Титовата „Соба на тајните“ - Канал 5

Титовата „Соба на тајните“

На неколку илјади метри филмска лента се забележани необични, убави, но и тешки моменти од владеењето на Маршалот Броз, а материјалот заради „неприкладна содржина“ никогаш не бил прикажан, ниту монтиран. Сетоа тоа со децении се чува во депото на „Филмски новости“ во „Собата на тајните“, чијашто врата наскоро ќе биде отворена.

Титовата „Соба на тајните“
„Собата на тајните на Тито“ е нов серијал од 28 епизоди кој наскоро треба да доживее филмска премиера.

„Екипи од „Филмски новости“ по неколку часа на ден го снимале Тито, а за филмскиот журнал се користел само мал дел од материјалот. Од оваа временска дистанца, снимките кои не се прикажани, проследени со релевантен коментар на соговорниците, може да бидат поинтересни и се одлично сведоштво и откривање за вистината на едно време“, вели Владимир Томчиќ, директор на „Филмски новости“.

Во обемниот материјал создаван од 1945 до 1980 година има и бисери како тој кога Тито вози луксузен автомобил со максимална брзина низ шумите на Бриони.

„Болестите на Тито биле табу тема и од јавноста се криело дека тој до 1960 година петпати бил опериран. Во медиумите не се говорело за тоа, а ние имаме снимки од болница, постоперативниот тек.. Исто така, Тито и Армијата досега е необработена тема“, вели Томчиќ.

За јавноста се очекува да биде интересно и одржувањето на контакт со лидерите кои денеска се „фрлени на ѓубриштето на историјата“.

„Чаушеску, Сукарно, Гадафи, Ким Ил Сунг...биле чести гости кај Тито, а бројот на посетите на дел од нив говори во прилог на тоа дека биле повеќе од протоколарни. Останува феномен, како Тито иако се дружел со вакви луѓе останал „недопрен“, додека споменатите во своите земји се прогласени за злосторници“, вели еден од соговорниците.

Посебна епизода ќе биде посветена и за односот на Тито кон уметноста.




„Хенри Мур два месеци беше гостин во Белград, а шест драми од Шекспир во Народниот театар ги играа и Вивиен Ли и Лоренс Оливие“, додава Томчиќ.

„Собата на тајните“ зборува и за луѓето кои преку ноќ станале државни непријатели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вонредна состојба во Франција- итна евакуација поради силно невреме (ВИДЕО)

Околу 450 лица се евакуирани поради поплави во департманот Па де Кале во северна Франција, каде што обилните дождови предизвикаа излевање на реките и поплавување на неколку села, соопштија денес официјални лица.

Вонредна состојба во Франција- итна евакуација поради силно невреме (ВИДЕО)

Надлежните служби активираа план за вонредни состојби, а околу 130 училишта се затворени како мерка на претпазливост, објави префектурата на департманот Па де Кале, според телевизијата BFM.

Од почетокот на бурата се регистрирани 302 интервенции, од кои 87 во текот на ноќта, додека 207 се извршени во претходните 24 часа.

Четири лица мораа да бидат сместени во специјални приемни објекти, се вели во соопштението на префектурата.

Француската метеоролошка служба го стави департманот Па де Кале под портокалова временска тревога поради обилните дождови и ризикот од поплави, која е на сила од вторник до денес во 14 часот.

Поради влошувањето на ситуацијата, префектот вчера го активираше планот ORSEC, кој ги организира активностите на службите за итни случаи под негова надлежност во вонредни околности.

300 луѓе беа евакуирани како мерка на претпазливост од невреме во градовите Монтре-сур-Мер и Невил-су-Монтре, додека уште 17 лица беа евакуирани во други делови од департманот, а 74 лица, вклучувајќи 35 ученици, беа преместени на безбедни локации.

Спасувачките екипи, исто така, спроведоа пет операции за спасување.

Според префектурата, засега нема жртви.

На терен се распоредени повеќе од 200 пожарникари, 92 жандарми и 41 полицаец.

Обилните дождови и површинските води погодија околу 100 општини, а ситуацијата е особено тешка во околу 30 населени места, каде што куќите се поплавени, а пристапот до некои области е многу тежок.

Вкупниот број на оштетени станбени згради сè уште не е утврден.

Во градот Брексан-Енок, учениците од основно училиште беа евакуирани, а 16 од нив беа однесени на горниот кат од градското собрание, каде што им беше дадена вода и ужина, изјави градоначалникот Ив Себер.

Потоа децата биле транспортирани со трактор и приколка до сала за забави во соседниот град, каде што нивните родители ги зедоа.

Две реки во департманот, вклучувајќи ја и крајбрежната река Канче, се ставени на портокалова тревога поради можност за поплавување, додека други се под жолта тревога.

Префектурата издаде посебно предупредување за реката Канче, чие ниво на вода достигна ниво на кое е загрозено од поплавување.

Ограничувања во сообраќајот и алтернативни правци се воведени на околу 40 регионални патишта поради поплавите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Signal“ го блокира снимањето на екранот

„Signal“ воведува нови ограничувања за снимање на екранот со цел да ги спречи агентите со вештачка интелигенција да пристапуваат до размените на пораки на мобилните телефони.

„Signal“ го блокира снимањето на екранот

Овие нови поставки ќе бидат овозможени по дифолт и ќе ги блокираат обидите за снимање на екранот, со што ќе им се отежне на системите со вештачка интелигенција да ги читаат пораките преку визуелен пристап до содржината на апликацијата, пренесува Ројтерс.

Кога „Signal“ ќе открие обид за снимање на екранот или пристап до него преку „AI“-асистент, до корисникот ќе стигне известување кое нуди можност за исклучување на оваа заштита.

Оваа одлука доаѓа како одговор на сè почестата употреба на агенти со вештачка интелигенција – системи кои можат да ја гледаат содржината на екранот на корисникот, да собираат информации од различни апликации и самостојно да извршуваат задачи, како што се одговарање на е-пораки, закажување состаноци или вршење онлајн купувања.

Истовремено, од „Signal“ предупредуваат дека сè поголемата интеграција на вештачката интелигенција во уредите претставува сериозна закана за приватноста на корисниците.

Од „Signal“ се особено загрижени што ваквите можности сè повеќе се вградуваат директно во оперативните системи, вклучително и во оние што ги поддржуваат „Siri“ и „Gemini“.

„Signal“ користи енд-ту-енд енкрипција (E2EE), што значи дека само учесниците во разговорот можат да ја читаат неговата содржина. Сепак, агент со вештачка интелигенција кој има пристап до екранот би можел да направи снимка од пораката, да го препознае текстот и да го пренесе во сопствените системи.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русите наводно платиле двајца Данци да убијат украински рапер

Двајца дански државјани се осомничени дека планирале убиство на украински рапер, по налог на руската разузнавачка служба, пред неговиот настап во Данска. 

Русите наводно платиле двајца Данци да убијат украински рапер

Оваа информација ја објави данската телевизија ДР, повикувајќи се на податоци од судското рочиште, пренесува Ројтерс.

Полицијата спречила обид за атентат и уапсила двајца мажи непосредно пред концертот на раперот познат како „Киевстонер“. Настапот бил закажан за 25 септември, но бил откажан по апсењата. Данската телевизија известува дека двајцата мажи пред судот изјавиле оти не се чувствуваат виновни.

Поради сомневањата за планиран атентат, најавени се прес-конференции на Данската безбедносна и разузнавачка служба (PET), министерот за надворешни работи Ларс Локе Расмусен и министерот за правда Николај Вамен.

Нејасни детали од истрагата

Данската безбедносна служба „PET“ уште во септември предупреди дека Русија се обидува да регрутира дански државјани за планирање саботажи против одбранбени компании кои соработуваат со Украина. Сè уште не е познато како полицијата ги идентификувала двајцата осомничени, кои биле запрени во возило во кое имало повеќе парчиња оружје.

Не е разјаснето на кој начин руските разузнавачки служби наводно ги регрутирале двајцата дански осомничени.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер