Тојота се движи кон целосно враќање во Формула 1 - Канал 5

Тојота се движи кон целосно враќање во Формула 1

Јапонскиот автомобилски гигант Тојота се движи кон целосно враќање во Формула 1, откри тркачкиот директор на јапонскиот тим, Масаја Каџи во интервју за „Аутоспорт“.

Тојота се движи кон целосно враќање во Формула 1

Тојота учествуваше со фабрички тим во Формула 1 помеѓу 2002 и 2009 година, но не постигна некој значаен успех. Всушност, учеството на Тојота во Формула 1 често се опишува како најскапиот неуспех во историјата на спортот, имајќи предвид дека Јапонците често имаат најголем буџет од сите на стартната линија.

Сепак, поради глобалната финансиска криза, Тојота се повлече од Формула 1 на крајот на 2009 година и се фокусираше на трките на издржливост и рели, во кои имаше голем успех. Од крајот на минатата сезона, сепак, логоата на „Тојота Газу Рејсинг“, тркачкиот оддел на јапонскиот тим, беа видливи на болидите на Хаас откако Тојота и американскиот тим формираа технолошко партнерство.

Првично беше опишан само како такво, без планови за целосно враќање од страна на Јапонците. Сега, сепак, работите се сменија и во Јапонија всушност ја разгледуваат можноста Тојота да се вклучи со сопствен мотор или дури и тим во иднина.

-Ние, се разбира, ги проучуваме технологиите за 2026 година, па дури и сегашните. Чувствувам дека постепено се движиме во оваа насока. Сè уште не сме во фаза кога ќе ги пренасочиме сите наши ресурси кон целосно враќање во Формула 1. Се уште е неизвесно што ќе се случи по 2030 година. Работиме на многу различни нови технологии, па останува да видиме дали нашите развојни вектори и оние на Формула 1 ќе се поклопат. Доколку имаме сопствен тим, ќе можеме да избереме кои возачи се во нашите болиди. Во овој поглед, ќе бидеме поблиску до внесување на нашите возачи во Формула 1. Но, реално, треба да процениме колку пари и колку вработени ќе бидат потребни за ова да стане реалност, изјави Каџи. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода странски државјанин на ГП „Табановце“ - возел 164 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч

На 22.08.2026 во 17:53 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „форд“ со полски национални ознаки, управувано од М.Ј.(46) од Полска. 

Лишен од слобода странски државјанин на ГП „Табановце“ - возел 164 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч

При извршената проверка, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека М.Ј. бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-А од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, односно управувал со возилото со брзина од 164 километри на час на место каде максималната дозволена брзина изнесува 80 километри на час. М.Ј. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград

На терен е ангажиран голем број екипи и сили за гаснење на пожарот во реонот на Палиград и Китка.

ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград

Во интервенцијата се вклучени 3 авиони и два пинцгауери на ДЗС, 1 хеликоптер на МВР, екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, како и екипите на Национални шуми.

Директорот на ЦУК, Мухамед Али акцијата ја координира директно од терен. Сите екипи дејствуваат со засилен интензитет за локализирање и гаснење на пожарот, како и за спречување на неговото понатамошно ширење.

Во моментов нема опасност за селото Палиград, ниту за другите села во подрачјето на Каршијак.

Состојбата континуирано се следи, а сите екипи остануваат во целосна готовност за навремена реакција, со цел заштита на жителите и спречување на каква било потенцијална опасност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Крушево, пронајдена дрога и револвер, лишено од слобода едно лице

На 22.08.2026 во 10:20 часот во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево го лишија од слобода К.Г.(58) од Крушево. 

Претрес во Крушево, пронајдена дрога и револвер, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом, извршен со судска нредба, биле пронајдени и одземени марихуана, стебла на канабис, семки и револвер. По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер