Мајка пријавила дека две малолетнички ја нападнале и ја гореле со цигара нејзината ќерка во Кавадарци
1Мајка пријавила дека две малолетнички ја нападнале и ја гореле со цигара нејзината ќерка во Кавадарци
3Фото: Позната водителка во супер воровокативен фустан зрачи со сексапил и во шестата деценија од животот
Шоу бизТом Круз сака да се одложат премиерите на два филма, кои сите со нетрпение ги очекуваат (ВИДЕО)Том Круз, наводно, се обидува да ги одложи датумите на премиерите на Барби и Опенхајмер.Добро познат факт е во филмската заедница дека два високоочекувани филма излегуваат во ист ден: историскиот трилер на Кристофер Нолан Опенхајмер и фантастичната комедија Барби на Грета Гервиг - и двата закажани за 21 јули 2023 година. Сепак, Том Круз, наводно, има проблем со тоа. Круз глуми во претстојниот шпионски акционен филм Mission: Impossible – Dead Reckoning Part One, чија премиера е закажана за 12 јули 2023 година, што е нешто повеќе од една недела пред излегувањето на Барби и Опенхајмер. Според Puck News, Круз им се пожалил на директорите на Paramount дека Oppenheimer ќе ги преземе сите екрани на IMAX во Северна Америка три недели по неговата премиера, што значи дека фановите кои сакаат да го видат новиот Mission: Impossible имаат само девет дена да го видат во IMAX пред екранот на овој познат премиум формат да го превземе историскиот еп на Нолан. Седмиот филм од популарната шпионска франшиза неколку пати беше одложуван поради Ковид и има буџет од речиси 300 милиони долари, па не е ни чудо што Том Круз сака оптимален период на прикажување за неговиот филм. Фактот дека Опенхајмер излегува толку брзо по седмиот шпионски филм за Итан Хант може да има влијание на бокс офисот, особено со неговото прикажување во IMAX. Минатогодишниот филм на Том Круз, Top Gun: Maverick заработи 110 милиони долари, од вкупно 1,49 милијарди долари, во IMAX. Ова илустрира како фановите веројатно ќе сакаат да ги видат акробациите на Круз кои му пркосат на смртта на најголемиот можен екран, но нема да имаат многу време за тоа ова лето. И покрај најдобрите напори на Круз, изгледите Опенхајмер да биде преместен пред премиерата не се премногу ветувачки.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМајка пријавила дека две малолетнички ја нападнале и ја гореле со цигара нејзината ќерка во КавадарциМајка од Кавадарци пријавила во полиција дека две малолетнички ја нападнале нејзината малолетна ќерка на улицата „Сремски фронт“. Според пријавата, едната ја држела, а другата ја горела со цигара, соопшти СВР Велес. Според полицијата, нападот бил пријавен на 18 ноември во 22:30 часот во одделението за внатрешни работи во кавадарци, а се случил два дена претходно, на 16 ноември. За случајот се известени јавен обвинител и центарот за социјални работи во Кавадарци. полицијата презема мерки за расчистување на случајот.Тагови: Кавадарци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПутин пред медиумите за средбата со Трамп и СиПретседателот на Русија, Владимир Путин им се обрати на медиумите по трилатералната средба со американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг.Рускиот лидер истакна дека би сакал трилатералните средби со лидерите на Кина и на Соединетите Држави да продолжат, оценувајќи ја денешната средба како нова страница во историјата. Тој исто така рече дека трилатералната средба, одржана во Шенжен на маргините на самитот на АПЕК, била многу корисна, а дискусијата – слободна и искрена. По протоколарниот дел од трилатералната средба започна слободна размена на мислења, изјави Путин, додавајќи дека со лидерите на САД и на Кина, Трамп и Си, разговарал и за можната реформа на Обединетите нации. Путин се осврна и на внатрешнополитичката ситуација во Соединетите Држави, наведувајќи дека таа е сложена, со многубројни противтежи и механизми за одржување на рамнотежата на политичката моќ. На средбата, исто така, се разговараше за прашања поврзани со обезбедувањето слободна пловидба, рече Путин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалКомпани се враќа на клупата на Баерн: Се чувствувам доброБелгискиот тренер Винсент Компани се враќа на клупата на европскиот фудбалски гигант Баерн Минхен по едномесечно отсуство поради здравствени проблеми. Белгиецот изјави дека се чувствува добро. „Беше многу интензивно. Во тој момент, тоа беше ново искуство. Кога ќе погледнам наназад, сè помина совршено. Добив поддршка и од клубот и од лекарите. Многу сум благодарен. Се обидувате брзо да пронајдете внатрешен мир и да ги чекате резултатите. Тоа беше позитивен процес; сите тестови покажаа добри резултати. Морам да кажам дека сум во многу добра здравствена состојба – направивме многу прегледи и сè беше во ред. Сега повторно се чувствувам одлично и пресреќен сум што сум повторно со тимот“, изјави Компани за веб-страницата на клубот. Во петок, Компани ќе го предводи Баерн на натпреварот од 10. коло во Бундеслигата против Келн. Минатиот месец, за време на еден тренинг, Компани имаше здравствен проблем поради кој пет дена помина во болница. Тој се лекуваше од иритација на мозочните обвивки – воспаление на ткивото што ги опкружува мозокот и 'рбетниот мозок.Тагови: Баерн М. Компани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook