Том Круз во заводничка мисија кон Шакира- ѝ испратил букет цвеќе - Канал 5

Том Круз во заводничка мисија кон Шакира- ѝ испратил букет цвеќе

На Том Круз навистина му се допаѓа Шакира. Ова за Page Six го потврдил извор близок до актерот.

Том Круз во заводничка мисија кон Шакира- ѝ испратил букет цвеќе

Шакира (46) и Круз (60) предизвикаа големо внимание со целодневната дружба во Мајами, на Формула 1 трката минатиот викенд. Поточно, изворот вели дека е „романтично заинтересиран“ за Шакира, откако ѕвездите беа видени заедно минатиот викенд, на трката за Големата награда на Мајами и дека меѓу нив дефинитивно има хемија. Двојката била неразделна додека ги обиколуваа болидите пред почетокот на трките, а подоцна го продолжиле разговорот во ВИП-ложата.

Колумбијката, која моментално живее на Флорида, минатото лето се раздели од поранешната фудбалска ѕвезда Жерар Пике (36) со кого ги има синовите Саша и Милан. Главна причина било неговото неверство и врската со Клара Чиа Марти (24). Разделбата беше многу грда и не се воздржаа додека зборуваа еден за друг во медиумите. Во приказната беа вклучени нивните семејства и родители, имаше физички пресметки, музичка одмазда, вештерство и класични навреди и тепачки преку медиумите и социјалните мрежи... На крајот, Шакира и децата, за кои Пике ѝ го додели целосното старателството, од Шпанија се преселила во САД, на Флорида, каде има вила. Пејачката се фрли на работа, снимајќи нови хитови и концерти. Во Шпанија останува да го реши проблемот со наводниот долг од 14,5 милиони евра, за кој ја товарат тамошните даночни власти.

– Дефинитивно ѝ треба некој кој ќе ѝ помогне да ги ублажи непријатните удари, а тоа би можел да биде Том – рекол извор за Page Six кој тврди дека Шакира смета дека еден од најмоќните мажи во Холивуд е „згоден и многу талентиран“.

– Покрај тоа, таа е пониска од него – додаде тој, шегувајќи се на сметка на актерот кој е (официјално) висок 170 сантиметри, додека Шакира има 157.

Page Six тврди дека актерот ѝ испратил цвеќе по викендот со Формула 1. Шакира, ноќта пред да се смири со ѕвездата на Топ Ган, ја доби наградата „Латина на годината“ на Билборд, која ја лансираа оваа година. Круз, пак, викендов ја доби наградата на МТВ за улогата на Маверик во филмот Топ Ган 2, како најдобар актер.

Веста за потенцијална романса ја возбуди онлајн заедницата. Многумина во коментарите им посакуваат среќа, а има и такви кои се шегуваат и спомнуваат вештерки и скиентологија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крадци во Франција сокриле скапоцен дијамант во јаболко: Го пронашла гладна собарка

Редок розов дијамант ќе биде изложен во Франција за првпат откако бил украден пред речиси точно сто години – што е и последниот пат кога бил прикажан пред јавноста.

Крадци во Франција сокриле скапоцен дијамант во јаболко: Го пронашла гладна собарка

Кражба од пред еден век

Скапоцениот камен од девет карати, во форма на круша, познат како „Гранд Конде“, бил украден за време на ноќен упад во замокот Шантили во октомври 1926 година. Крадците го сокриле во издлабено јаболко.

Дијамантот – еден од ретките кралски скапоцености што ја преживеале Француската револуција – бил пронајден неколку недели подоцна, кога една гладна собарка во хотелот каде што престојувале крадците, каснала токму од тоа јаболко.

Нова изложба во музејот „Конде“

Дијамантот ќе биде изложен во музејот „Конде“ во замокот Шантили до 3 јануари. Директорот на музејот, Матје Делдик, истакнува дека иако приказната за јаболкото можеби звучи неверојатно, таа била опширно пренесена во тогашните весници.

Делдик одби да му открие на Си-Ен-Ен на која сума е осигуран дијамантот, но напомена дека биле спроведени опсежни научни истражувања за неговите карактеристики, со цел да се овозможи негова единствена идентификација. Изложбата ги вклучува резултатите од оваа анализа, како и претходно непознати архивски материјали што детално ја прикажуваат историјата на дијамантот и неговата кражба.

Ретки розови дијаманти

Природните розови дијаманти се исклучително ретки и често се продаваат за десетици милиони долари. Според податоците на аукциската куќа „Сотбис“, највисоката цена постигната за еден таков дијамант на аукција изнесувала 71,2 милиони долари, во 2017 година. Точното потекло на дијамантот „Гранд Конде“ сè уште е непознато.

Според информациите од замокот Шантили, тој за првпат се споменува во 1740 година, во пописот на имотот на Луј Анри де Бурбон, принцот од Конде.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јон Фрчкоски на „Кавга со Иван“

Утре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Јон Фрчкоски

Јон Фрчкоски на „Кавга со Иван“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот!

За неа, светскиот рекорд е не само признание за знаењето, храброста и истрајноста на спелеонуркачите, туку и реална можност за меѓународна афирмација на македонското културно наследство како исклучително.

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот!

Претседателката вчеравечер се сретна со учесниците во меѓународната експедиција „Врело 2026“ и членовите на Спелеонуркачкиот клуб „Врело“, кои ја информираа за текот на експедицијата и за историскиот успех со кој пештерата Врело во кањонот Матка, со истражена длабочина од 338 метри, стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек.

Таа им честиташе за извонредниот подвиг, истакнувајќи дека Врело е природен феномен што ги разгорува истражувачкиот дух и љубопитноста за откривање на тајните на природата.

За неа, светскиот рекорд е не само признание за знаењето, храброста и истрајноста на спелеонуркачите, туку и реална можност за меѓународна афирмација на македонското културно наследство како исклучително.

Спелеонуркачите ја запознаа претседателката со предизвиците со коишто се соочиле за време на нуркачкиот подвиг, необичните сознанија за подводниот свет на Врело, како кристално чистата вода и умерената температура од петнаесетина степени, новооткриените два канали и над 150 метри нови големи ходници.

Според учесниците во уникатниот подвиг, Врело е раскошен и мистериозен природен феномен со волшебна привлечност, една од досега најинтересните подводни пештери за нив.

Тие ѝ изразија благодарност за прифатеното генерално покровителство, истакнувајќи ја неговата важност за успешната реализација на експедицијата.

Претседателката им посака успех во идните подвизи и изрази убедување дека нивниот успех е инспиративен за многу други спелеонуркачи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер