Том Круз со години не ја видел ќерка си, тврди поранешната сопруга Кејти Холмс - Канал 5

Том Круз со години не ја видел ќерка си, тврди поранешната сопруга Кејти Холмс

Актерката Кејти Холмс проговори за својата ќерка Сури во ретко интервју за магазинот Glamour.

Том Круз со години не ја видел ќерка си, тврди поранешната сопруга Кејти Холмс

Кејти има девојче со Том Круз, а по нејзиното раѓање тие беа постојано под лупа на медиумите. Сури е родена во 2006 година, а Холмс веќе беше светски позната по улогата во серијата Dawson's Creek, во која глумеше до 2003 година.

„Кога го правевме Досон Крик и беше толку успешен, се сеќавам дека сакав да пораснам како актерка. Сакав да учам од другите луѓе“, рече Кејти.

Таа се омажила за Круз во 2006 година. Тогаш тој беше голема ѕвезда, пред сѐ поради Топ Ган. Медиумите ја прогонуваа Кејти во текот на нејзиниот брак со актерот, кој траеше до 2012 година. Фотографии од нивната ќерка се објавуваа речиси секојдневно.

Актерката, која сега е самохрана мајка, вели дека сакала да го заштити своето дете, па направила мала пауза од кариерата. До 2011 година играла само епизодни улоги и се појавувала во серии како „Како ја запознав мајка ти“. Но, во текот на своето растење, Сури беше на удар на папараците.

"Таа беше толку млада и толку многу во медиумите. Ми беше важно да ја заштитам. Многу сум благодарна што сум нејзина мајка. Таа е неверојатна личност", рекла Кејти.

Сури сега има 16 години и работи со нејзината мајка на филмови. Нејзиниот глас може да се слушне на саундтракот за филмот „Ретки предмети“, во режија на Кејти. "Се надевам дека таа секогаш ќе прави нешто на моите филмови. Секогаш ја прашувам. Тоа многу ми значи", вели Кејти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Морничави сцени: Вака изгледа „руско сафари“ ВИДЕО

На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео од украинскиот град Херсон, кое го прикажува моментот кога операторот на руски дрон FPV буквално брка и напаѓа цивилен продавач на зеленчук.

Морничави сцени: Вака изгледа „руско сафари“ ВИДЕО

Видеото го прикажува дронот како кружи околу тезга и бело комби, додека несреќниот продавач панично се обидува да го избегне дронот. Операторот на дронот го следел долго време и го натерал да трча околу возилото, пред да го насочи дронот директно кон него и да ја активира експлозијата.

Во експлозијата тој претрпел потрес на мозокот, повреди од експлозија и повеќекратни рани од шрапнели.

Тој моментално е во болница под медицински надзор, но неговиот живот е надвор од опасност.

Руско „сафари“

Руските војници наводно го објавиле видеото сами и го признале делото, отворено фалејќи се со нападите врз цивили што ги нарекуваат „сафари“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така, се огласи за овој настан, осудувајќи го секојдневниот терор врз жителите на Херсон и повикувајќи ја меѓународната заедница да реагира порешително.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и многу топло

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. 

Утре сончево и многу топло

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес ја погоди областа во близина на Пиза

Земјотрес со јачина од 4,3 степени ја погоди областа во близина на Пиза во централна Италија утрово, соопшти италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија.

Силен земјотрес ја погоди областа во близина на Пиза

Во соопштението се вели дека земјотресот се случил во 10:15 часот наутро, со епицентар седум километри западно од Пиза, на длабочина од осум километри, објави Анса.

Земјотресот бил почувствуван низ северна Тоскана, во соседните провинции Лука и Маса-Карара, како и до провинцијата Фиренца.

Засега нема извештаи за повредени или штети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер