Том Круз 16 пати скокнал со запален падобран- влезе во Гиносовата книга на рекорди (ВИДЕО) - Канал 5

Том Круз 16 пати скокнал со запален падобран- влезе во Гиносовата книга на рекорди (ВИДЕО)

Том Круз сега е носител на Гинисовиот рекорд за смелиот скок што го изведе во најновото продолжение на франшизата „Невозможна мисија“.

Том Круз 16 пати скокнал со запален падобран- влезе во Гиносовата книга на рекорди (ВИДЕО)

Според Гинисовата книга на рекорди, Круз сега ја држи титулата за „најмногу скокови со запален падобран од едно лице“, со вкупно 16 скокови.

„Ниеден друг актер или каскадер не се приближил до тоа да направи толку многу смртоносни скокови“, вели Гинисовата книга на рекорди. Секогаш кога неговиот падобран целосно ќе изгореше, Круз отвораше нов и на крајот безбедно слетуваше.

Снимен е осмиот дел од „Невозможна мисија“

Круз ги изведуваше овие огнени скокови додека го снимаше „Невозможна мисија - Последната пресметка“, осмиот филм од популарната акциона франшиза во која глуми од 1996 година.

Во видео објавено на официјалниот YouTube канал на „Парамаунт пикчерс“, студиото зад филмот, Круз е виден како разговара за логистика со својот тим каскадери и вели: „Ќе скокнам. Ако ова се заплетка додека гори, ќе се завртам и ќе горам“.

YouTube video

„Том Круз не само што игра акциони херои - тој е вистински акционен херој!“, изјави Крег Глендеј, главен уредник на Гинисовата книга на рекорди. „Голем дел од неговиот успех може да се припише на неговата апсолутна посветеност на автентичноста и поместувањето на границите на она што може да го направи еден водечки актер.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Шкотските навивачи  ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи?

Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер