Тинејџерка почнала свој бизнис и заработила 250 милиони долари! - Канал 5

Тинејџерка почнала свој бизнис и заработила 250 милиони долари!

Бела Вимс од Чендлер во Аризона на 14 годишна возраст цврсто решила да заработи пари за да си купи автомобил.

Во 2010 година кога Бела имала 14 години им побарала на родителите за 16от роденден да и купат автомобил, а тие и рекле дека за тоа ќе мора да си заработи сама.

Почнала да размислува. Како едно девојче како неа да дојде до толку пари.

Се досетила. Ќе прави персонализиран накит кој ќе се носи како амајлија за љубов и добра среќа.

Имала 350 долари, родителите и дале уште толку и таа почнала да го рекламира својот накит на сајтот на еден нејзин пријател.

Ја оформила компанијата Origami Owl и почнала да го продава својот накит - на забави, на саеми за накит и украси, во бутици.

- Имав цел и бев фокусирана на неа. Набргу мојот накит почна да се продава сам!

Бела својот накит го нарекла Origami Owl Living Lockets. Во 2011 заработката достигнала до 250 000 долари а следната година заработила многу повеќе.




Денеска Origami Owl има над 25 000 независни дизајнери кои го продаваат накитот секаде каде што можат.

Бела си купи бел џип кој го нарече Алис.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Засилени инспекциски контроли во Општина Бутел

Денес се спроведуваат засилени инспекциски контроли на територијата на oпштина Бутел, во координација со инспекциските служби на Град Скопје и министерството за внатрешни работи. 

Засилени инспекциски контроли во Општина Бутел

Под засилен инспекциски надзор се повеќе објекти за кои постојат основи за сомневање дека работат спротивно на законските прописи. Се вршат проверки на градежната документација, законитоста на изградените и доградените делови од објектите, дозволите за поставување и користење тераси, како и почитувањето на останатите законски обврски. Истовремено, се спроведуваат и засилени сообраќајни контроли, при што се изрекуваат казни за непрописно паркирани возила на пешачки премини, велосипедски патеки и зелени површини. Засилените контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел воспоставување ред, безбедност и почитување на законските прописи. Во општина Бутел нема селективност во спроведувањето на законите. Редот и законитоста се обврска за сите граѓани.

Општина Бутел

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вакцинацијата против сезонски грип продолжува — досега вакцинирани 28.035 граѓани

Со вакцина против сезонски грип, досега, заклучно со 23.11.2026, се вакцинирани вкупно 28.035 граѓани, а преку електронска пријава на „Мој термин“ се пријавени вкупно 79.011 лица.

Вакцинацијата против сезонски грип продолжува — досега вакцинирани 28.035 граѓани

Закажани се 54.778 термини, од кои 23.225 се претстојни во наредниот период. Реализацијата на веќе поминатите термини изнесува 88,9 отсто.

Дополнителните над 26.000 дози се пристигнати и се дистрибуираат до вакциналните пунктови низ државата.

Вакцинацијата е бесплатна и се спроведува на 31 вакцинален пункт. Приоритет имаат лицата над 65 години, хроничните болни, здравствените работници, бремените жени и децата од 6 месеци до 5 години.

Министерството за здравство ги повикува граѓаните од ризичните групи да се вакцинираат и навреме да се заштитат.

Граѓаните кои добиле СМС со термин, а се спречени да дојдат, да го откажат терминот за да биде достапен за друг пациент.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведен 31-годишник од тетовско за издржување затворска казна од една година

 Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа - Затвор Тетово за издржување на казната.

Приведен 31-годишник од тетовско за издржување затворска казна од една година

На 22.11.2026 во 13:30 часот, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Тетово, во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР, го привеле М.Б.(31) од с.Челопек, тетовско, врз основа на судска наредба за издржување казна затвор во траење од една година за сторено кривично дело по член 386 став 1 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа - Затвор Тетово за издржување на казната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер