3ВМРО-ДПМНЕ: Филипче на одмор на јахтата на Заев, од каде му нарачува СДС да прави хистерија за водата во Скопје
ЗдравјеТОАРИЛУЦ со нова современа хируршка метода без отворање на 'рбетниот столбПосле сериозна подготовка со инструменти, импланти и едукација во странство, пристапивме кон имплементација на оваа нова метода, што доведува до сериозен бенефит за пациентите. На Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) првпат е извршена нова хируршка интервенција за перкутано поставување педикуларен шраф на торако-лумбален рбет без класичен пристап, односно без отворање на 'рбетниот столб, соопшти Министерството за здравство. Од Клиниката појаснуваат дека станува збор за воведување нова оперативна метода, која се изведува само со мали странични резови од по два сантиметра. Со тоа се штеди ткивото, има помала постоперативна болка, помала можност за инфекција и пациентот порано се пушта на домашно лекување, што претставува големо олеснување за пациентите, а ќе има и заштеда во буџетот на установата. -После сериозна подготовка со инструменти, импланти и едукација во странство, пристапивме кон имплементација на оваа нова метода, што доведува до сериозен бенефит за пациентите. Новата метода ќе остане наследство на новите генерации спинални хирурзи во државата и претставува современа хируршка метода за третман на пациенти со повреди на 'рбет и друга патологија, каде е потребна задна стабилизација. Сето ова го направивме со поддршка од министерот за здравство Венко Филипче, вели директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, д-р Илир Хасани. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
ФудбалРоналдо му изразил сочувство на Меси по смртта на неговиот таткоГолеми ривали, но и големи луѓе. Двете големи фудбалски ѕвезди кои со своето ривалство на зелениот терен ги одбележаа последните 15 години во светскиот фудбал Португалецот Кристијано Роналдо и аргентинскиот волшебник Лионел Меси покажаа дека нивното ривалството е само на теренот не и во приватниот живот. Португалецот Кристијано Роналдо упати сочувство до Лионел Меси и неговото семејство. Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, испратил порака за поддршка до Лионел Меси по смртта на неговиот татко Хорхе. Најважниот човек во животот на аргентинскиот волшебник почина на 69-годишна возраст, по борба со тешка болест. Ситуацијата за семејството Меси била многу тешка уште за време на Светското првенство, а трагичната вест пристигнала овој викедн во саботата. Сочувство до Лионел пристигнуваа од сите страни, а посебно внимание привлече емотивната порака од Кристијано Роналдо, со кого водеше големи битки на теренот, како и трката за титулата „најдобар на сите времиња“ (GOAT), која ја подели фудбалската јавност. „Голема прегратка за тебе и твоите најблиски во овој тежок момент, Лео. Остани силен“, му порача Роналдо на Меси.Тагови: Кристијано Роналдо Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП: Додека се шири западнонилската треска, институциите молчат – кој ќе одговара?Додека западнонилската треска се шири, имаме заболени и веќе еден починат пациент, надлежните институции повторно се однесуваат како проблемот да ќе исчезне ако доволно долго молчат.Ова не е тема за бирократски соопштенија и префрлање на топката од една институција на друга. Ова е јавно здравје и човечки животи. Според досега објавените информации, епидемија е прогласена во Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден, регистрирани се 26 случаи, а еден пациент е починат. Затоа прашуваме: што правеа институциите додека растеше бројот на заболени? Кога го добиле првото предупредување? Кога сфатиле дека бројот на случаи расте? Дали и кога е извршена дезинсекција и со каков опфат? Кои биле утврдените ризични подрачја? Колку пари се обезбедени за итни мерки и, конечно, кој ќе понесе одговорност ако било задоцнето со превенцијата? Не прифаќаме граѓаните да дознаваат од медиуми и социјални мрежи дека во нивната општина е прогласена епидемија, додека надлежните се кријат зад институционален молк. Комарецот не знае каде завршува една, а почнува друга општина, па затоа е срамно Владата, Министерството, здравствените институции и општините да си ја префрлаат одговорноста додека заразата се шири. Бараме Владата, Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје, Центарот за јавно здравје – Скопје и локалните самоуправи веднаш и јавно да соопштат што презеле досега, што ќе преземат во следните денови и кој конкретно е одговорен за секоја мерка. За епидемија не се реагира откако ќе почнат да се бројат заболени и починати. Се реагира пред тоа. Тоа се вика превенција. Сè друго е неодговорност што граѓаните ја плаќаат со сопственото здравје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
МакедонијаСДСМ: Сега Муцунски се занимава со полиција откако Тошковски беше задолжен за хиперхлорирањеГраѓаните се соочуваат со здравствени последици од труење со вода, со небезбедна вода во над 50 населени места, со загадени реки а сега и со епидемија од западно нилска треска.Што прави премиерот и министрите во Владата? Прмеиерот Мицкоски е на екскурзија. Министерот за полиција Панче Тошковски, беше задолжен за хиперхлокирање на водата во Гостивар и чистење на цевките. Сега Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи се занимава со полиција. Тој кажува колку луѓе биле повикани на разговор во полиција за шпекулациите и лажните информации за водата во Скопје. Па каде е Тошковски? Работи ли нешто? Да не е и тој на екскурзија? Во ВМРО – ОКГ сите се занимаваат со туѓа работа само не со својата. Како луѓето да имаат доверба? Гледаат дека ништо не функционира, затоа здравјето на луѓето е под ризик. Доцнат со реакциите, кријат информации од народот, потоа ескалира состојбата. Неспособната Влада на Мицкоски ниту основните функции не ги извршува, не може да го заштити здравјето на луѓето. Тотален институционален распад а сметката ја плаќаат граѓаните. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter