Целосен прекин на авионскиот сообраќајот во Брисел - откажани сите летови поради националниот протест
1Целосен прекин на авионскиот сообраќајот во Брисел - откажани сите летови поради националниот протест
3Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
ЖивотТинејџерка живее како билка по операцијата за зголемување на градитеТинејџерката Линда Перес која сега има 19 години, скапо го платила својот тинејџерски сон за поголеми гради.Наместо да се забавува и да живее живот како секоја млада девојка, Линда деновите ги минува вегетирајќи, неспособна самата да се храни, да оди и воопшто да се грижи за себе. Линда едвај може и да зборува, едвај кажува по некој збор. Најтешко му е на нејзиниот 4 –годишен син кој го родила на 15 години, за кој сега не може да се грижи, па тоа го прават нејзините родители. Се тргнало наопаку откако оваа млада и згодна девојка посакала да си ги зголеми градите. Многумина би рекле – без причина, затоа што имала убава линија и изгледала атрактивно. Таа еден час по операцијата паднала во кома, во август 2013 година. Откако минала два месеци во болница вегетирајќи, во октомври минатата година почнала да покажува знаци за враќање во живот, па лекарите решиле да ја пуштат на домашно лекување, но до вистинско закрепнување не дошло. Линда не оди, ја носат низ дома и може да изговори само по неколку зборови. Сепак, лекарите тврдат дека виновник за ваквата состојба не е операцијата на градите, туку нејзиното породување под анестезија и компликациите кои се појавиле неколку години подоцна. Нејзината мајка Мариела не губи надеж дека нејзината ќерка ќе оздрави и вели дека е среќна што Линда е воопшто жива и што е дома со нив. „Линда е свесна во каква состојба се наоѓа и плаче секогаш кога ќе сфати дека не може самата да се движи“, вели нејзината мајка. Родителите веруваат дека оштетувањата на срцето и на мозокот настапиле при клиничката смрт, по која ја оживеале во болница. Хирургот кој ја оперирал тврди дека ништо од ова не би се случило ако пациентката не премолчила дека била под анестезија додека се породувала затоа што во тој случај би се применила поинаква процедура. Кариерата на доктор Џејкоб Фримен е без дамки и на Флорида е ценет како сериозен пластичен хирург. Од друга страна, родителите на Линда веруваат дека станува збор за нешто друго бидјеќи нивната ќерка операцијата ја платила за половина цена, односно само 2.800 долари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
МетеоЗаладување во Македонија: Следната недела студени утра и снег на повисоките места Од утре драстично заладување и најава за снежни врнежи на повисоките места и планините.Од УХМР посочуваат дека од вторник утринските температури ќе се спуштат под нулата насекаде низ државата, а од вечерва се најавуваат и врнежи со засилен ветер во западниот дел од Македонија. Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
МакедонијаЕди Рама ја дообјасни изјавата дека Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот уставАлбанија нема да го попречи патот на Македонија кон ЕУ ако не се исполни условот за вметнување на Бугарите во уставот, прашањето е внатрешно и ние нема да се мешаме, но тоа е веќе преземена обврска.Албанија нема да го попречи патот на Македонија кон ЕУ ако не се исполни условот за вметнување на Бугарите во уставот, прашањето е внатрешно и ние нема да се мешаме, но тоа е веќе преземена обврска- албанскиот премиер Еди Рама ја дообјасни неговата последна изјава за бугарската национална телевизија кадешто кажа дека треба да има уставни измени, а за која рече дека парцијално се пренесувала. Вели дека ги споменал и претходните отстапки со промена на името и дека за него е нормално Македонија да има сомнеж за следни блокади, потенцирајќи дека тој секогаш гласно се залагал за македонските евроинтеграции. Македонскиот премиер Мицкоски пак рече дека како Влада се свесни за реалната состојба со преговорите, но дека за успешен процес е потребно да има доверба. Оптимист е дека набрзо и Македонија и Албанија ќе седнат на иста маса во Брисел со земјите членки на унијата. На Ќафасан Рама беше прашан и зошто постојано ги потенцирал пријателските односи со политичарите од Македонија како Мицкоски и Ахмети, а никогаш не реагирал за прашања кои ги засегаат Албанците, како судскиот случај Монструм. Рама одговори дека не треба да се поминат границите со мешање во внатрешните прашања бидејќи Македонија е независна и суверена држава, а тој лично уверува дека никогаш нема да прави политичка кампања преку Албанците во Македонија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЕдношалтерска контрола на граничниот премин „Ќафасан“ - стартуваше системот „one stop shop“Крај за двојните запирања на границата со Албанија. Од денеска на преминот Ќафасан кај струга стартува системот „Оne stop shop“, со кој патниците ќе поминуваат само една заедничка гранична контрола, наместо да запираат на двете страни од границата..Целта е помалку чекање, побрз проток на патници и стока и поедноставни гранични процедури. Системот го промовираа премиерите на двете земји, Христијан Мицкоски и Еди Рама, кои најавија понатамошно унапредување на соработката и ваков систем и на другите премини кон Албанија. На граничниот премин Ќафаса само лани се регистрирани 2,3 милиони преминувања на патници што е повеќе од половина од регистрираните преминувања кон Албанија. Со ова олеснето преминување се очекува развој на туризмот и помали трошоци за стопанството. Македонија ваков модел на заеднички контроли со едно застанува прв пат воведе со Србија во 2019 година на преминот Табановце, а со Косово на преминот Блаце е воведена од лани. Со воведувањето на системот и со Албанија, се прави уште еден чекор кон поедноставно движење меѓу земјите во регионот. Особено значајно е тоа за Коридорот 8, кој ги поврзува Македонија и Албанија и претставува важна транспортна и економска врска меѓу Јадранското и Црното море. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter