Двајца припадници на почесната гарда се струполија пред Макрон додека го пречекуваше претседателот на Словачка (ВИДЕО)
2Двајца припадници на почесната гарда се струполија пред Макрон додека го пречекуваше претседателот на Словачка (ВИДЕО)
3Германската влада потрошила 5,8 милиони евра за мебел и декорирање- на граѓаните им препорачуваат да штедат
Хуманоидните роботи се подготвени за масовен влез во фабриките- до 2035. би се произведувале 1,5 милион годишно
2Хуманоидните роботи се подготвени за масовен влез во фабриките- до 2035. би се произведувале 1,5 милион годишно
3Маж и жена одгледуваат „црвено злато“ во својата гарсониера- еден килограм го продаваат 6.000 евра (ВИДЕО)
МакедонијаТодор Анѓушев: Брза инвестиција во батерии може да го спаси ова летоБатериските системи ќе направат заштеди и профити кај сопствениците на фотонапонски електрани, кои сега се соочуваат со загуби поради преголемото производство на електрична енергија во исто време.Летото е на прагот, производството на електрична енергија од сонце веќе се засилува, а цените преку ден паѓаат. Разговараме со Тодор Анѓушев, управител на компанијата ЕМС, во рамките на ФЕРОИНВЕСТ. Според Анѓушев, сега веќе никој нема дилема дека системите за складирање на електрична енергија се неизбежен следенчекор во енергетската транзиција. ,,Имаме клиенти кои бараат батерии и за електрани на фабрички кровови, и за електрани на земја, а батерии ставаат дури и големи станбени објекти”-вели Тодор Анѓушев. Г-не Анѓушев, како семејна компанија ФЕРОИНВЕСТ 20 години работи на полето на обновливи извори на енергија и цениме дека сте компетентни да дадете Ваше мислење за состојбата која во моментов се случува во Македонија. Се изградија многу фотоволтаични електрани во последните некоку години, а сега се испоставува дека се и премногу, и дека системот не може да ја прими таа енергија. Претпоставувам дека ако досега имавте клиенти кои бараа да им изградите електрана, сега главно доаѓаат клиенти кои всушност бараат батерии за нивните електрани? Благодарам за можноста и ценам дека секоја јавна дискусија за оваа тема која е нова за нас како општество ќе биде корисна и за инвеститорите и за сите чинители во енергетскиот сектор. Да, неколку години главните инвестиции беа во фотоволтаични централи, а сега веќе расте потребата и интересот за батерии, односно како на тие централи да се надоградат батерии, или ако се гради нова електрана тогаш да се гради заедно со батерија. И оваа пролет се случува истото како лани, дури и поизразено. Уште во мај берзата покажуваше минусни цени, односно призводителите или треба да ја исклучат електраната или треба да платат за некој да им ја откупи електричната енергија. Вишокот електрична енергија од обновливи извори прави проблеми и дебаланс во мрежата и јасно е дека складирањето станува неопходност и е неизоставен чекор од енергетската транзиција. Дали не е веќе доцна за ова лето? Не е доцна. Ако се почне веднаш, ќе се фати пикот на летните месеци кога производството на електрична енергија е најголемо, а цените најниски. Но, ако се чека повеќе, тој период ќе помине и инвеститорите оваа година ќе имаат загуби. Ние како ФЕРОИНВЕСТ можеме веднаш да поставиме батерија за клиентот, во најкус рок. Ние можеме да дадеме најдобар сервис и услови за нашите клиенти, и тоа од две причини. Првата е што имаме батериски системи на залиха, така што клиентите за кои ќе изведуваме нема да чекаат. Батериските системи кои ФЕРОИНВЕСТ ги нарача се од нашите партнери кои се реномирани производители на батериски системи и кои имаат инсталирано големи количини во Европа. Втората причина е нашето досегашно долгогодишно искуство во енергетиката и големиот број на технички персонал. Како што кажав, во Македонија веќе се вградуваат батерии, пред се на фотоволтаици на домаќинства, односно куќи, потоа на фабриките кои ги поставиле фотоволтаиците на своите кровови за да произведуваат своја електрична енергија што си ја користат при нивната работа во погоните, но големи батериски системи се решение и за големи фотонапонски електрани на земја, кои се изградени за комерцијално производство на електрична енергија. Пред извесно време се донесоа измените на Законот за градење, потоа и на Законот за енергетика, кои го регулираа и делот со батериите, тука се и Мрежните правила од Регулаторната комисија, се очекува и Закон за обновливи извори, така што од страна на регулатива би требало се’ да биде јасно и инвеститорите да можат да вложуваат врз основа на јасни правила. ,,Ние како ФЕРОИНВЕСТ можеме веднаш да поставиме батерија за клиентот, во најкус рок. Ние можеме да дадеме најдобар сервис и услови за нашите клиенти, бидејќи имаме батериски системи на залиха, така што клиентите за кои ќе изведуваме нема да чекаат’’. Интересот е голем, но колкава е реализацијата на батериите во моментов? Дали веќе има инвеститори што ставија батериски системи и кои ова лето максимално ќе ја искористат електричната енергија од сонце? Видете, ние како компанија која проектира и гради електрани на обновливи извори, уште од минатата година ги советувавме сите кои имаат фотоволтаични електрани да инвестираат во батерии, но знаете како е: секој финансиски се пресметува, можеби и чека дали проблемот некако ќе биде надминат за сите, без дополнителен трошок, но тоа не може да се случи. Едноставно, има многу електричана енергија од фотоволтаични централи и тоа е така во целиот регион. Не можете да ја продавате кога премногу ја има, бидејќи во тој момент сите имаат премногу. Единствено решение е да ја складирате во батерии, па да ја користите или продавате подоцна, кога заштедата и приходите би биле поголеми. Според наши сознанија, има одреден број на веќе поставени батерии, и многу голем број проекти на заинтересирани инвеститори кои допрва треба да се почнат. Како компанија организиравте презентација во Стопанската Комора, токму за поблиску да им објасните на заинтересираните околу поставувањето батерии. Имаше 60-тина присутни претставници накомпании кои сакаат да постават батерии, а ги презентиравте батериските системи за скадирање на глобалниот бренд ВЕИХЕНГ, со кој имате договор за Македонија. За какви системи станува збор? ВЕИХЕНГ (WHES) имаат кабинетски батериски системи со инсталиран капацитет на енергија/моќност од 233kWh/100kW. Тие се составени од повеќе одвоени модули, и лесно се надградуваат, поради што ги препорачуваме како оптимално решение за фотоволтаични електрани под 2MW. Батерии на ВЕИХЕНГ (WHES) се навистина извонредни, целосно се заштитени од надворешни влијанија и останати непосакувани појави, што е особено важно за држави како нашата во која знаат да се појават екстремно ниски и високи температури. Освен овие кабинетски батерии системи, нашата компанија нуди и контејнерски решенија од 2, 3, 4 и 5MWh, кои исто така може да скалираат и се одлични за примена во поголеми фотоволтаични електрани. ,,Во батеријата има скриени карактеристики, и ако корисникот не е упатен и стручен, тој нема да може да го искористи вистинскиот капацитет на батеријата, бидејќи таа има инсталиран и употреблив капацитет, со различни параметри и вредности. Ние во пакет нудиме и откуп на електричната енергија и управување на батеријата’’. Која е разликата помеѓу фотоволтаиците и батериите, во контекст на техничкиот дел од инвестицијата? Што откако ќе се инсталира батеријата, како ќе се врши управувањето? Откако ќе се пушти во работа една фотоволтаична електрана, сопственикот ја остава да работи и нема некои особени дополнителни секојдневни обврски од аспект на нејзиното функционирање. Но, кај батериите ова не е случај. ФЕРОИНВЕСТ почна да работи на решенија за батерии уште пред 3 години, кога оваа тема не се ни споменуваше и кога сите размислуваа само за фотоволтаици. Батериите се далеку посложен енергетски објект кој бара секојдневно програмирање, мониторинг и одржување. Има многу скриени технички карактеристики, како на пример инсталиран наспроти употреблив капацитет на складирање, или пак софтверски стратегии за контрола на батеријата кои не се компатибилни со пазарните прилики во Македонија. За правилно и долгогодишно функционирање на батеријата потребно е најпрвин да се избере квалитетен и докажан бренд. Понатаму, потребно е батеријата да биде инсталирана и пуштена во употреба од технички обучен и сертифициран кадар, како што е случајот со инженерите во нашата компанија. Откако батеријата ќе се пушти во работа, енергијата која батеријата ќе ја влече, складира и празни во мрежа ќе мора да биде во договор со некој снабдувач. Во батеријата има скриени карактеристики, и ако корисникот не е упатен и стручен, тој нема да може да го искористи вистинскиот капацитет на батеријата, бидејќи таа има инсталиран и употреблив капацитет, со различни параметри и вредности. Ние во пакет нудиме и откуп и управување на батеријата, преку фирмата за снабдување со електрична енергија РЕС. Батериите се значајна инвестиција од финансиски аспект и инвеститорите сигурно се прашуваат за исплатливоста и за повратот на вложените средства. Цените на батериските системи се намалија за значителен процент воизминатиот период и сега е правиот момент да се инвестира во нив. Па затоа се подобри и периодот за поврат на инвестицијата во батериски систем. Според најновите физбилити студии поврат на ваков тип на инвестиција се движи во рамките од 2 до 3 години, каде што во предвид се земени сите параметри на загуби и деградација. Но како еден од најбитните фактори кога се влегува во ваков тип на инвестиција е да се одбере реномиран производител на опремата. Нашиот продукт кој што го нудиме е од производител со признание AAA – Tier 1 од Блумберг и со сите потребни сертификати за овој регион. Исто така би додал дека е битно батерискиот систем да е веќе тестиран и пуштен во работа во Европа со докажан квалитет. Нашиот продукт е инсталиран и пуштен во употреба во Холандија, Белгија, Германија, Полска, Данска, Норвешка, Финска, Англија, Естонија итн. Иако одбравме светски реномиран продукт со првокласен квалитет, ФЕРОИНВЕСТ може да понуди и најдобра цена на односот квалитет - перформанс. Кои се опциите за финансирање на проектите за системи за складирање? Кога станува збор за начин на финансирање на батериски систем во нашата држава би ги посочил банките. Поради ниските цени на електрична енергија во периодот кога произведуваат фотоволтаиците, банките сами ќе дојдат до сознание за проектите со фотоволтаични електрани да бидат одрживи (sustainable) на долг рок потребно ќе биде да се инсталира додатна опрема – батериски систем, кој ќе овозможи складирање на електричната енергија и продажба во часовите со висока цена. Па затоа и тие самите ќе почнат да ги поддржуваат инвестициите во батериите. Првично, за да ја започнете фазата на финансирање на ваков проект потребно е во банката да доставите физибилити студија – бизнис план во кој што е технички опишан проектот и содржи финансиски модел за создавање на приход и поврат на инвестицијата. Ние за сите наши клиенти подготвуваме соодветен бизнис план конкретно за нивниот проект и им овозможуваме да ја започнат постапката за финансирање. Со ова сакаме да потенцираме дека сме заедно со нашиот клиент од самиот почеток и нудиме буквално целосна услуга за реализирање и менаџирање на батерискиот систем. Вашата компанија поседува мали хидроецентрали, фотоволтаични централи и биогасна централа. Но, на ниво на држава, нема таква разноликост. Што значи тоа за енергетскиот систем? На ниво на држава значајно предничат фотоволтаичните централи и тој бум се случи во последните неколку години. Ние како компанија уште од почетокот апелиравме во фотоволтаиците да се инвестира внимателно, а не стихијно. Електрани на обновливи извори чие производство не може да се контролира (а такви се сите, освен биогасните електрани) се голем предизвик и потенцијален проблем за електро-енергетскиот систем. Видовме што се случи кога падна целиот систем во Шпанија, пред кратко време и половина Македонија остана без електрично напојување, има и други примери, а проблемот ќе се појавува секаде. Едноставно системот е врзан и преголемото градење електрани на обновливи извори низ цела Европа практично го оптоварува системот на целиот континент. Мора да се инвестира и во производство на базна енергија, секако што почиста, мора да се инсталираат батерии, бидејќи мора да има балансирање, и секако треба да се инвестира во зајакнување и модернизирање на преносната и дистрибутивната инфраструктура. Тоа е начинот за да се спроведува енергетска транзиција и системот да се држи стабилен.Тагови: Батерии инвестиција лето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаРодители од пеколот: Ја силувале својата 11 годишна ќерка, па му ја дале на постар маж од БиХ да ја силува за да го исплатат долготБрачен пар од Рот ам Зе (округ Швебис Хол) во Германија е осуден на долги затворски казни од Регионалниот суд во Елванген за сериозно сексуално злоставување и силување на сопствената ќерка.Судскиот совет го осуди 45-годишниот татко на 11 години и шест месеци затвор, додека неговата 41-годишна сопруга доби казна од девет години и шест месеци, пишува Nezavisne.com. Во овој случај учествувал и нивниот семеен пријател, 54-годишен маж со двојно државјанство на Босна и Херцеговина и Хрватска, кој моментално е во бегство. По него е издадена меѓународна потерница. Според обвинението, германскиот пар му ја дал својата ќерка на овој маж, третирајќи ја како предмет на сексуална експлоатација. Девојчето ѝ се доверило на својата наставничка Според обвинението, родителите постојано ја принудувале нивната тогаш 11-годишна ќерка на сексуални односи во период од повеќе од една година. Подоцна, се сомнева дека нивниот семеен пријател, по потекло од Босна и Херцеговина, кој има и хрватско државјанство, исто така се придружил на злоставувањето. Во обвинението се наведува и дека родителите му се заканувале на девојчето со електрошокови за да ја принудат да молчи. Истражителите се сомневаат дека таткото имал значителни долгови кон 54-годишниот познаник. Случајот стана јавен откако девојчето ѝ кажала на својата наставничка за сè, која веднаш ја известила надлежната служба за заштита на деца и млади, која од февруари се грижи за девојчето, кое сега има 13 години. За време на судската постапка, родителите го искористиле своето право да не презентираат одбрана. Контроверзната судска одлука предизвика вџашеност За време на постапката, одлуката на судечкиот совет да ги ослободи обвинетите од притвор во јули привлече особено внимание. Во тоа време, судот процени дека нема доволно основа за итно сомневање дека сториле кривични дела, што е еден од условите за наредба за притвор. Портпаролот на судот објасни дека во тој момент постоела можност обвинетите да бидат осудени, но дека нивната вина сè уште не била сигурна. Девојчето сè уште не било сослушано, а бидејќи родителите одбиле да се изјаснат за обвиненијата, судот се нашол во ситуација каде што имало две спротивставени верзии за настаните. Сепак, Вишиот регионален суд во Штутгарт не се согласил со оваа проценка. Во август, повторно ја активираше потерницата за таткото и семејниот пријател. Сепак, дотогаш веќе беше предоцна да се спречи бегството на 54-годишникот, кој го искористил периодот на слобода за да ја напушти земјата. Според властите, бегалецот најверојатно е некаде во Источна Европа. Портпаролот на судот потврди дека мажот, покрај хрватското, има и државјанство на Босна и Херцеговина, што би можело да го комплицира процесот на екстрадиција. Таткото веќе бил осудуван Судскиот совет ги отфрли тврдењата дека имало сериозна грешка во правдата за време на постапката. Судот рече дека одлуките се донесени врз основа на доказите и информациите што им биле достапни во тоа време. Таткото веќе отслужувал затворска казна во Северна Рајна-Вестфалија за обид за измама. Претходно бил осуден и за дистрибуција на порнографски материјал. За разлика од него, мајката била уапсена дури минатата недела. Една од клучните причини за проценката дека постои ризик од нејзино бегство беше психолошката експертска проценка на сведочењето на девојчето, која судот ја оцени како особено значајна. Во случаите на сексуална злоупотреба, експертската анализа на сведочењето на жртвата игра важна улога во утврдувањето на фактите и донесувањето судска одлука. За време на сослушувањето, 13-годишното девојче го даде своето сведочење за насилството што го претрпела преку видео-снимка. Снимката, како и наодите и мислењето на вештакот, беа дискутирани на затворена седница, без присуство на јавноста. Сомнителни финансиски трансакции на двојката Дополнително, против мајката се води посебна постапка поради сомнение за злоупотреба на хуманитарни донации. Според истрагата, таа собрала пари преку платформата GoFundMe, презентирајќи им лажни информации на донаторите. Надлежните органи истражуваат и сомнителни финансиски трансакции на банкарските сметки на двојката. Банките пријавиле сомневања за можно перење пари до надлежните институции. Според досегашните сознанија на истражителите, 54-годишен маж кој е во бегство бил исто така вмешан во спорните финансиски трансакции.Тагови: ќерка родители Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноПијан ракун, кој го насмеа светот, помогна да се соберат 290.000 долари (ВИДЕО)Ракун кој минатата година провалил во продавница за алкохол во американската држава Вирџинија, испил неколку шишиња алкохол и заспал покрај тоалетот, му помогнал на локалното засолниште за животни.Ракун кој минатата година провалил во продавница за алкохол во американската држава Вирџинија, испил неколку шишиња алкохол и заспал покрај тоалетот, му помогнал на локалното засолниште за животни да собере повеќе од 290.000 долари, објави Засолништето за животни во округот Хановер, објави АП. Ракунот стана глобална медиумска сензација откако менаџерот на продавницата го пронашол во несвест покрај тоалетот неколку часа по провалата. Засолништето купува камери Животното се опоравило и било пуштено во дивината, на околу една милја од продавницата во Ашланд. Неговата авантура инспирирала скеч во емисијата „Saturday Night Live“, а Засолништето за животни во округот Хановер ја искористило неговата популарност за да собере пари со продажба на маици, дуксери со качулки, капи, шолји и налепници со зашеметениот ракун. Производите го носат слоганот „Wacky Panda“, додека се создадени тематски колекции за лето и Ноќта на вештерките. Директорот за заштита на животните во округот Хановер, Џефри Паркер, рече дека собраниот износ е многу пати поголем од вообичаените годишни донации на засолништето, кои обично не надминуваат 20.000 долари. Дел од парите ќе бидат искористени за купување камери за тело што ги носат осум службеници за заштита на животните. Камерите ќе им овозможат да собираат докази во случаи на злоупотреба на животни, како и да ги документираат постапките на службениците за време на интервенциите. Проба алкохол од повеќе шишиња Локалната самоуправа едногласно го одобри купувањето на камерите на 28 октомври, а се очекува службениците да почнат да ги користат околу јануари. Паркер рече дека сака дел од преостанатите пари да се издвојат за фонд за финансирање на третманот на повредени животни пронајдени за време на интервенциите. „Не знам кога некогаш сме му должеле на животно толку голема благодарност како што му должиме на овој ракун“, рече членката на локалната самоуправа Феј Причард. Ракунот се скрши и веројатно вкусил алкохол од неколку шишиња во продавницата, вклучувајќи рум, виски, вотка и други жестоки пијалоци. Откако беше пуштен во дивината минатиот ноември, контролата на животните не добила ниту еден извештај за друга провала на ракун, рече Паркер, изразувајќи надеж дека животното сега живее мирен живот. Продажбата на сувенири сè уште е во тек, а за да се одбележи годишнината од необичната провала, во продажба се појавија нови маички со слоганот: „Една лоша ноќ. Многу добри дела“.Тагови: ракун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИран откри што планира со збогатениот ураниум- на Трамп нема да му се допадне Иран нема да дозволи ниту една честичка збогатен нуклеарен материјал да ја напушти земјата, а во случај на нови напади на САД врз Исламската Република, ќе има последици, изјави шефот на иранската безбедност Мохсен Резаи во телевизиско обраќање.Резаи зборуваше за либанската телевизиска станица Ал Мајадин, која е блиску до Иран, откако американските претставници ја намалија потребата од дополнителни воени дејствија против Иран. Аналитичарите посочија на помирувачкиот тон на американскиот претседател Доналд Трамп по поразот на републиканците на изборите за Конгресот во САД одржани на 3 ноември. Резаи рече дека во моментов нема преговори меѓу Техеран и Вашингтон. „Ќе одговориме на секој нов напад на САД со таргетирање на американските бази далеку од нас“, рече тој. Врховниот лидер на Иран издаде директива со која наредува иранскиот ураниум збогатен на нивоа блиски до оние потребни за производство на нуклеарно оружје да не може да се испраќа во странство, изјавија двајца високи ирански претставници во мај. „Ни треба збогатен материјал за дизајнирање бродови и подморници на нуклеарен погон“, рече Резаи, додавајќи дека Техеран ја информирал Москва дека неговиот збогатен нуклеарен материјал ќе остане во земјата и „ќе го користиме ние самите“. Iran will not allow enriched nuclear material to leave the country, security chief says https://t.co/d1tf2XHDry — Reuters (@Reuters) November 11, 2026 Русија претходно понуди да зема збогатен ураниум од Иран како дел од потенцијален договор за ублажување на загриженоста на САД, но рече дека Техеран е тој што треба да одлучи дали да го отстрани од земјата. Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) проценува дека Иран имал 440,9 килограми ураниум збогатен до 60 проценти - ниво далеку над она што било потребно за цивилна употреба кога Израел и САД ги нападнаа иранските нуклеарни објекти во јуни 2025 година. Не е познато колку од тој материјал ги преживеал нападите. Израел, САД и другите западни земји долго време го обвинуваат Иран дека се обидува да произведе нуклеарно оружје. Иран ги негира обвинувањата. Вашингтон изјави дека нуклеарните прашања мора да бидат дел од сите почетни разговори со Иран насочени кон прекин на војната меѓу двете земји. Иран достави нуклеарен предлог до САД, преку Катар, кој ќе се дискутира дури откако Вашингтон ќе исполни седум барања што ги постави Техеран, изјави висок ирански функционер за Ројтерс минатата недела.Тагови: збогатен ураниум Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter