Тојота на патеката во Ле Ман го претстави новиот хиперспортски автомобил(ВИДЕО) - Канал 5

Тојота на патеката во Ле Ман го претстави новиот хиперспортски автомобил(ВИДЕО)

Хиперспортскиот GR Super Sport викендов го имаше своето прво јавно возење.

Тојота на патеката во Ле Ман го претстави новиот хиперспортски автомобил(ВИДЕО)

Автомобилот е прикажан за време на 88-та трка на 24 часа Ле Ман на патеката Ла Сарт, во која автомобилите на Тојота се истакнаа.

Како што доликува на возило засновано на трикратниот победник во Ле Ман, тркачкиот автомобил TS050 Hybrid, прилагодениот модел GS Super Sport, претворен во кабриолет и под маска, направи демонстрациски круг, пред да учествува на церемонијата на враќање на трофејот Ле Ман за годинашнава трка. Зад воланот беше Алекс Вурц, поранешен возач на Тојота Газу Рејсинг.

Алекс Вурц го возеше новиот автомобил за прв пат во Ле Ман: „Ми беше чест да ја возам оваа развојна верзија на GR Super Sport за прв пат во јавноста, особено на патека како Ле Ман. Веднаш почувствував дека GR Super Sport има потенцијал за неверојатни перформанси. Можев да ги почувствувам сличностите помеѓу GR Super Sport и TS050 Hybrid во однос на перформансите, особено погонот на четири тркала и хибридниот систем. Сепак, инженерите ми велат дека ова беше само мал показател за реалните перформанси на GR Super Sport, па затоа навистина чекам уште една можност да го возам “.

YouTube video

Автомобилот има хибриден погон, а со помош на 2.4 V6 твин-турбо бензински мотор дава околу 1000 КС. Не е познато дали Тојота ги претстави тркачките перформанси или патничката верзија што ќе се нуди на пазарот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Македонија обоена во зелено по повод Европскиот ден за донирање органи

.

Фото: Македонија обоена во зелено по повод Европскиот ден за донирање органи

По повод Европскиот ден на донирањето органи, ткива и клетки 2026, вечер, како и синоќа, повеќе објекти во државата ќе бидат осветлени во зелена боја, како симбол на надеж, солидарност и нов живот.

За таа цел речиси сите општини во повеќе градови низ Македонија и институции се приклучија кон иницијативата.

Министерството за здравство се заблагодарува за оваа симболична порака со која се дава поддршка за органодарителството и трансплантацијата. Светлината ја пренесува пораката дека хуманоста може да спаси животи.

Секој донор е надеж. Секое „да“ е нов живот.

Да ја шириме свесноста, да поттикнуваме хуманост и да даваме надеж за нов живот!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ураган од четврта категорија се движи кон брегот на Мексико

Моќниот ураган „Симон“ од четврта категорија се движи кон мексиканскиот брег со голема брзина.

Ураган од четврта категорија се движи кон брегот на Мексико

Националниот центар за урагани во Мајами утрово објави дека брзината на ветерот достигнала 225 километри на час.

Симон би можел да донесе помеѓу 25 и 50 сантиметри дожд во делови од југозападно Мексико, а на некои места и до 76 сантиметри, се вели во соопштението на центарот.

Жителите се повикуваат да се подготват.

Метеоролозите предупредија на поплави и свлечишта што претставуваат опасност по животот.

Државата халиско објави дека нема да има настава за понеделник и започна евакуација на десетици луѓе од загрозените подрачја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во руски напади врз Запорожје загинаа осум лица, меѓу кои три деца

Најмалку осум лица, меѓу кои и три деца, загинаа, а 16 се повредени во руските воздушни напади што беа извршени рано утринава врз градот Запорожје, на југоистокот на Украина, соопштија украинските власти. Во нападите уште 12 лица се водат како исчез

Во руски напади врз Запорожје загинаа осум лица, меѓу кои три деца

Ова го потврди Иван Федоров, копретседавач на советот за одбрана на запорошкиот регион, откако претходните податоци на националната полиција и на регионалната воена управа укажуваа на седум жртви во овој регионален центар, што се наоѓа на само неколку десетици километри од линијата на фронтот.

„Рано утринава руските сили фрлија пет наведувани воздушни бомби врз станбените населби во регионалниот центар запорожје. Две од нив погодија станбени згради“, се наведува во соопштението на националната полиција.

Украинските служби за итни интервенции извлекуваа луѓе од урнатините, јави известувачот на франс прес од местото на настанот.

Русија во последните месеци ги засили нападите врз украинската територија, што доведе до зголемување на бројот на цивилните жртви.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер