Тинејџерската соба на Федерер, знаменце на Македонија, постери од Џордан. Памела.... - Канал 5

Тинејџерската соба на Федерер, знаменце на Македонија, постери од Џордан. Памела....

Хит фотка од тинејџерската соба на легендарниот швајцарски енисер Роџер Федерер. На вратата постер на секс бомба, на ѕидот постери на легендите на НБА, Џордан и Шекил и знамето на Македонија! 

Тинејџерската соба на Федерер, знаменце на Македонија, постери од Џордан. Памела....

Може ли да го замислите мирниот и сталожен Роџер Федерер со платинесто руса коса?

Еден од најдобрите светски тенисери во историјата во тинејџерските денови потрошил „вистинско“ богатсво 250 долари за да стана русокос.

Роџерд кога имал само 17 годинисе вратил од турнеја во САД со нова фризура.

Мајката на Линет не била воодушевена од неговиот нов изглед и му наредила на својот син секогаш кога ќе излегува од домот на главата да носи капче, кое ќе му ја покрива новата боја на косата.Капата ќе биде дел од неговиот стајлинг се додека неговата коса повторно не ја добие прородната боја.

На социјалните мрежи денеска се појави хит фотка од окму од овој период на платинест Федерер.

Покрај бојата на косата за фановите на легендарниот тенисер посебно се интересни и ѕидовите на неговата тинејџерска соба. На нив може да се забележи знаме на Македонија и постери на Легендарните кошаркари Мајкл Џордан и Шекил О Нил кои во 1998 година беа лидери во НБА лигата. На вратата на детската соба има и постер од „легендарната чуварка на плажа“ секс бомбата Памела Андерсон.

ММожеби токму Памеле била инспирацијата на Федерер за промана на бојата на косата?!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Божиновска со Главниот државен ревизор Ацевски: Ревизорските наоди мора да се претворат во конкретни мерки и одговорност

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини бара доследно спроведување на препораките од ревизорските извештаи во енергетскиот сектор

Божиновска со Главниот државен ревизор Ацевски: Ревизорските наоди мора да се претворат во конкретни мерки и одговорност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со Главниот државен ревизор, Максим Ацевски, на која во фокус беа резултатите од спроведените ревизии во институциите и субјектите поврзани со секторот енергетика, утврдените состојби и мерките за нивно надминување.

По барање на министерката Божиновска, Државниот завод за ревизија во изминатиот период спроведе ревизорски постапки во институции од енергетскиот сектор. На средбата беа разгледани информациите содржани во ревизорските извештаи, констатираните пропусти и слабости, како и препораките дадени од Државниот завод за ревизија за нивно надминување.

„Ревизорскиот извештај не смее да биде последниот чекор. Напротив, тој мора да биде почеток на конкретни промени. Секоја забелешка, секоја препорака и секоја констатирана слабост мора да добијат институционален одговор и јасен рок за постапување. Нашата обврска е да воспоставиме систем во кој ќе се следи што е направено, што не е направено и зошто“, истакна министерката Божиновска.

На средбата беше разговарано за воспоставување поефикасен механизам за следење на реализацијата на ревизорските препораки, со јасно дефинирани активности и одговорности на институциите.

Министерството ќе побара од надлежните институции и органи во секторот енергетика да подготват акциски планови за спроведување на препораките од ревизорските извештаи, со конкретни мерки, рокови и одговорни лица, со цел утврдените состојби да бидат системски надминати.

„Неопходно е препораките на Државниот завод за ревизија да не останат само констатации на хартија. Ќе бараме конкретни активности, рокови и отчетност од институциите. Само така можеме да зборуваме за одговорно управување со јавните средства, поголема ефикасност и институции кои работат во интерес на граѓаните“, нагласи Божиновска.

Главниот државен ревизор Максим Ацевски ги презентираше клучните наоди и препораки од ревизиите, при што беше истакната важноста од навремено постапување на субјектите на ревизија и надлежните органи, како и од воспоставување механизми за следење на степенот на реализација на дадените препораки.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Државниот завод за ревизија ја потврдија потребата од продолжување на институционалната координација, со цел ревизорските наоди да имаат реален ефект врз подобрувањето на работењето на институциите во енергетскиот сектор.

Целта е јасна – повеќе ред, поголема отчетност и конкретни резултати во управувањето со институциите и ресурсите во енергетскиот сектор.

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Такси без возачи од денес на улиците на Загреб

Загреб влезе во нова фаза на тестирање на автономно возење: Верне и кинеската компанија Пони.аи започнаа тест возења на роботакси без возач и без оператор за безбедност во возилото.

Такси без возачи од денес на улиците на Загреб

Автомобилите моментално возат на делница од 22 километри што ја поврзува деловната зона Бузин со аеродромот Фрањо Туѓман. Компаниите наведуваат дека ова е прв тест од ваков вид на јавни патишта во Европа.

Досега, роботаксито на Верне имаше присутен оператор за безбедност за време на комерцијалните патувања кој можеше да ја преземе контролата. Сега тој го нема, но возилото го управува систем за автономно возење, додека операторите на Верне го следат возилото од далечина, објавува Јутарњи лист.

Важно е да се напомене дека оваа фаза сè уште не е достапна за корисниците. Не е можно да се нарача возење без оператор преку апликациите Верне или Убер. Ова е тест што постепено ќе се прошири на подрачјето каде што Верне веќе обезбедува услуги во Загреб.

Тројно партнерство

Вернe е компанија од екосистемот на Матe Римаc, додека технологијата за автономно возење ја обезбедува кинеската Пони. Убер е трет партнер, а неговата апликација треба да овозможи нарачување роботски такси во иднина.

Верне објави дека неговите возила поминале повеќе од 200.000 километри во неколку илјади патувања со корисници од почетокот на комерцијалното работење во април. Просечната оценка на патниците е 4,7 од 5.

YouTube video

Компанијата тестира и нова конфигурација на кабината. Совозачкото седиште е отстрането, ослободувајќи дополнителен простор за багаж и голем екран. Функциите на возилото и кабината се контролираат преку централен екран на допир помеѓу задните седишта.

Целосно автономното возење засега е во фаза на тестирање, но неговото воведување претставува важен чекор кон комерцијални роботски такси без човек зад воланот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кривична пријава за 48-годишен скопјанец поради напад врз поранешна партнерка

На 09.09.2026 година, во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, В.С. физички ја нападнал неговата 46-годишна поранешна партнерка.

Кривична пријава за 48-годишен скопјанец поради напад врз поранешна партнерка

Единицата за насилен криминал – Одделение за семејно насилство при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против В.С. (48) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ по член 130 став 2 од Кривичниот законик.

На 09.09.2026 година, во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, В.С. физички ја нападнал неговата 46-годишна поранешна партнерка.

По преземени мерки и активности, од страна на судија на претходна постапка му е определена мерка притвор во траење од осум дена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер