Титан се оддалечува од Сатурн сто пати побрзо од очекуваното - Канал 5

Титан се оддалечува од Сатурн сто пати побрзо од очекуваното

Според човечки стандарди, настаните во универзумот се одвиваат многу бавно;ни се чини дека ништо не се сменило во текот на нашите животи.

Титан се оддалечува од Сатурн сто пати побрзо од очекуваното

Сепак, планетите се оддалечуваат од Сонцето многу бавно, а повеќето природни сателити (месечини) постепено се оддалечуваат од нивните планети.

Затоа, фактот дека Титан се оддалечува од Сатурн воопшто не е необичен, но изненадувачки е што се оддалечува околу 100 пати побрзо отколку што предвидувале научниците.

Ова откритие сугерира дека оваа чудна месечина се формирала многу поблиску до планетата за време на формирањето на Сончевиот систем пред 4,5 милијарди години и дека подоцна се преместила на оддалеченост од околу 1,2 милиони километри од планетата, пишува Science Alert.

„Претходното истражување предвидува дека месечините како Калиста и Титан на Јупитер ќе се формираат на растојание слично на онаа што го гледаме сега“, рече теоретскиот астрофизичар Џим Фулер од Институтот за технологија на Универзитетот во Калифорнија.

„Ова значи дека системот на месечини на Сатурн, и потенцијално неговите прстени, се формираа и еволуираа многу подинамично отколку што се сметаше претходно“, додаде тој.

Иако Месечината се оддалечува околу 3,82 см од Земјата годишно, научниците предвидоа дека Титан ќе се движи околу 0,1 см годишно поради гасовитиот состав на Сатурн. Но, две независни техники на мерење покажаа дека Титан се оддалечува од Сатурн 11 см годишно, или 100 пати побрзо од очекуваното.

„Две комплетно независни мерења, астрометриски и радиометриски, и два различни методи на анализа дадоа исти резултати“, рече астрономот Валери Лаини од Observatoire de Paris во Франција.

Студијата наречена Resonance locking in giant planets indicated by the rapid orbital expansion of Titan беше објавена во научното списание „ Nature Astronomy“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Палента

Во четврток (29.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Александар Терца Мишковски.

„Гответе со Дракче“ - Палента

Состојки за денешниот рецепт:

200 гр. палента

100 гр. кашкавал

50 гр. сирење

1 мала кисела павлака

20 гр. путер

сол, бибер,

сув зачин и свежо нане

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Здружение на млади паравници: За несобран отапд испратете фотографии на [email protected]

Македонското здружение на млади правници со интересна иницијатива, ги повикува граѓаните да пријавуваат локации во Скопје каде има несобран комунален отпад, со цел да се побара инспекциски надзор и реакција од надлежните институции.

Здружение на млади паравници: За несобран отапд испратете фотографии на contact@myla.org.mk

За да се документираат проблемите, граѓаните треба да испратат фотографија или видео од отпадот, точна локација, како и датум и време кога е направена снимката.

Пријавите може да се достават преку приватна порака или на електронската адреса на здружението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германски политичар пронајден мртов во хотелска соба! Мистериозна смрт ја потресе нацијата

55 годишниот Хуберт Ивангер, министер за економија и заменик-премиер на германската покраина Баварија, е пронајден мртов во хотелска соба во Берлин.

Германски политичар пронајден мртов во хотелска соба! Мистериозна смрт ја потресе нацијата

Веста прв ја објави германскиот весник „Билд“, повикувајќи се на извори од баварската покраинска влада и берлинската полиција. Ивангер бил пронајден во средата вечерта, на 4 ноември, во хотелот „Нојер Фриц“ (Neuer Fritz) во берлинската населба Мите.

Според весникот „Билд“, Ивангер требало да присуствува на отворањето на новата канцеларија на неговата партија „Слободни гласачи“ (Freie Wähler) во Берлин, но го откажал учеството бидејќи не се чувствувал добро. Германските медиуми пренесуваат дека претходно тој го откажал и планираното интервју. Политичарот престојувал во хотелот, а откако престанал да одговара, бил пронајден мртов во својата соба.

Според информации од весникот „Тагесшпигел“ (Tagesspiegel), Ивангер наводно првично имал симптоми на гастроинтестинална инфекција.

Берлинската полиција и обвинителството покренаа постапка за утврдување на околностите на смртта, со цел да се дознаат точната причина и текот на настаните, како и да се исклучи можноста за вмешаност на трети лица.

Весникот „Тагесшпигел“, повикувајќи се на полициски извори, објави дека засега нема индиции за надворешно влијание и дека се претпоставува оти смртта настапила од здравствени причини.

Според весникот „Билд“, на телото на политичарот не се забележани надворешни повреди, а засега нема ниту првични сомневања дека станува збор за кривично дело. Сепак, истрагата е во тек, а официјалната причина за смртта сè уште не е соопштена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер