партнерствата и развојните програми
2Министерот Ферати и амбасадорот Сомер разговараа за инвестициите, партнерствата и развојните програми
Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
1Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
ФудбалТомас Милер по 25 години го напушти Баерн МинхенГерманскиот репрезенативец Томас Милер по 25 години минати во европскиот гигант Барен Минхен има нов клуб. Томас Милер е нов играч на Ванкувер Вајткепс. Милер од далечната 2000 година, кога имаше 11 години беше член на Барен Минхен. Своето деби за сениорската екипа го имаше во март 2008 година, а досега во дресот на баварците одиграл 756 натпревари на кои постигнал 250 голови. Милер во дресот на клубот од Минхен освои 33 трофеи , вклучувајќи две титули во Лигата на шампионите. Тој се збогува со навивачите на германските гиганти на крајот на мај, по 25 години минати во клубот и 13 титули во германското првенство. 🚨🇩🇪 Official: Thomas Müller starts new chapter in MLS after spending his whole career at Bayern. He’s new Vancouver Whitecaps player. 🇺🇸 pic.twitter.com/97V8L9Xubo — Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 6, 2025 Своите последни минути во дресот на Баерн ги одигра ова лето на Светското клупско првенство во САД.Тагови: Баерн М. Фудбал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПосета на претставници од Амбасада на САД во Општина КумановоНа првиот официјален прием присуствуваа Никол Варнс, вршител на работи при Амбасадата, политичките советници Едру Ковтун и Кристина Каранакова и специјалистот по односи со јавност, Надица Жакула.Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски во присуство на секретарот Емилија Сларидис Јаневска, претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска и раководителот Фатос Аќифи, денеска имаа средба со претставници од Амбасада на САД во РМ. На првиот официјален прием присуствуваа Никол Варнс, вршител на работи при Амбасадата, политичките советници Едру Ковтун и Кристина Каранакова и специјалистот по односи со јавност, Надица Жакула. Во пријателска атмосфера гостите се запознаа со работата и функционирањето на Општина Куманово, можностите за унапредување и развивање на нови проекти од повеќе општествени области, со акцент на создавање на млади лидери, кои би придонеле за прогресивна и напредна иднина на младата популација, во интерес на граѓаните. Во прилог на излагањето за капацитетот на Општината, присутните имаа можност да проследат видео – презентација за индустриската зона Новини и Речица.Тагови: Општина Куманово Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерот Ферати и амбасадорот Сомер разговараа за инвестициите, партнерствата и развојните програмиМинистерот Агон Ферати го прими на средба амбасадорот на Швајцарија во Македонија, Кристоф Сомер, со кого разговараше за активностите на министерството и проектите од заеднички интерес. Во фокусот на средбата беа економскиот развој, како и можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји. Посебно внимание беше посветено на улогата на SwissCham во поврзувањето на швајцарските компании со компаниите од Македонија, создавањето партнерства и можностите за нови инвестиции, како и организирањето B2B контакти и вмрежувањето на бизнисите. Беше истакнато дека овие иницијативи, заедно со потенцијалот на дијаспората, можат да придонесат за зајакнување на економската соработка и создавање нови можности за двете земји. Се разговараше и за швајцарските развојни програми, поддршката за стартап-компаниите и можностите за обука на студентите. Министерот Ферати му се заблагодари на амбасадорот за континуираната поддршка од страна на Швајцарија во различни области, вклучително и економијата, земјоделството, невладините организации и обуките.Тагови: Агон Ферати Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Цените на дизелот пораснаа на 104,5 денари, Мицкоски не ги прифати мерките - народот плаќаДизелот поскапе на 104,5 денари за литар. Нов удар врз семејните буџети, земјоделците, превозниците и целата економија.СДСМ навреме предложи конкретни мерки за намалување на цените на горивата и заштита на граѓаните. Укинување на акцизата, ДДВ намалѕвање на 5%, минимална плата од 600 евра. Арамијата Мицкоски ги одби. Последиците од неговите арамиски политики ги плаќаат граѓаните. Секое полнење резервоар е нов трошок за граѓаните. Поскапиот дизел значи поскап транспорт, поскапо земјоделско производство и нов бран поскапувања на храната и на сите основни производи. Има 5,5 милиони евра за DJ за една вечер, а нема пари за мерки за заштита на граѓаните. Има 200 милиони евра за криминални тендери а нема пари за земјоделците. Има пари за 50 члена делгација на Мицкоски и авион, нема за миниамална плата. Тоа е арамиска власт. Додека граѓаните преживуваат со плати што не стигнуваат ни за основните потреби, а потрошувачката кошничка достигна 90.000 денари, Владата профитира од секое ново поскапување. Ова е свесна одлука на организираната криминална група, да се богати а товарот од кризата да им го префрли на граѓаните. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook