Круз со години не излегува во јавност со својата поубава половина, а сега, како што се наведува, се бакнува со богатата Русинка, Елсина Кајрова (36), ќерка на истакнат пратеник во Русија.
Убавата Елсина е 25 години помлада од актерот, но, како што велат, годините не се бројат за вистинска љубов.

Освен по нејзиниот татко, кој е член на владата, Каирова во Русија е позната и по бракот. Станувало збор за богат Русин кој се занимавал со трговија со дијаманти.
Том и Елсина биле фотографирани на забава во елитен ресторан во Лондон, по што почнаа гласини дека се во врска.
- Беа неразделни, очигледно пар. Изгледаше како да е опседнат со неа – изјавил неименуван извор кој бил на забавата, за Дејли Мејл.
Убавата Русинка, британска државјанка, претходно беше во брак со рускиот тајкун Дмитри Четков, со кого живеела раскошно. Нивното богатство се состоело, меѓу другото, од вила вредна дури 22 милиони фунти во Сари, како и куќа во Лондон од 18 милиони фунти. Имале и имот во Дубаи и Кипар, како и скапи автомобили, накит и колекција на прескапи уметнички дела и многу скапи работи.

Инаку, руските таблоиди за време на разводот меѓу Елса и Дмитриј пишуваа дека руската убавица е обвинета дека криела значителен имот од својот поранешен сопруг, вклучувајќи ја и нејзината колекција дизајнерски чанти вредни милиони евра.
Ниту Том Круз ниту Елсина Кајрова се уште не се изјасниле во оваа прилика.