Тојота веќе 40 години го произведува истиот модел џип- и натаму е меѓу најдобрите (ВИДЕО) - Канал 5

Тојота веќе 40 години го произведува истиот модел џип- и натаму е меѓу најдобрите (ВИДЕО)

Toyota нуди три различни генерации на Land Cruiser, а оваа е најстарата и најдобрата.

Тојота веќе 40 години го произведува истиот модел џип- и натаму е меѓу најдобрите (ВИДЕО)

Погодувате, се работи за серијата J70, модел кој наскоро ќе ја прослави својата 40-годишнина. Да, овој модел првично беше лансиран во далечната 1984 година, но се произведува и денес. И покрај високата цена, интересот за овој модел не стивнува, а како што стојат работите тоа нема да се промени уште некое време. Посебно во Австралија, каде овој модел во вид на пик-ап е толку популарен што надвор од градовите има статус на вистинско „народно возило“.Уште пред доаѓањето на оваа обновена верзија, листите на чекање се проширија на речиси две години.

Моделот се нуди и во Јапонија, каде освеженото издание се нуди во комбинација со повеќе култивиран 2,8 дизел мотор со 204 КС и 500 Nm кој е усогласен со шестстепен автоматик. Во својата затворена SUV форма, има должина од 4890 mm, ширина 1870 mm и висина од 1920 mm. Растојанието помеѓу оските е 2730 mm.

Австралиското издание нуди мотор со еквивалентна моќност, но има значително поцврст 4,5 V8 мотор. И се разбира, тој е усогласен со петстепен мануелен менувач и развива 205 КС при 3400 вртежи во минута со 430 Nm достапни од 1200 врт/мин. 2.8 дизелот се нуди како опција за корисници со помала побарувачка.

Кабината остана доследна на оригиналот, но сега е модернизирана со 6,7-инчен екран на допир и 4,2-инчен екран во таблата со инструменти. Кога станува збор за безбедносната опрема, Toyota е бескомпромисна. Иако има 40 години, овој модел добива систем за предупредување за напуштање лента, систем за читање сообраќајни знаци и автоматско активирање на долгите светла.

Цената не е позната, но ќе биде објавена во последниот квартал кога е планиран почеток на продажбата. Многу е веројатно дека долната граница ќе остане околу 60.000 евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Во рамките на посетата на Вашингтон, остварив средба со Каролин Вик

Во рамките на посетата на Вашингтон, остварив средба со Каролин Вик, главен директор за политики и вршител на должноста главен директор за развој во Американската корпорација за меѓународен финансиски развој - DFC.

Мицкоски: Во рамките на посетата на Вашингтон, остварив средба со Каролин Вик

Во рамките на посетата на Вашингтон, остварив средба со Каролин Вик, главен директор за политики и вршител на должноста главен директор за развој во Американската корпорација за меѓународен финансиски развој - DFC, институција која располага со инвестициски капацитет од 205 милијарди долари и претставува значаен инструмент на САД за мобилизирање приватен капитал и инвестиции во стратешки сектори.

Разговаравме за можностите за продлабочување на соработката и отворање нови перспективи за инвестиции во Македонија, особено во стратешки области како енергетиката, високите технологии и современата инфраструктура.

Нашата цел е преку силното стратешко партнерство со Соединетите Американски Држави да создадеме нови можности за економски развој, привлекување инвестиции и подобар стандард за граѓаните, напиша на својот профил на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Се огласија сирени во два полски града, затворени и аеродромите

Полска привремено затвори два аеродрома поради воени дејствија на руските воздухопловни сили во соседна Украина. 

Видео: Се огласија сирени во два полски града, затворени и аеродромите

Пријавени се експлозии во близина на полско-украинската граница.

Оперативната команда на полските вооружени сили соопшти дека активностите во воздушниот простор се поврзани со руските напади со беспилотни летала во Украина, пренесува LBC.

Украински претставник потврди дека за време на денешниот руски напад со беспилотни летала, се слушнале експлозии на неколку километри од границата со Полска, која е членка на НАТО. Во Жешов и Лублин, во источниот дел на земјата, се огласија сирените за воздушна опасност, а граѓаните беа предупредени да побараат засолниште.

„Копнените системи за противвоздушна одбрана и системите за радарски надзор се во состојба на целосна готовност“, соопштија Полските вооружени сили.

Од командата додадоа дека станува збор за превентивни мерки насочени кон обезбедување и заштита на воздушниот простор, особено во областите што граничат со загрозените региони.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Казни до 1.800 евра за градилишта што го нарушуваат комуналниот ред и узурпираат јавни површини

Инспекциските служби на Општина Центар за една недела изрекоа глоби, во износ од 1.300 до 1.800 евра, за четири градилишта на територијата на локалната самоуправа.

Герасимовски: Казни до 1.800 евра за градилишта што го нарушуваат комуналниот ред и узурпираат јавни површини

Казните се изречени поради оставање градежен материјал и градежен шут на јавни површини, со што биле нарушени комуналниот ред и јавната чистота, а биле отежнати движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот.

„Нашите инспектори се на терен и будно ја следат состојбата на активните градилишта. Контролите продолжуваат, а особено внимание посветуваме одржувањето на чистотата и непреченото користење на јавниот простор. Секој што нема да ги почитува прописите ќе биде соодветно санкциониран“, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Од Општина Центар апелираат до инвеститорите и градежните компании да не оги узупираат а јавните површини, да ги почитуваат законските обврски и да се грижат за безбедното движење на граѓаните.

Инспекциските контроли продолжуваат со засилен интензитет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер