Тинејџерка преживеала, па отишла во манастир: 20 секунди ме делеа од смртта (ВИДЕО) - Канал 5

Тинејџерка преживеала, па отишла во манастир: 20 секунди ме делеа од смртта (ВИДЕО)

Тинејџерка (16) од Каќ кај Нови Сад преживеала невидена трагедија во Нови Сад за само 20 секунди.

Тинејџерка преживеала, па отишла во манастир: 20 секунди ме делеа од смртта (ВИДЕО)

Убавата девојка со наочари се гушкала на железничката со трите другарки, пишува Телеграф.

Долго се гушкале, се поздравувале, а една од нив дури и заплакала. Тоа беа измешаните емоции што имавме можност да ги видиме вчера. Толку млада, а сепак свесна за ситуацијата во која се нашла нивната пријателка, која буквално била на секунди од сигурна смрт.

-Јас сум девојката од видеото која успеа да се извлече од под настрешницата која се наоѓа на влезот во зградата на станицата. Бев буквално 20 секунди од смртта. Само што се преместив и сè се сруши. Беше нешто незамисливо - вели во еден здив девојката која ја прегрнаа нејзините пријателки додека се присетуваше на оваа морничава сцена.

- Преживеав и отидов подоцна да се помолам на Бога во манастир и да му се заблагодарам што сега сум жива. Ова ќе го прославам како нов роденден, денот кога преживеав - рече таа невино и скромно и се уште во шок од сѐ што преживеа.

Како и многу нејзини врсници и сограѓани, таа го чекала автобусот пред станицата и само сакала да си оди дома. Успеа да преживее, жива и здрава се врати кај родителите, роднините и пријателите, за жал има и такви чии животи завршија под тие бетонски урнатини кога се урна настрешницата тешка десетици тони.

Да потсетиме, во петокот, неколку минути пред пладне, се урна настрешницата на влезот на Железничката станица во Нови Сад, при што беа затрупани патници кои чекаа превоз. Повеќе од 80 спасувачи работеа вредно и храбро за да ги спасат повредените и жртвите во текот на целиот ден. За жал, загинаа 14 лица, меѓу кои и деца. Оттогаш, Нови Сад е во жалост веќе три дена, а вчера беше прогласен Ден на жалост низ целата земја поради невидената трагедија.

Ова се загинатите во несреќата:

Котур Немања (17) од Степановиќево

Руман Анѓела (20) од Стара Пазова

Ѓорѓе Фириќ (53) од Ковиље

Фириќ Валентина (9) од Ковиљи

Фириќ Сара (5) од Ковиље

Адамовиќ Милица (16) од Каќ

Милева Карановиќ (76) од Каќ

Арбутина Ќириќ Сања (35) од Каќ

Хрка Стефан (27) од Белград

Милосављевиќ Милош (21) од Книќанин

Швоња Ѓуро (77) од Степановиќево

Раковиќ Вукашин (69) од Буковац

Васко Саздовски (45) од Македонија

Раца Горанка (58) од Нови Сад

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски од Подгорица: Модернизација на транспортната инфраструктура како услов за економски развој и посилна регионална соработка

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска во Подгорица, оствари средба и со министерот за транспорт на Црна Гора, Радош Зечевиќ.

Николоски од Подгорица: Модернизација на транспортната инфраструктура како услов за економски развој и посилна регионална соработка

На средбата се разговараше за можноста за унапредување на транспортното поврзување меѓу Македонија и Црна Гора, подобар пристап на пристаништата и нови развојни политики за меѓусебна соработка.

Николоски и Зечевиќ разговараа и за зголемување на економската и трговската соработка меѓу двете земји, а беше потенцирана и потребата од подобро регионално поврзување и модернизацијата на транспортната инфраструктура.

Вицепремиерот истакна дека Македонија работи на доизградба и модернизација на европските транспортни коридори, со цел подобро поврзување на регионот, олеснување на транспортот и обезбедување подобар пристап до регионалните пристаништа.

На средбата беа разменети и искуства и практики во областа на поморскиот сообраќај.

Соговорниците се согласија за потребата од унапредување на соработката во областите од заемен интерес, со цел создавање подобри услови за транспорт, трговија, инвестиции и економски развој во регионот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Герасим Лазов е човек кој добил функција поради тоа што е нечие внуче и затоа не може да коментира паушално

Внукот на контроверзната Вилма Русковска, поранешна јавна обвинителка, која определен период беше и шеф на обвинителството за гонење на организиран криминал, се јави да зборува за состојби во Фудбалскиот сојуз на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ: Герасим Лазов е човек кој добил функција поради тоа што е нечие внуче и затоа не може да коментира паушално

Станува збор за претседавачот со Централниот одбор на СДС, Герасим Лазов, до сега познат како личност која само знае да седи и да праќа пораки колку се не чини во државава.

Лазов е човек кој добил функција поради тоа што е нечие внуче затоа не може да коментира паушално.

Сега му текна на Лазов да се јави и да критикува за ФФМ, а не гледа кога станува збор за СДС кој со кого е поврзан, како стигнува до функција, како делат функции и пари.

На внукот на Русковска, позната како обвинител која гонеше неистомисленици, му порачуваме пред да се појави во јавност, прво да погледне околу себе и каде е тој и што е СДС предводена од Венко Филипче и неговиот учител Зоран Заев.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одложени се концертите на „Парни ваљак“ во Словенија и Швајцарија- пејачот мора на операција

Парни ваљак објави дека ги одложува сите концерти планирани за октомври и ноември. 

Одложени се концертите на „Парни ваљак“ во Словенија и Швајцарија- пејачот мора на операција

Причина е операцијата на гласните жици на која треба да се подложи пејачот Игор Дрвенкар, по што му треба време да се опорави.

Пораката на бендот до публиката

Бендот се обрати до публиката преку социјалните мрежи. „Поради оперативната интервенција на гласните жици на која мора да се подложи нашиот Игор и потребното време за закрепнување, принудени сме да влеземе во состојба на мирување во текот на 10-тиот и 11-тиот месец од оваа година и да ги одложиме сите концерти во тој период“, се вели во соопштението.

„Здравјето на Игор е наш прв приоритет, а сега најважно е што има доволно време за целосно закрепнување. Ви благодариме за разбирањето, поддршката и трпението. Се надеваме дека наскоро сите ќе се вратиме на сцената заедно, веќе во 12-тиот месец, каде што сите сме најсреќни - заедно со вас!“

Дрвенкар: Се надевам дека ќе се вратам во декември

Самиот пејач Игор Дрвенкар се обрати до јавноста со својата порака. „Драги мои, за жал, дојде време да престанам засега и да се посветам на моето здравје и целосно закрепнување. Знам колку сите се радувавме на концертите што нè очекуваат и верувајте ми, не ми е лесно што ќе мора да ги одложиме“, напиша тој.

„Да бидам на сцената, да пеам и да ги споделувам сите тие моменти со вас е нешто што навистина ме исполнува, и затоа оваа пауза ми е уште потешка. Но, здравјето сепак е на прво место и верувам дека ова е само кратка пауза по која ќе се вратиме уште посилни. Се надевам дека во декември повторно ќе бидеме заедно, ќе пееме со сета сила и ќе надоместиме за сè што пропуштивме. Ви благодарам од дното на срцето за вашето разбирање, поддршката и сите убави зборови. Се гледаме наскоро!“

YouTube video

Информации за билетите

Одложените концерти се настапот на 17 октомври во Домжале во Словенија (Спортска сала) и 7 ноември во Цирих (Stadthalle Dietikon). Бендот вели дека за сите информации за претходно купени билети и нови датуми, треба да ги контактирате организаторите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер