Точката за укинување на увозот на отпад за согорување мистериозно беше прескокната од дневниот ред на Собранието

Иако се очекуваше да помине со консензус, точката за укинување на увозот на отпад за согорување синоќа мистериозно беше прескокната од дневниот ред.

Законот за забрана за увоз на отпад наиде на собраниска блокада. Откако го помина комисискиот филтер, предлог-законот се прескокнува од дневнот ред на пленарните седници. Пратениците од СДСМ бараат гласањето да почека, бидејќи стравуваат од коонтраефект – велат дека ако се укине увозот, може да добиеме забрана според европската регулатива за извоз на отпадот од земјава. Неизвесно е дали овој закон ќе стапи на сила пред распуштање на Собранието, иако и од ВМРО – ДПМНЕ и од СДСМ најавија дека ќе дадат поддршка.

Предлагачите од партијата ДОМ сметаат дека со законското решение ќе се намали загадувањето на воздухот, кое потекнува од горење на увезениот отпад што се употребува во индустриски капацитети како енергенс во производниот процес. Пратеничката Лилјана Поповска ги повика сите партии да дадат зелено светло во Собрание, бидејќи особено во последните години ситуацијата со воздухот е алармантна.

Инаку со предложените измени на законот и понатаму се овозможува увоз на отпад што може безбедно да се преработи или да се користи како суровина, но се укинува можноста за увоз на отпад кој се користи како извор на енергија. Од друга страна, државната и локалната власт уверуваат дека во земјава не се внесува опасен отпад и тврдат дека увоз се врши единствено со претходно добиени дозволи.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер