Превентивни активности на РЦ за ГР Запад и СВР Тетово за безбедност при патување на подолги релации и заштита од пожари на отворено
2Превентивни активности на РЦ за ГР Запад и СВР Тетово за безбедност при патување на подолги релации и заштита од пожари на отворено
ФормулаТод бара Ферари да го изгубат правото на ветоПретседателот на ФИА, Жан Тод верува дека Ферари треба да го изгубат правото да наметнуваат вето кога не сакаат некој предлог за промена од страна на раководството на Формула 1. „Скудерија“ има право да ги сопре иновациите во Правилникот, кои не им се допаѓаат, а последниот таков случај беше во 2015 година кога Италијанците одбија да се согласат со финансиска граница за мотори и менувачи. Никој од актуелното раководство не крие дека привилегијата на Ферари е прашање на дискусии веќе некое време, како и намерите спортот да го смени лицето од сезоната 2021 - нешто за што во Ферари негодуваат уште отсега. Според Тод, оваа предност на Ферари, која датира од 1980-тите, повеќе не е валидна. - Ветото дојде во времето на Енцо Ферари, кој се имаше изолирано во Маранело. Тоа беше единствениот тим кој доставуваше мотори и шасии и се спротивставуваше на Форд. Во тоа време мислевме дека откако тие се далеку од т.н. силиконска долина на мото-спортот, потребна им е заштита. Тоа е приказната за ветото. Времињата се менуваат, но сепак и од денешна гледна точка, не би рекол дека го поддржувам тоа, откри Жан Тод во Лондон. За да се искористи ветото, Ферари мора да докаже дека одредена промена ќе биде против интересите на тимот. Сепак, претседателот на ФИА е свесен каква атракција за љубителите на Формула 1 е Ферари и нуди замена - со укинувањето на ветото, италијанскиот тим да добива повисоки приходи поради историјата во шампионатот. - За мене е нормално Леонардо ди Каприо да добива повеќе пари од телевизиски актер. Таков е животот. Колку си подобар, толку повеќе пари добиваш. Јас мислам дека е нормално да добиваат повеќе пари, смета Французинот. Тод ги прокоментира и гласините дека Ферари може да ја напуштат Формула 1. - Тоа не би било во нивна полза. Тие можат да си заминат и искрено, тоа е само нивен избор. Слободни се. Се разбира, не сакам тоа да се случи, но видовме големи играчи како си заминуваат и се враќаат. Познавајќи ги овие играчи со паметен бизнис дух, кои се враќаат, би сакале да ги скратиме трошоците кои тимовите ги прават, вели шефот на ФИА./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:03
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
МетеоУтре сончево и многу топлоВремето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 22, а максималната ќе достигне до 40 степени. Продолжува периодот на сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Дневната температура во некои места ќе достигне до 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. Во четврток и петок ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:03
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
МакедонијаПревентивни активности на РЦ за ГР Запад и СВР Тетово за безбедност при патување на подолги релации и заштита од пожари на отвореноНа возачите им беа поделени летоци со едукативна содржина.Полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки Ќафасан“ и полициски службеници од превенција при Регионалниот центар за гранични работи Запад, денеска (09.08.2026) на Граничен премин Ќафасан“ спроведоа превентивни активности насочени кон заштита и безбедност на граѓаните и патниците кои ја преминуваат државната граница. Во рамки на активностите, полициските службеници упатуваа совети и препораки за безбедно патување и однесување во услови на високи температури, особено за време на подолги патувања и чекање на граничните премини. Посебен акцент беше ставен на превенцијата од топлотен удар и последиците од изложеност на високи температури, при што на патниците им беа поделени шишиња со вода. Исто така, на патниците им беа поделени летоци со едукативн содржина, преку кои беа информирани и за начините на заштита од топлотен удар, внимателното и безбедно управување со возилата. како и за потребата од зголемена внимателност при патување во услови на високи температури. Денеска (09.08.2025), Отсекот за превенција при СВР Тетово во соработка со полициски службеници од Полициското одделение Галате и ЈП „Национални шуми“ на неколку локации во селата Врапчиште, Градец, Неготино, Добридол, Сенокос, Топлица, Зубовце и Галате спроведе превентивно - едукативна кампања под мотото „Лето без пожари - пламените јазици се незапирливи“. За време на активностите беше посочено на зачестено палење на шумите, стрништа, фрлање на отпушоци и воопшто ризиците од предизвикување пожари од невнимание. Притоа, на возачите им беа поделени летоци со едукативна содржина и препораки со цел подигнување на свеста и информирање за законската регулатива, како и за санкциите.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретрес во Неготино, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лицеНа 08.08.2026 во 00:15 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Т.Т.(22) од Неготино затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, со наредба од Основен суд Кавадарци, бил извршен претрес во домот и помошни простории на Т.Т., каде биле пронајдени и одземени марихуана, цвет, семки и стебло од канабис. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: Неготино Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:03
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05